Зд Здрава жива голема да расте Понекогаш во родилиштата педијатрите се преголеми паничари, од чиста предострожност а и за наше добро. Мојата имаше низок шекер и ја ставија на инфузија, потоа се се нормализира (веројатно од стрес пошто минаа 30часа од пукање воденик до порагај) Ке биде се во ред
Kaj mene pominaa 18 sati isto so pukanje na vodenikot. No i i dale dva sprica mleko mozebi da ne bila i prejadena
Здраво моето бебе има 6 месеци од како се роди си спиеше по цела ноќ од 22:00 - 10:00 со 2 - 3 будења за цицање. Е сега веќе неколку ноќи цело време се буди со плачење и сака да спие само во раце кога ќе го спуштам веднаш се буди. А преку ден си спие нормално,играчките цело време му се во уста а кога нема играчки тогаш рацете и премногу се лигави. Дали можеби се мачи од забите?
Со сите што живеам, дали другарки или пријатели,имаат повеќето постари дечиња од моите. Исто така следам и многу групи на ФБ, каде што ако не секоја ден, тогаш преку една ден го читам овој проблем ако може да се нарече така. Дали бебињата вадат заби, сакаат нежност, или било што ..тоа никој не знае. Мојата прва ќерка, стануваше некаде околу 5 ти месец навечер, без причина да си игра, седевме до касно, на другарка моја малата , и на кумашинката моја малиот, исто така душата им ја извади, почнувајќи некаде околу 5-6 ти месец, па се до 11 медеци, каде што стануваа на пола саат , саат време , сакаа да цицаат, не дека беа гладни, него цицаат малце, заспиваат, и после не можат да ѓи остават во креветче. Неспиени беа кој знае колку време, а преку ден спиеја. Проблемот си помина сам од себе, не знам што да ти кажам, очекувам и мене второво да ми го направи истото, и стварно не знам која мерка да ја превземам. Пробува шишиња да им дадат, да ѓи остават да плачат, ништо не бидна, сами од себе се смирија преку ноќ. Едино што можам да ти кажам е да стиснеш заби, и да издржиш, тоа е тоа..
Не очекувам нешто посебно да постигнам со прашањево ама ај.. Бебе е неподнослив последниве неколку дена. Навечер не спие, а преку ден само во раце сака. А и таму е кенкав. Рацене до грклан ги бута, го фаќа лигавчето и тоа го пика во уста. Цуцла му ставам ја вади со рацете, само мафта со нив. Сега учи да ги користи и се џапа без везе. Цел е излигавен. Па едно косиште што има огромно сега му паѓа кој знае колку влакна има изедено, не можам да стигнам да му ги извадам. Со лигите му се лепат, абе милина. Ваљда нема заби да вади, мал е 3 месеци и 1 недела. Не знам што може да е, рано е за скок во развој..
Како си ми изнасмеала алал да ти е и да со срека, мојава вчера штуцаше викам дај ке и дадам малце да цицне она не госпогицата ми ја лиже цицката ме гледа и се смее
Хахаххахаа, и мене така ми прави А се дешава и да ми ја плука, и ме погледнува остро Ко да ми вика не ми се јаде ма,шо ми буташ
А тоа дека у сред цицање запира и ме гледа и се смее или гледа околу се му е поинтересно па го лажам додека спие да се најаде салам.. Абе душички се, сакаат внимание највеќе од се. Некогаш ми е жал што не знае да каже што го мачи, ама ќе си пораснат полека
Здраво мајки бебушот ми е 10 дена и како да му се менува, регенерира кожата, како да отпаѓа еден слој (на мешето, стапалцата). Дали е тоа нормално и дали треба да му правам пилинг со масло и вата за чистење шминка на пример.
И кај моето е така. На почетокот повеќе сега се среди. 26 дена има. Јас на почеток не ставав ништо, од пред некој ден го мачкам по капење со Јекодерм. Само по себе си паѓа. Од водата шо биле во стомак, се чисти.
Исто е и кај нас, 13 дена е малецката моја, се лупи скроз на ножињата, рачињата, мешето, свивките. Јас ја мачкам со кокосово масло после капење и миење газе, ама тоа е природен процес, мачкала не мачкала ќе си се лупи и само ќе си се среди како и бубуличките на лицето што ќе се појават сега, на месец, два, како беше сум заборавила како гнојнички ќе се, мислам кај сите бебчиња се појавуват и се чистат од хормоните, исто така не мора да се мачкат со ништо, сами по себе ќе поминат.
Моите и двете цели се лупеа, како крлушки Како кога ќе се исунчаш па се лупиш Првото го бањав и мачкав со бекутан, второво со хипп.
Во 3 месец има голем скок во развој. Плус почнуваат да го осознаваат светот кој е голем и страшен за нив. Цицањето не е веќе интересно, па се вртат на сите страни. Ние баш тежок 3 месец имавме. Цицаше со одење низ куќа у раце или ж му ставав маица врз глава. Ќе му помине.