Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    И кај нас е проблемот со шлајмовите, сирота понекогаш и ги повраќа, а доста видов и во каката.
    Поради ова сакав со инхалатор да средиме, но од доктор немам пропишана доза за физиолошки, па незнам колку да ставам. А и друго што ме нервира е што кога одевме на доктор како на шала да сме одени, повеќе внимание посвети на мускулатурата, главата, килажата него на проблемот.
    Јас дека по цели денови со неа точно знам дали е или не е нешто во ред, не е само работата да се наслуша , нема ништо, ајде пријатно, па што треба да чекам да има нешто , не дај Боже :x
    Еве брисот покажа бактерија која се лечи со антибиотици, па дај кажи ми како полесно да поминеме.

    Да чукнам од дрво, денес ми се гледа подобра, дај Боже така да остане. За секој случај продолжуваме со инхалации, овој пат со морска сол и физиолошки раствор во носето. А ќе одиме на гости и кај баба и дедо :$
    Уште една новина кај нас е што денес доживеав да видам зелена кака :worried: Се загрижив навистина, од каде излезе сега ова никако не ми влегува во глава.
    А синоќа заспа во 23ч и стана дури во 3ипол, а потоа во 6ипол. Конечно си поспав како човек, но се осеќам и крива од една страна што не ја будев да јаде, па да не и е од тоа каката :doh: .
    Се надевам денес ќе опоравиме, аман веќе од нас, душа ви извадивме :angel:
    Ве гушкаме силно :hug:
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.646
    Допаѓања:
    202.137
    Пол:
    Женски
    Зелена е каката и ако бебето е преладено. Верувај, сама ќе се разбудела ако и се јадело, ич да не му ја мислиш. Стави и топла пеленка на мешето (затопли ја со пегла, да не е жешка) стави ја над бодито, под шпилхозните. Неколку пати така менувај, и гледај топли да и се нозете.
    Што се однесува до дози на физиолошки за инхалација, немам поим колкави се, ако знае некоја мамичка, па да помогне. За шлајмот, ќе ја поставиш на стомаче, со главчето надолу и ќе ја тапкаш по грпчето, полесно ќе го исфрли. Ако го голта, каката може да е слузава, и да знаеш, од шлајмот е, да не се уплашиш. Терајте со капките, аспираторчето и инхалациите, ќе се подобри ситуацијата. Сè е подобро од антибиотик.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Меу и ние со мрсулчиња се тинтриме и само со аспираторот в рака сум и со сонените капки. Инаку кивна и бљуцна моево исто времено и како шлајм му беше бњуцнатото, а тоа кутро полно мрсулки, па морав на 2 пати со аспираторот да му вадам што мрсулки што шлајм.
    И малата ако си спие најадена си е и убавко и е, а за каката и моево еден ден имаше па од тогаш дека не зезаат со парново тука кога ќе видат маалку сонце го гасат па ти утепај се нема парно само млако малку и одма преминав на хулахопчиња и јоргаче место ќебенце па сега си спиеме и по 4 саати знаеме да нанкаме.
    Инаку по колку пати во денот ви се фаќа да менувате пелена? Мене жал ми е на вечер така заспано да го преслекувам ако е само помочкано.
     
  4. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да ја будиш навечер за пресоблекување ако памперсот издржува и не протекува, ако се почувствува бебето мокро само ке се разбуди или немирно ке спие. Ниту пак за јадење не би будела бебе зошто ако е гладно само ке се разбуди, а во спротивно се создаваат само лоши навики.
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  5. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас навечер уште од ко е роден не го пресоблеквам. не ни планирам.многу ложа навика е то за бебето(не за бебето за мајката)
    последно во 21 или 22 пелена му клавам и до сабајле.ако не е пропуштена и ако продолжи да спие и во 6 не му ја менвам ко ќе се разбуди го пресоблеквам.ако го расонам после ќе заспие по неколку сати
    ;( ;( ;(
     
  6. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    мамички сакам да ве прашам моето синче е скоро 4 недели од устичката му тече нешто како вода и како парталчиња од млеко и постојано млјацка и ко спие дури како да му смета во дишењето дали е тоа нормално или да се обратам на педијатар позз
     
  7. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека е плунка незнј уште да ја голта а можи малку поповраќа и се меша и зато така изгледа.
    ама ако му смета во дишењето или ако мислиш дека не е плунка оди си на педијатар.....
     
