Не се плаши. Како се накашла, кога пиеше млеко? Обично кога и доаѓа до грлцето, т.е. ако не ждригнат и им се врати назад млекцето, често пати им доаѓа да се накашлат, така и мојата прави многу пати, се накашлува.
Не е страшно, и мојов поткашлува чат пат, може им е сув воздухот. Промена на средината - вода пс суво. Ми се чини дека е нормално.
@Kallias2 @Enci200 Тоа беше некаде 15мин после цицање кога ја оставив на кревет, а после 2 часа пак уште еднаш така направи. Одеднаш онака суво кашлање. Ја држам исправена да ждригне но несака, инаку се грееме на клима и работи скоро цело време оклу 22 23 степени а кога ја бањаме ја зголемуваме на 25. Дали е можно да и пречи климата, имали некој што се грее вака и како ја одржува температуратс и воздухот?
И син ми од почеток поткашлува и крчи со носето, ама стварно ми звучи дека не е страшно и не се оптоварувам. Секој ден знае да поткашла по малце, може сув им е воздухот, ќе се стопли сега па нема да се грееме ајде
Ние, зиме лете сме со клима. Од кога е родена еве веќе 2 и пол месеци поткашлува скоро секој ден. Не сум се засеќирала до сега, нормално е, како секој човек, и они поткашлуваат, им се враќа млекце, или од носето шо се чистат им се враќа надоле, или пак од плунка пошто лежат. А за степените држиме околу 24, и за бањање истата.
Јас со клима не, парно имаме...а за ждригнување има финта кај нас успева, ни ја кажа патронажната. Го земаш в раце бебчо, ти стоиш и над него се наведнуваш. Да се припиеш ти до него. И после заедно одите нагоре, се исправаш, и кога ти е горе тој не е згрчен. И тапкаш и галиш по малку. Ме сфати?
Мајка не се потресувај толку за едно поткашлување, па каде ти е крајот така затопли го термофорче на меше, и има една маст на Mustela некпј тука ја збореше што се мачка на гради (ако стварно е настинато ама) иначе не се секирај толку уште што се ни следи па каде ни е крајот така
Да, те сватив. Го исправаш на рамо. Ќе се обидам и така . За чајче ми велат да и давам после две или три недели, немало да цица млеко акк почнам уште сега. А гледам на моменти се грчи, може почнуваат да ја фаќаат грчевите. Што мислите вие?
Ние се грееме на клима, температурата ми е на 24 стално (некој ке рече дека е мн ама ете така сме навикнати) а за бањање накај28. купивме прочистувач кој покажува влажност(со намера и навлажнувач да купиме) и влажноста под 40 нема паднато (значи добро е) Е моето бебуле имачат пат затнато носе ама тоа се случува обично ко ке излеземе надвор а дува (и покрак тоа што е облечена) се вракаме мрсолави
Цуцли на авент, не беше многу воодушевена од цуцлата ја плукаше на почетокот, уште од одма у болница и ја дадов , сака-нејќе ја прифати, шо да прави бебето кога стслно му ја бутам хаха Сега само си ја бара, раат ми е цуцлата, кога е кенкаво и му се спие а не е за цицање. Големата ја сакаше исто цуцлата и на година ипол и ја тргнав без проблем. Мислам полесно е за доени бебиња откажување од цуцла, оти у сркој момент можеш да му бутнеш цицка у уста.Тие на шише потешко поради цуцлата на шишето. Туку да ве прашам дали сте застанале со бебињата пред обледало. Ние нонстоп си стоиѓе кога се шетаме низ стан. И бебе се огледува и се смее, ај самото уште не се познава ама мене кога ќе ме виде на огледало ќе летне со раци нози прета гука се смее. Си поткашлуваат и они одвреме навреме. Папчето и падна околу три недели кога беше. Ама јас дома си ја бајнав само со вода. Од болницата рекоа додека не падне папчето, јас си бајнав. Без шампони на телото. Само на главчето и ставав шампонче.
Уште одма, после и ставав етанол, за да испари водата, и еднаш дневно Бивацин. Да, стоиме ама сама себе се гледа, се пули Иначе јас од прва ден ја бањав со шампонче.
Стоиме пред огледало, се кези понекогаш, најчесто гледа како теленце, ама поима нема дека е он, читав дека после година стануваат свесни дека се они во огледалото.
@Cherish33 моето се пули така у телевизорот хахах Дали вашите бебиња се научени у раце? Пишев и порано за ова, а мм стално ми вели научено е во раце и мн ме мервира со тоа. Не сака бебе воопшто да заплаче или да се земе у раце да го држи. Ај го држи ама мора секогаш да искоментира дека е научено у раце И многу сакам да му пукнам една Стопати му велам ако е во раце дома научена, дома нема да биде средено, ќе немаш ручек, ќе немаш чисти слишта, едноставно бомба ќе биде дома нели оти бебе ми е нонстоп и раце. Си лежи у креветче у релаксатор си ја зимам со мене у кујна, со големата е на спална лежат и ја заигрува, спие, дреме Не знам не ми е јасно. Па неможе нонстоп да лежи 24 часа ќе се здрви, вратче ќе ја бол, грбче, стално да лежи и унтаван да гледа. Точно е дека некогаш сака во раце ќе ја дигнеш и одма се смирува ама стално да е у раце не. Или можеби е научена, а јас несакам да си го признаам тоа и го негирам. Нели јас сум мајката, си го познавам детето
Научен у раце.. Најглуп муабет евер. Има бебе и бебе. Некои се мирнички, некои сакаат да набљудуваат. Не може цело време да лежи и глас да не испушта. Ај маживе наши да ги легнеме 24 саати, да видиме дали глас нема да пуштат. Бебе мое си сака во раце и си кенка за во раце, си го земам. Ќе свртам 2 3 кругчиња и ќе пробам да го занимавам на друг начин. Мм му вика, не може вака ти да си играш со нас, ко божем ќе објасни нешто на бебе од 3 мес.. И на крај коа ќе викне да урла го зима во раце. Ќе издржиме, ќе пораснат.
Да, јас не седев дома 40 дена. Бебето беше 3 недели кога славевме роденден на ќерка ми у игротека, се шетавме и после тоа со количка надвор. Стално сме надвор кога е убаво времето, дали на тераса илиоред зграда или во парк. Сега малку редуцуравме со шетањето поради короната, ама сепак гледам да прошетаме барем трипати у недела на свеж воздух, со растојание од другите луѓе. Времево е пролет, штета да седиме дома и пожолтеваме
Да го вадам на балкон, го ставам во количка, едно 10-15 минути да го фати сонце. Некогаш знае и да заспие од сонцето