Девојки, бебето ни е 11 дена, до завчера после секој подој или дохрана одма заспиваше, а сега си седи мирно и си гледа, најаден и со сменета пелена. Во ред е тоа така? Нема да му зафали сон?
Можеш да пробаш да го извриеш, ама тешко паѓа да знаеш, и од цуцла и од блуза Да, кога ќе сака ќе си заспие, ќе почне од ден на ден да менува се повеќе, некогаш ќе заспива на града, некогаш ќе го нишкаш, некогаш сам. Ќе знаеш кога му се спие, ќе стане ќенкаво.
Како расте пократко ќе цица и нема да има време да заспие. А коа ќе му се спие само си кажува. Кенка и никако не се смирува. Син ми само за спиење плаче, дури не сака ни да јаде ако е уморен . Отприлика на 2 саати го фаќа дремка, читав една статија најубаво време за нова дремка било 90 минути после последната. Ако пратиш ќе видиш дека за толку време отприлика закенкуваат. Мали се, не можат многу да издржат будни.
Нејзинито е ептен мало, тоа фазла од пола саат 40 мин не додржува, како растат иде на саат, па на саат и пол ( ние на саат и пол стасавме ) па на 2, па после само една дремка, ама тоа над годината.
Ние сме додуша саат и 45 минути.. На 2 веќе урла. Само тоа ни е проблем. Кога е ненаспан вришти сите у вис не крева. Ова со интервалите неодамна го открив. Мое бебе кога беше помало се дешаваше еден ден цел да го спие, еден ич не спиеше. Како порасна малку забележав дека вака дреме.
Ете така ќе правам, ја пресоблеков преска беше какана и ја избришав со крпичка ја натопив во млака водичка, ја исушив со друга сува крпичка и ставив крем за црвенилото и толку. Така ќе правам од сега, само со водичка, знам дека влажните ич не чинат ама ајде. Инаку имаме и еден друг проблем, едното окце стално и солзи и има гурлички, уште од болница вака е. Читав за запушен канал на окцето така се дешавало да се масира крајот кај окцето и носето, го правам тоа 2-3 пати дневно ама пак и се собираат гуркички, поготово сабајле кога стане и има така повеќе и морам да и го исчистам и за некој саат назедниот крај пак има и се така. Што да и ставам не знам....
Беше кај мене малава сеа коа се роди, ептен и беа залепени очите, на секој саат до 2, ја чистев со физиолошки на памукче, ама треба да се брише од надвор кон внатре, од крајот на окото кон носето. Па околу 2 недели и траеше после и помина.
Кај мојата е само на едното окце, другото нема ич, не и се лепи ама има така зелен секрет на крајот од окцето и напред. Така и го чистам со водичка само и си газичка и масажичка и правам кај носето и почерокот на окцето, викам да не е запушено каналчето...
Мами 3 ипол месеци сме, беба заспива дури 00.30ч и се навикнавме нормално ни беше ама овие неколку дена многу плаче и не спие воопшто. Почнува од околу 19ч и дури да заспие до 00.30ч нон стоп во раце и плаче хистерично. Пред два дена ја наслуша доктор и и провери грло се е во ред фала му на Господ ама денес и преку ден е таква, се гледа дека и се спие а заспива по 5мин.само. Расположена, насмеана и наеднаш почнува ептен да плаче. Веќе толку сме истоштени и нервозни со мм, само се расправаме. Пробавме и со дождот и грмотевиците не помага ништо освен да стоеме на аспиратор. Помагајте кажете некој штос за заспивање
Камилицата е алерген за очите не се препорачува, погптово на бебе. За газето имам крема на база на камилица, пробувам прво со една друга па ако нема подобрување ќе и ставам од таа со камилица.
Сигурно е запушено каналче. И нас ни беше едното окце со секрет. Чистев најчесто со превриена вода и газа. Помина околу месец кога бевме.
И кај неа беше само на едното, па после се префрли на другото. Минам ама БАШ низ истото, второ ми е..па некако не паничам Ако најдеш решение и ти кажи ми
Хахаха оф леле, јас се мислам и на матичен дали да ја носам толку хистерично плаче мислиш ја тепа некој. Ама си велам ако ја боли нешто и на аспираторот кога ќе застанеме ќе плаче. Ме секира и што не јаде баш, само што ќе ја допреме цуцлата од шишето до устата почнува да плаче. А за спиење има спиено сношти од 1ч до сабајле до 9ч и цел ден нема заспано.
Па мислам дека не се грчеви, мислам дека и поминаа. А ја чепкам по увото не ми реагира како да ја боли Некогаш мислам дека и од инат плаче
Хахха што знае бебе што е инат, има време за тоа Ајде побрзо нека поминува само. За грчеви спомнав зошто со првото до кај 6 месеци се мачевме...