Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.690
    Допаѓања:
    4.002
    Здраво друштво. Радосна сум и сакам да ви кажам дека малата кукличка моја за 11 дена има качено 300 гр само од моето млекце :$ :inlove: значи само со доење.
    Јас мислам дека е супер, вие што ќе кажете?
    А многу се мислев дали ми има качено воопшто оти нели не знаеш колку цица, а нон стоп ми е на града, на саат ипол, два, три, зависи. Млеко не знам колку имам..
    И плус скоро на секој подој си кака по малку и викам вака ако кака нон стоп што ќе се задржи за неа, сигурно не качува ама сега само што се премеривме и вагата покажа 300 гр се израдував ептен :inlove:
     
    На crazylady, *malenavolena*87, Ms allways right и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Тоа е супер, продолжете така :*
     
    На crazylady, ddevojce и Kallias2 им се допаѓа ова.
  3. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Здраво мајки. Ние сме веќе 13 дена. Од почеток бевме на АД млеко и се беше во ред какаше малата дури и по 2 пати на ден. Од кога ми надојде млеко и од кога почнав да ја цицам никако не може да се покака напнува и плаче цело време :( незнам како да и помогнам да се олесни...Пробав со масажа на стомаче и на стапалчиња но не ни помогна тоа...Си викам дали да прекинам да ја цицам и да и давам само АД стварно незнам што да правам...Ќе ве замолам за совет.
     
    На Kallias2 и Dikinzi им се допаѓа ова.
  4. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Кај мене само цица, првите денови какаше редовно, иако само мнооогу малце беше на АД, дали 5 пати и понудив шише, и кака на 2-3 дена, по еднаш или 2 пати. На доени бебиња, каката се толерира до 10 дена најмногу. Вежби, масажи, пиј компот од сливи, јади суви сливи, пиј чај од Хипп за гречеви. Има бебенца што се мачаѕ кога какаат, сестра ми е така родена :D Ден денес мака мачи коа оди во ВЦ. На братучедка ми малото (више не е мало) плачеше пред секое какање. Продолжи си како и до сега, и дои си ја да не се караме :D:D
     
    На BY<3 и ddevojce им се допаѓа ова.
  5. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.690
    Допаѓања:
    4.002
    А па мојата шо кака скоро на,секој подој, таман и сменам пелена, ете ја тртори лелее си викаш сеа којзнае колку се искакала, а оно малку колку да се искашка пелената. 5-6 пати на ден кака, може и повеќе не сум броела (facepalm)
     
    На *malenavolena*87 и ddevojce им се допаѓа ова.
  6. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Сите бебенца се различни, првото ете како твоето цело време какаше, и како што викаш ти колку да ја извалка пелената, и не ми качуваше многу на килажа. Абе близнаци да се па нема да се исти :D
     
    На Kallias2, BY<3 и ddevojce им се допаѓа ова.
  7. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Баш реков супер млеко ми надојде ќе ја дојам и проблем со какање испадна...Се надевам ќе се регулира со тек на време :) Ќе пробам како што рече со компот од сливи баш и со чајот на хип. :):) Фала ти :f:
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    Мајки ако може совет.
    Малата ми е 2 месеци, предходно бевме комбинирано доење со аптамил и имаше нормална столица си какаше неколку пати дневно. Сега овие денови повеќе ја дојам и и давам дохрана помалку но 8 дена нема какано, има гасови и страшно мирисаат. Јас гледам да јадам најнормално јадев компот од слива,чај секакви течности.. и правам вежби масирам стомаче давам пробиотик и нема ефект. Дали сте користеле чепче зошто незнам друго што.. фала
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.368
    Пол:
    Женски
    Не би ти препорачала да прекинеш да го доиш, нема поубаво од мајчино млеко, радувај се што имаш
    Иначе и кај мене беше така, само што јас од 8миот ден од раѓање го тргнав ад и почнав искучиво со доење исто неколку дена се мачеше. Не може да се искака ради промената на исхрана, прави му вежби, легни го на грб, свиткај му ги ножињата и према мешето, исто и врти му ги ножињата како да вози точак. Ќе се среди за брзо
     
    Последна измена: 9 април 2020
    На Dikinzi и BY<3 им се допаѓа ова.
  10. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    1.141
    Мајки 6 недели сме ама од пред некој ден забележав меѓу ноџињата на синко му се лупи кожичката многу, мачкам од сам почеток павловичева од павлодерм, бришам со марамиците од виолета на база на вода и користам памперс.. дали имала некоја искуство со оглед на ситуацијава ми е страв на лекар да го носам
     
  11. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Ели кај вас за колку време се среди од кога прекина со АД?
    И јас сакав да прекинам со АД ама многу ми беше жал кај што ја гледам дека се мачи и затоа комбинирав за да можи барем да се искака...
     
  12. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Пробај со топломерче у газенце да се искака или со чепче.

    Исфрли марамици, само со туфери некои ватички и вода
     
  13. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Ние го користиме од 2-3 недела ама како ампули се, ми кажаа спреј не. Му ставав два пати на ден, па чистев со аспиратор, ама сега ми рече докторката само еднаш на ден, а има 1 месец малиот.
    А после синомаринот обавезно мајчино млеко на стапче во носе.
     
  14. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
     
    На ddevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.999
    Допаѓања:
    12.344
    Пол:
    Женски
    Ова не се издржува. 4 недели бебе. Овие два три дена силата ми ја зеде, грчеви дали се, не знам шо е. Апетит немам, ми е страв млекото да не ми секне. Многу е вознемирено, ептен вреска на моменти, в раце се смирува дури по некое време.
    Шо да преземам?
    Наеднаш почна ова. Не ни спие нормално, приплакува, срикнува наеднаш. И да цица се трга.
    Многу ми е мачно шо не знам како да го смирам
     
  16. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Бравос, ајде какајте со ред сега. @Mitrovska95

    Грчеви се според мене шом така прави. Мајка да јадеш, знам тешко е ќе издржиш. Кога спие, спиј и ти или одмарај. Домакинство може да чека. Гледи да се одмараш кога спие бебе. Топла крпа на меше, чајче или капки, тапкање по газе. Пушти на јутуб да слуша звуци од дожд и грмотевици, така че се смири.
     
    На crazylady и elenaklasik им се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.368
    Пол:
    Женски
    И јас така си комбинирав и тоа без консултација на педијатар, затоа што првата недела немав доволно млеко, кога го однесов ме искараа.
    По 2-3 дена се среди
     
    На BY<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.339
    Допаѓања:
    28.182
    Мами апликацијата kinedu е пуштена бесплатно со сите вежби и видеа за вежби со бебиња. Кој сака нека си ја симне за идеи за вежби
     
    На Dikinzi, *malenavolena*87, Cherry333 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.820
    Допаѓања:
    7.759
    Пол:
    Женски
    Фала што сподели. Сега ја ѕиркам, супер е апликацијава, обемна :hug:
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Ти ли ги спомна овие дожд и грмотевици и пред некоја недела? Абе од рајот се измислени :) од кога спомна дневно бар еднаш ги пуштам и ја смируваат стварно
     
    На Dikinzi и ddevojce им се допаѓа ова.