Мајка И да ти кажам да се опуштиш и да не се нервираш, пак ќе го правиш тоа нели Мила, се е во ред, нема потреба од паника Првото некој ден пред да направи 6 месеца (женско), доста време седеше во релаксатор, а сега второво (женско), релаксаторот ми е радипан, седи во транспортер. Не многу, 40 мин дневно и се фаќа, полуседечка позиција. Сосем нормално. Охохохоо И те како може да дојде за 1 саат На 15 мин иде, не па за саат. Кај мене малата, коа мине низ фази, можно е да дреме на цице на 15 мин, или на пола саат. Мора да цица за да зголеми лактација. Јас не верувам дека треба да помине време за да се свари мајчиното, затоа што е најлесно за варење, и прилагодено за бебешки потреби. Грчеви може да има ако се налапа воздух додека цица, или ако си јадела грав, леќа, зелка. Јас малата, на секое нејзино ќенкање, прво ја ставам на града да цица, затоа што тие цицаат и кога се гладни, ама и кога се жедни. Нормално, поголемо е више, му треба повеќе млекце, а како до повеќе млеко ако не цица Пак ќе кажам, бебињата не се мутави, си знаат тие кога треба колку треба, тие му се вродени инстикти. Се додека не вришти пишти пола саат и фазла, и не ќе можеш со ништо да го смириш, тогаш е време за паника. А до тогаш, опуштено
Кој ти кажал така ти кажал голема глупост. Како прво, нема замена за мајчиното млеко и истото ги има сите потребни работи за правилен раст и развој на бебето. Секоја мајка, доколку е во можност, треба да го дои бебето. Тешко е и мачно (искрено јас едвај чекам да завршам со доење) ама нема поздраво за бебето. Вештачкото млеко, секако дека е добра замена за мајчино млеко онаму каде што нема можност да се дои бебето, ама баш од вештачко млеко може да се направат повеќе грчеви, проблеми со столица и може да треба да се менуваат повеќе брендови на адаптирано млеко додека да се најде тоа што одговара. Бебе од 1 месец е кенкаво заради милион причини. Имаат грчеви, имаат примитивни рефлекси кои ги плашат, го осознаваат светот кој е голем и страшен... Мешето нивно е малечко, почнува да прима храна и нормално е да има грчеви. Затоа има капки, на пример колиеф, кои се ензими за разградување на лактозата и се ставаат во млекото. Грчевите поминуваат до 2/3 месец. За да се даде млеко без лактоза треба да се добие дозвола од педијатар. За да се даде вештачко млеко исто така. Воспоставување лактација е мачен процес. Учењето на бебето да цица е исто така мачен процес. Првите два месеца се тешки. Многу тешки. Се учи бебето на тебе, се учиш ти на него. Ти си го поминала најтешкото, бебето цица и те молам, те молам не слушај вакви совети туку следи дали редовно кака и мочка, дали качува на килажа и се ќе биде добро. Ќе цица некогаш на 1 саат, некогаш на 3, менуваат цело време, важно е да полни пелени За некоја недела ќе почне да се смее бебе и се ќе биде подобро.
Да да знам, ама читав во групана соба за доење дека прават генетски испитувања на бебето дали е нетолерантно, па според тоа му даваат такво млеко. Кога веќе постои можноста да има млеко без лактоза и тоа е подобро, зошто не е секое адаптирано млеко такво.. Логички прашања поставувам само, јас немам навика да полемизирам за работи за кои поима си немам. Сите педијатри викаат мајчино е најдобро и ќе се најде некоја надрилекарка рка и ќе ги реши сите досегашни сознанија
Јас со првото дете ама се премачив со грчеви искрено да ви кажам. Без спиење бевме со месеци и тоа буквално...се вратив од маки во нормална килажа за 2 недели од маки. И да имаше докторат за инфантилни колики можев да го положам . За тоа слободно кој сака што сака нека ме прашува ќе ви помогнам колку можам. Има причини и решенија за тоа...не е дека магично исчезнуваат во 2-3 месец, тоа е физиолошки процес. Инаку бебе со интолеранција има чести, течни столици. Се друго е најчесто дефецит. Поздравче мамички
Колку чудно ! Као да сите се нетолеранти ? Најлесно е да му се даде АД, најлесно..стопли вода, смучкај , нека го испие и раат, знаеш дека е најадено. Доењето не е лесно, е сеа тоа шо ѓи мрзи да им висат на цице цело време децата е друг муабет. Ѓи тера да мислат дека немаат млеко, дека детето им ќенка ради тоа.
Ние сме уште малку во трети месец, јас се уморив и пропуштив психички, помагајте. Навечер не спие во креветче само во раце сака, таман го ставам во креветче почнува да кенка, барем еден сат да спиеше... Скок е или што е!??
Фала ви на советите и поддршката! Кога си почетник, лесно можеш да потклекнеш. Ама со вас само позитивно!
Постои ли поубаво и поделотворно нешто од мајчино млеко? Моите близнаци се на ад од сам старт. Мака мачев да ги дојам. Со оглед на нашите околности, едниот цицаше околу 40-50 дена. Другиот воопшто не фати града. Незнаеше ете, па додека имаше млеко во моите гради, вадев со пумпа во шишенце и му давав. Колку-толку, пробаа по малку барем. Вештачкото млеко ствара многу повеќе гасови и грчеви, верувај! Не е пологично раздразнетоста на таа возраст да ја препишеме на грчевите и болните стомачиња? Тоа е период и поминува, само родителите треба да го издржиме. Штом имаш доволно млеко за бебето да ти е сито и да напредува, ни под разно не посегнувај по формула.
Јас давам D3K1 (тоа е една капсула) и DHA OMEGA ( друга капсула) двете се на Babytol денес правиме полни 3 месеци. Да ги довршам овие пакетчиња и се префрламе на D3DHA OMEGA (во една капсула) пак на babytol. Вака е препораката од производителот вака ни кажа педијатарот и во родилиште и тука матичниот дека треба да се пијат
Здраво мајки, бидејќи не го бањам секој ден бебето ( на 2,3 дена) како да му ги чистам лицето и рацете во меѓувреме? Пребришувам со камилица ама некако како пак да не ми е чисто...
Бог да сачува каков муабет направила таа. Ама како и секогаш, најголемите незнајковци се најгласни Видела на тв реклама и дошла до заклучок Цел свет призна дека нема подобро за бебето, на пакет со АД пишува НЕМА ЗАМЕНА ЗА МАЈЧИНО МЛЕКО а на таа лактозата и сметала епа ај ако не ова ние по дома што го пиеме да им даваме на бебињата Сиот респект за мајките кои се мачат и немаат млеко па секако има замена мора АД. Ама за овие со вакви размислувања и слични како пример ке ми виснат градите, се ке сум излигавена итн а ги има мноооооогу, стварно немам слух
Оно ке влече, тоа ке стимулира кај тебе за брзо време да се зголеми количината на создадено млеко по подој. Значи понудата е спреѓа побарувачката, во период на растење ппчесто сакаат на града токму ради тоа, нема доволно млеко па влече и стимулира за нареден пат да има повеке. Чудна е природата