Кај ноќните подои(особено тие што дојат) дали ги кревате за да ждригнат? Јас навечер кон 2-3 часот кога ќе цица го кревам да ждригни и после тоа ми се буди и тешко презаспива
Ах истата двојба ја имам. Обично ако заспие и нема потреба од ждригање (да мрда, да му е тешко), го преместувам во креветче. Колкаво ти е бебето? И моево потешко заспива и проблем ми е ждригањето. Ама пошо го ставам на рамо префрлено за да ждригне и таа положба му е подобра за заспивање, па некако ги поврзувам и двете. Кога имам среќа, ќе заспие, кога не...
Јас подигам сма не секогсш, и не ѓдригнува секогаш. За презаспивсње немаме проблем, јас и пелена и мењам, еве сменив сабајле у 4, па ми помоча боди и шпикозни, ај се размрдавме таа се разгуга, уште еднаш на цицка и си заспа.
1 месец и 3 недели...после секое цицање му е тешко и мрда,прета,ржи. Јас сите положби ги испробувам, денски не ми е голем проблем ама навечер мн мачно ми е...
1 месец и недела исто со ржење, мрдање... Најверојатно со стомачето им е тегобата. Кака лесно? А со спиењето како му е? Полесно заспива или потешко?
Е препорачливо да се дава чај на едномесечни бебиња или не? Немам прашано. Од тоа шо знам било каква течност освен млекото им била вишок за бубрезите.
Не и никогаш сме немале проблем, легнати и двете сме на спална, кога се буди ноќеска, а се буди 2,3,4 пати, зависи и давам цица, цица и заспива.
Абе да ти кажам порано препорачуваа чај на бебиња да се дава уште од само раѓање, знам за другите 2 деца уште во болница педијатрите кажуваа чај да се дава, за да се избегне жолтица и за да се разработат цревцата и како кажуваа така правев и давав чај еднаш или два пати дневно, ич не се сеќавам како давав Сега кога се роди третово, никако не спомнаа за чај во болница, само доење и доење и доење и беше муабетот, за чај ниту ми текна па да прашам зошто не го даваат сега. И ете не давам никаков чај ни јас сега. Само доење и ништо друго. Којзнае што е правилно, а што грешно, да се дава чај или не
Јас му давам чајче. Често меѓу подои, да го држи до наредно цицање, а и му го смирува стомачето. Ова по препорака на педијатар. Бекутанот имаше повеќе шеќер, сега земав на Хипп, тој е без. Инаку од вчера сме со Coliprev, за сега нема подобрување. Ќе видам деновиве како ќе биде.
Грешка си можат мажитр глас да не пуштат ако лежат 24 саата на грб, само пушти му спорт на тв и да видиш глас нема да пушти барем мојот а кај нас па мм повеке неможе да ја трпи да кенка и право ја фака и ја жали не дека јас ја оставам да рика ама прво пробувам да ја заиграм нешто да ја занимавам па ако ситуацијата бега пд контрола тогаш ја земам во раце секако он е дома после 5 а беба лжзаспива накај 9 и што се 4 саати па и цело време да ја држи во споредба со мене 24 затоа и ја жали он толку и да во право си @ddevojce деновите кога е прекенкава и ми е во раце дома е општ хаос Ниту ја кревам ниту и менам пелена нокта, обавезно ке се разбуди
Сопругот до сега беше дома со нас, користеше денови од одмор. Но, од другата недела ќе почне да оди на работа. Со оглед на ситуацијата, мир немам како ќе биде... Дали вашите мажи се изолирани некако во домот, во посебна соба, носат маски дома или слично? Како ги заштитувате бебчињата од можна зараза?
Менувам пелена сега гледам папочето му е испакнато нагоре и како потечено. Делот кој што беше внатре и убаво затворен сега е испрчен нагоре. Што може да е?
Мислам дека ова го викаат папочна кила. И мое бебе имаше, педијатарката ми рече само ќе се повлече, и се повлече.