Нормално е, мојата цело меше и цели ноџиња и беа такви. Единствено што правев после бањање целата со Јекодерм ја мачкав, знам идејата нема дс ти се допадне смрдлив е и мрсен ама побрзо пројде од тоа
Кога збориш џа 3 месец мислиш на 2 полни и тераш трет (тогаш се дешава ова) или 3 полни и тераш четврт?
Мачкај го со јекодерм. Моето е месец дена уште нозете малку му се перутат. Ама јекодерм му користам од прв ден и супер е.
И уште нешто ме интересира, на ова апликацииве што се за" Baby Tracking " нели има да бележиш кога спие кога мењаш пелена кога се играш..... Зопто никој не им кажал да стават и одделок да запишеме и кога вришти бебето и тоа да се прати или нивните не вриштеле Мала шала А едно озбилно прашање по колку спијат вашите беби преку ден отприлика, и дали уште повракаат Таман си реков ек срце не повратила долго време пак почна еднаш до два пати дневно после цицање да си поврака :/ а ждригната, ова чисто ништо да не каже човек
@Cherry333 иста слика сме и ние сега сме исто 3 месеци и 1 недела незнам што и е преку ден цел ден кинка или плаче никако да заспие преку ден само во раце 15-20 мин дремнува и толку одма станува, почна и навечер да станува вчера мислам 100 пати станав само кенка и плаче за во раце. Навечер кога е во раце одма заспива само што ја оставам во креветче одма почнува да плаче. Мислев дека со секој месец спиењето подобро ќе биде ама изгледа не ќе да е така. Вчера баш читав за скок вонтрети месец а во четвети следува и sleep regression така да овие два месеци ќе бидат убитачни хаха
Леле ќути.. Ние немавме грчеви, кога беше помал цицаше само еднаш навечер, па ич мака не видов. Сеа цица 3 пати и на секој саат станува нешто прета немирен е. Знам скокот ни се паѓа кога ќе полниме 4, ама ова припрема е изгледа.
Мајки, може мислење ваше или искуство? Бебе мое има 26 дена. Почна да се загледува во предмети, црно-бело, да прати со погледот во светлина и дречливи бои, кога има појаки звуцу се штрекнува или на тивко зборување се концентрира. Само сега ме задума една работа. Пример кога е загледан во нешто, сконцентриран и доаѓа татко му од работа и од страна му довикнува по име, не се врти. Останува со главчето кај што следи, не го поместува погледот. Треба да се загрижам или рано е сѐ уште?
На име се вртат некаде од 7-8 месец, некои и подоцна. А многу често како поголеми и игнорираат кога ги викаш, ако тоа што го прават во моментот им е поинтересно. Рано е.
Мамички користевме мустела стелатопиа обична денеска ми зеле мустела стелатопиа со масло од сончоглед, не ни знаев дека има такво па не им напомнав кога ми земаа.. дали е исто .. ги имате ли користено?