Абе и јас така викам оти може и повеќе она да влече цицајќи ама многу пати цица цица и кога однема почнува да ме тегле, да се нервира како да нема веќе млеко, а сака уште и тоагаш викам толку бргу да исцица и однема? Не знам, додека не ја однесам да ја измерат да видам колку и дали придала во килажа нема да се смирам со доењето. А за пелените полни и тио по 5-6 пати само кака дневно, моча исто така многу, тешки и се пелените секогаш кога ја пресоблекувам. Тоа е добро, знам, ама дали и става во килажа не знам
Kolkavo e tvoeto bebce? Moeto e skoro 2 meseci, blece 5 min so sila i tolku. Maka macam i so kandida na grada, umiram od bolka koga dojam... traumi imam od ova doenje
Бебево спие 2-3 саати, цица 15-20 минути, само се трга и по некое време почнува да кенка, да приплачува. Нема ни 1 саат поминато од последно цицање, а почнува да ги цица рацете, да се корне пак да цица. Бебе е 1 месец, а ова вака е од вчера.
Нели рече ја мереше на вага ? Ако не, дома ако имаш обична вага, качи се ти, па после со неа, и ќе видиш колку качила. Чим полни пелени, супер си е детето. Не мора многу во килажа да ти качува.
Треба да цица почесто, малку му е тоа млекце. Више расте, и му треба повеќе млеко, а повеќе млеко може да има ако цица често. Период е ќе му помине. Со цицањето ќе се зголеми количината. И ако гледаш дека тегне уште на градата, префрли го на другата, да се доцица.
Да, на домашна вага ја мерев со мене тогаш кога пишав и многу се израдував и од тогаш скоро секој ден се мереме и се различно покажува, 5 пати да се измереме, 5 пати различно ќе кажи, дигитална вага и сите се мереме и исто кажува за сите, се различно, еднаш вака еднаш онака и се нанервирав ми иде да ја фрлам низ прозор и баталив веќе не се мереме И сега овие денови сум во мисла дали придава или си е иста во килажа Татко ми вика си го гледаме детето дека си придава, не е нервозно, не плаче скоро никогаш, мирно си е, си спие убаво, си мочка, си кака, кожата и е убава, не е жолта бели за жолтица да не има, а ни во болница не е имала такво нешто. Ама пуста мајка бе ај не се грижи. Дури и за бубуличките се секирам што е нафрлана цела по лице, бебешки акни се, знам ама ја гледам и се нервирам па и другите дома и мм и татко ми уште повеќе ме нервират, зошто толку е исфрлена, од што, како, зошто аман викам луѓеее уште толку да ме побудалете......
Мали сме ние,ама и јас сум со трауми 3 недели е бебчо. И во тој период имав мастит, температури високи, со антибиотици...па еве сега одмолзувања, малку дохрани и имам вежби од неврологопед за устето. Дефинитивно не отвара добро, не влече, и горната му е подвиткана навнатре
Не знаев дали тука или во Доење да го сместам мислењево. Ајде тука. Сега баш со една муабетев за однесување на бебе. Ја прашував за нејзините деца ко мали. Убедена е дека кенкавост кај бебиња е предизвикана почесто од мајчиното млеко ако бебето е чувствително на лактоза односно ако нетолерантно. Шо мислите за ова? Ми вика колку пати правела со други муабет за тоа, сите тие откако смениле млеко, го прекинале доњето и се префрлиле на вештачко (без лактоза) бебињата им биле мирни. Е сега дефинирај мирно бебе? Мене како првпат мајка си викам сј нормално е бебе да е кенкаво, да не му се погодува. Нели? Финтава е демек вештачкото млеко подобро му делува. А бебе од месец дена со толку дразби наоколу во ред е да плачливо?
И што сака да каже таа, да не си го доиш бебето свесно иако имаш можност и да му даваш адаптирано млеко без лактоза? Па има бебиња/ луѓе нетолерантни на лактоза ама зошто би давала нешто такво без индикација или препорака од доктор? Искрено многу самоуверено настапуваат луѓево за работи за кои поима си немаат. Јас вака мислам. Си кенкаат бебињата, тоа им е начин на комуникација. Едит: А за бенефитите од мајчино млеко знае нешто?
И јас со едно прашање...Нормално е бебето во сон да цица? Заспано а то со прави со устето како да цица??
И кај мене и се појавија бубулиците. Колку што памтам јас и ти со ден сме разлика со бебушите...Можи затоа во исто време ни се дешаваат работиве
Да ама ако цица почесто, ќе има грчеви зошто претходното млеко не му е сварено, а се таложи ново, а и не може да дојде млеко за 1 саат
Истото го мислам. Само не би да навлегувам со неа во убедување. Која е поврзаноста на плачливост и млеко, ако бебе полни пелени преполнува особено денес, а денес баш се буди на секој час и сака само да цица и изгледа како да не му е доволно, а кака и моча пообилно?! Збунета сум скроз
Па затоа лактаза капки давајте, кои ја разградуваат лактозата. Греота е ако може да се дои да се дава АД...никогаш јас не би прифатила
Ниедно бебе нема ензим за разградување на лактозата...и затоа се грчевите 99% . Ама за тоа има решение и жално е мајката да има млеко, а да не го дои кога решението е едноставно..
Јас до голема понекогаш така правев, се сеќавам. Глуп муабет, ама во спиење да се разбудам така се дешаваше