Мојата до 6м беше така, после се среди. Движи играчки пред очи да ги следи со очињата, прави го ова почесто и ќе се среде.
Дали бевте на преглед за прематурна ретинопатија? Мислам и вие сте во 35 недела родени па најверојатно ве имаат пратено?
Тогаш мислам нема место за паника. За секој случај јави се на сестра Соња и исконсултирај се да си бидиш мирна може ќе ти кажат некои вежбички
Мами од кога почнаа бебињата да ви покажуваат интерес за седење? Бебе е 3+, кога го држиме во раце исправен буквално се витка нанапред, се крева во седечка положба. Ортопедот како што го разбрав од 4+ треба да го ставиме под 45 степени.
Да и мојов се исправува одамна ама сеа апла седи кога седиш со него во раце. Ваљда не е лошо, сите одат натака
Здраво мајки Нова сум во оваа тема, бебе е 8 дена. Би сакала да прашам вие што давате АД млеко какви Д3 капки давате? Капсули или од шишенце... Кога се породив педијатарот во болницата ми рече да давам по 5 капки секој ден но да не ги мешам заедно со млекото да ги давам посебно капките... Моментално давам Новалац млеко...
Од 8-ми ден до 4 месеци давав на бејби тол после по препорака на ортопед давам Пливит по 5 капки. Не се мешаат во лажиче и директно во муце Ние сме на Аптамил
Ти благодарам многу Истите тие и во аптека ги препотачаа на бејби тол, само не бев сигурна зошто има повеќе врсти на капки дали тие се во ред. Значи само да ја скршам капсулата и директно во муце да давам можи?
Мајки, моето бебче има 6 недели. Освен стандардните проблеми со грчеви, имам друг проблем. Око не можам да склопам навечер, цело време испушта звуци, се тегне, прди, ги крева ноџињата, многу немирно спие и од звуците што ги испушта никако не можам да спијам со него во иста соба. Маж ми си нема гајле си спие, јас не можам
Друшки, дајте совет. 23 дена има бебето мое, почна потешко да заспива. До пред некој ден, си заспиваше цицајќи и го оставав на кревет, сега мн понемирно, понервозно е дури да заспие. Или кога ќе заспие, претка, испушта звуци, цело време на штрек сум дали ќе заплаче. Ве молам за совет, некаков спас полесно бар да заспива. Нешто кај вас што успева.
Ништо не успева искрено за полесно заспивање.. И син ми заспиваше на цице ама како растат побрзо цицаат и нема време кога да се успијат. Ние со плачки и думкање секоја вечер заспиваме. Барем во текот на ноќта не плаче кога ќе стане.. Вака претаат кога не се убаво заспани, види подоле што правам јас. @Scorpio87 пробај земи го нишни го и пак врати го. Кога прави син ми така, фаќа прета цел и со рацете на душекот тропа, оди спиј. Го земам во раце ќе го нишнам маалкуцка како да се ресетира. Ова ти е предлог, ти во секој случај ќе испробаш се додека видиш што ќе упали
Замотај го во тетра пелена и занишај го че се осеќа сигурно нема да се штрецува со рачињата стави му и цуце лажливко така полесно ќе заспие ќе се умори. Ние сега сме скоро 6 месеци ставам цуце занишувам малку и заспан е