А мерките и тежината што кажуваат? Нашредува ли во тежина како што треба? Моево за 8 дена околу 70-80 грама и као тоа не е ок. исто има некои проблеми со преспивање на града, ми рекоа да давам ад и ларинголог ми покажа вежби за јазичето и усниот апарат. Рекоа не било во ред да преспива и да не ја празни градата, не цица ефективно иако нема проблем во ставањето и позицијата на цицање.
Сакаш да се смениме Остави ја нека нана,првото го будев, да не била гладна. Второви реков не ја будам, па сама станува, па не спие и така натаму Сигурно е сита, голема е више, побрзо влече, зајакнато и е муцето, како расте побрзо ќе цица, стануваат како смок Мрзеливо бебе, и по саат време да ти дреме таа е. Ќе помине со тек на време. За да ја одржиш лактацијата, одмолзувај се. Јас ставам по 3 во едно носе, затоа што нема штета од него.
Здраво, имам едно месечно бебе и пред некој ден на лицето и излегоа пличиња со бело врвче траеа 3 дена и се повлекоа е сега повторно се појавиа ама повеќе се сега и траат веќе 5 дена не се намалуваат. Ставаме само еозин по препорака од матичен. Ако може да кажете мислење од што може да бидат и дали се опасни..
Ставала не ставала, ќе се исчистат сами по себе, ко што рече и @ddevojce бебешки акни се и се јавуваат кај сите бебчиња, ете и кај мојата од вчера почнаа да се појавуваат, а 16 дена е мојата. Јас не и ставам ништо, освен кокосово кога ја мачкам цела после капење.
Кај нас пак од вчера гледам и се разрани газето од многу какање, не е рани де ама има ситни брунчиња црвенки и многу пати и ноќта кога цица не ја осетам дека какала и сабајле кога и мењам пелена обавезно е какана и тоа малку, жолто како сенф и е каката, па сигурно оти повеќе време е била со кака се поцрвило газето баш на отворот кај што кака Имам bepanthol baby баш за пеленска регија е, имам и еден крем камилица е само природен и оној на што го користам после секое мењање пелена со календула, цинк оксид и уште неколку природни состојки има. Со bepanthol пробав сега да видиме дали ќе помине.
Пробиотик веќе два дена. Капки сѐ уште не. Нервозна сум понекогаш, да, малку да се вратам во колосек треба. Се си мислам дека кога би му се средиле цревата, ќе се смири и тоа. Многу му кркорат, иако е јадено, се трга од цицање само, ја празни градата, и самата тежина му е 1 кг за месец. Педијатарот рече во ред е, напредно е..ама стомачето да се среди. Сигурно тоа го прави вознемирено. Само кога поминува??
Се додека голта многу воздух при цицање ќе биде така, а и цревцата уште не му се смирени. Кај некој тој процес завршува на месец дена, кај некого ма 4 месеца. А некои и воопшто немаат мака. Затоа после подој нека ждригне, или вежби со ножињата за да може да се испрдка.
Акп си напредува бебе добро нема што да ја будиш. Преку ден ке си надокнади што не цицала вечерта, тоа е чистп мое мислење
Само со вода бришење газенце. Затоа јас и менувам обавезно пелена во ноќта, не ја оставам да е мочкана а ни какана. 6 саати или 8 со една пелена според мене е многу долго да сефи мочкана или какана.
Која козметика ја користите? Мене ми препорачаа да земам шампон на Логона и масло за тело биле многу ефикасни за вакви работи..
Да тимкажам искрено има толку многу производи сега шо човек се чуди шо да зема. Шо и да земаш нема да згрешиш, ако њден крем не делува, ќе делува друг. Многу мајки со различни искуства.
Маjки бебе прoбуваше мoркoвче пoтoа пие вoда, цуцлата ни стана пoртoкалoва некакo да jа вратам вo нoрмала? Нoвo ни е шишетo не изгледа убавo
мами до колку месеци дававте пробиотик. Синко нема веќе грчеви ама јас продолжив со пробиотик до вчера. Два дена е без пробиотик и се уби од плачење, не може да се искака само пртка и плаче. Не знам дали пак да си продолжам со пробиотик, матичната не можам да ја добијам. А и плус во скок влезе па не знам дали од мешко плаче дали од скок. Четири месеци ќе полни наредната недела.