Helloo Благодариме што не помисли Даа, цицаме Дури не ми се ни верува дека само цица без да и дадам вештачко млеко, веќе не знам колку денови сме САМО на цицање, 3-4-5 пати кака, златно жолта боја, мочка 5-6 пати може и повеќе, па по тоа се водам дека и стигнува моето млекце, плус она е многу мирна, не ми плаче и да и се јаде и да и се спие, ептен ретко ќе ми закенка ама треба ептен да се успала и да и се јаде толку многу за да ми кенка, инаку кога и се јаде така нервозно си ги јаде рачињата и отвара уста бара да јаде шпихозна, ќебенце, било што најде пред неа и ја ставам на града, а тоа е скоро секој час, два, три, различно е. Ноќеска спиеме заедно на спална, сами јас и она на 2 × 2м кревет и мнооогу ми е убаво, не престанувам да ја гледам и ден и ноќ од што ми е убава и ја обожавам се буди и одма сум тука до неа и давам цице и си заспива и се така неколку пати во текот на ноќта Супер брзо се уклопивме со цицањето, баш се радувам, а пред 1 недела кога ми надојде млеко ми се скаменија градите и не знаев што да правам, а млеко не излегуваше и одма земав пумпа и пак немаше млеко, само термофорот ми помигна, топло на градите, ги масирав и давав да цица и се среди за 2 дена, фала Богу Сега сме супер и дај Боже и повеќе да имам млеко Вие како сте? Цицате ли вие?
Мајки кажувајте до кога со ова подригнувањево... значи маки мачиме со едното бебенце, никако не ми спие, по пет пати подригнува, се витка, се грчи... почнува да плаче...само што сум ја заспала по десет минути ми се буди, инаку сме три и пол месеци, предвреме родени, цицаме и се дохрануваме со ад... барем да знам до кога вака
Толку љубов и нежности во постот Баш ми е мило,само така и да продолжите, да уживате и да се гушкате Гледаш дека си имаш млеко, само треба да се опуштиш и да уживаш. Ние арни, збеснуваме во карантинов, ама ќе издржиме. Малава ме игра навечер до касно, ама ќеи помине период е Цица дааа само цице дај и
Пантексол, многу омекнува и помага за црвенилото. Имам купувано еден куп скапи креми, оваа најдобра се покажа. Пантенол е по состав. Блу кап е исто добра, ама скапичка е. Пробај со првава, јас и рацеве си ги оправив со неа, одлична е.
@Dikinzi мајка нели бевте отприлика 2 месеци и на доење за каква тврда столица збориш? Мојава каките и се стално течни а пак знае да се мачи за да се искака. И кај го пазари ова кремчево за мачкање на гради
Замисли ме мене, уште воопшто не сум ја однела требаше на 6 недели одложивме за полни 2 месеца. Таман дојде време фати ова вирусно лудило :/ Сега на 21ви сме на ревакцина и за тоа незнам што да правам кој рекол дека е лесно да си родител сигурно не бил Грижи 1 милион ама кога ке се насмее беба вреди за секое бело влакно нели
Баш стварно никакви од овие прегледи за нас немале па добри сме И јас тоа си викам.... Инаку ти ми рече дека од 1ипол месец си го вежбаш бебето до седечка положба нели.... Јас мојата од 2 почнав и сега веке гледам дека кога ке ја фатам за рачиња срцето го стега вратчето и рачињата и си го држи главчето, ама па некако се ми изгледа исфорсирано ова..... Ем ја вежбам ем со сет страв да не и е рано.... А педијатарката на вакцинација ми кажа да и ги правам тие вежби. Мајка
Не беше за мене поракава, ама те следам уште од труднички и мн ме израдува баш ми е мило што сте само на цицање а ова што пишуваш дека се си ја гледаш и тука си за неа, дали се случува понекогаш да си заплачеш од љубов..... Или само јас сум мрдната.... Некогаш кога спие ја гледам и очи ми се полнат солзи од љубов за неа. Мојата спие преку вечер во креветче и од кога ке ја успијам и ставам во кревет, само станувам да одам да ја гледам пошто ми фали..... Мајки, ми кажуваа дека е најголемата и најубавата улога во животот на една жена, но додека не станав и сама мајка не разбирав
Мами абе по колку отприлика подои имате дневно? Кај вас што сте на ексклузивно доење? На околу 3 месеци? Беба е 2 месеци и 20 дена до пред некој ден цицаше по 9 пати отприлика во 24 часа, деновиве почна по 7 пати само:/Нормално ли е? И плус пократко трае доењето, да се загрижувам ли?
Ние имаме 8 подои. Повеќе имавме кога беше помал. За времето исто е во просек 10 минути. Само кога ќе заспие на цице знае повеќе да крка. Прати пелените. Кај нас исто е се и не се секирам. Имаме 3 месеци и 1 недела.
А колку полни пелени требаше да има? Пратев на почетокот па престанав, сега ради намален број на подои пак сакам да пратам ама сум заборавила
За големото кажував Тоа е година и 8 месеца Да ,еднаш дневно ѓи правам, најчесто на пресоблекување, и кај мене почна да сд стега со рачињата и да ја држи главата и да ја крева Не бројам подои, ни пелени. Не дека не сакам туку не можам Ради другото дома хахахаха Следам дали се полни само, иначе цица на захтев, кога сака и колку сака.
Па 5-6. Не бројам ни јас нешто посебно туку гледам колку мочка. Инаку му менувам еднаш пред спиење и дури насабајле, па не можам реално ни да избројам. Не мораш да се форсираш да броиш, само гледај дали си мочка најнормално како и до сега. Отприлика знаеш колку мочкало до сеа