  8. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    мене дека ми е 1 дете и мн нз ама како да лигави и постојано млјацка како на грлцето да му стои па нз може да е плунка појма немам сепак фала на одговорот позз
     
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Меу не знам зошто ,но јас добивам впечаток дека си голема паничарка (извини на мојата искреност). Вчера или завчера пиша дека малата е добра и дека бевте на педијатар кој ви го потврди истото.Мислам дека премногу ја набљудуваш малата,а со тоа цело време наоѓаш по нешто.Не викам не скоро секоја од нас го правела истото во првата недела-две ,но потоа оваа работа се стивнува.Немој да се научиш за секоја ситница и секое кивнување да трчаш по доктори,затоа што тогаш мешајќи го со болни дечиња постои можност да се разболи.Мојот педијатар вели дека најтешко е да убедиш мајка дека детето е здраво ,ако таа го донела како болно.Верувај дека ова е навистина така .Колку повеќе ја носиш по доктори толку поверојатно дека на секое одење ќе ти препишуваат по нешто.И почни да веруваш и да соработуваш со педијатарот затоа што тоа е многу важно.Доколку не му веруваш на овој педијатар ,смени го.
    Јас имам син од 8 години кој како и сите други деца се разболувал,кога повеќе ,кога помалку.На доктор го носам исклучиво доколку има температура и тоа барем 6-7 саати и антибиотик давам исклучиво ако температурата не поминува 2 дена,а до тогаш давам парацетамол и чаеви,сокови,супи.Брис никогаш не сум му земала ,а до сега којзнае колку пати имал зелени мрсули,особено зимно време.Му ставам Аква марис ,му давам Ц-витамин,го бањам со солена вода и за некој ден ќе му помине.Искрено верувам дека и здрав човек без никаков симптом да отиде за брис ќе му најдат нешто!Кога имало потреба за антибиотик со педијатарот сме оделе со најслабите и тоа Бактрим,кој за жал многу доктори веќе го заборавиле.Мојот син со 8 години досега пиел 4 пати Бактрим и еднаш Амоксиклав сируп.Имаме потрошено безброј Аква мариси и сигурно една вреќа сол ;)
     
    На pianogirl, DeMelo, MSkorpionka и 4 други им се допаѓа ова.
  10. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Меу, моево знае и да си поткивне, тоа уште од на болница му е што голицкаво 2 саата беше до мене да се гушка веднаш кога се породив, со мрсулки секој ден сме и грчи од што му сметаат ама со аспираторот и солените капки средуваме.Знае да бљуцка де засирено млеко, а еднаш оти прво чекав да го наранам а после мрсулчиња да вадиме бљуцна и со шлајм. Со гасови во меше се мачевме некој ден, а за рагадите и маститот кој бев на конец да го фатам да не зборувам. Ама ете се помина и само смирено без нон стоп по лекари трчање. Ваму секоја среќа што има доктор-педијатар за дечиња и одат исклучиво само ако се здрави. На пр јас да сум болна, а бебе здраво, на закажан термин мм ќе мора да го носи ако е здрав или ќе се презакаже термин и плус се собуваме пред да влазиме внатре.А ако е болно, ќе разговараме на телефон за симптоми што како, па ќе установи дали можеме сами, или треба да не упати на доктор. А да напоменам дека тука на доктор се оди ако е ептан нешто. Само смирено, консултирај си се што како со стручно лице и не ја изложувај малата на додатни вируси, особено во овој период со шетање по болници.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    40.715
    Пол:
    Женски
    И моево има затнато носе , поткивнува ама не е нешто страшно ..
    Искрено ние само што сме оделе на редовни прегледи и вакцини јас малата ја немам носено на лекар за друго нешто :tmi:
    Последно што бевме на лекар беше за вакцинирање и наредно што ке одиме се надевам е на 1 годинка за наредна вакцина ...
    ако не и порано ..за недај боже :(
     
  12. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Така е женски. И јас мислам дека премногу ја набљудувам и дека се нешто и е , а мене не ме бива како мајка па детето уште одма се затна :worried:
    Ни мене воопшто не ми се допаѓа што сме се по доктори и кажав веќе нема одење. Се исплашив многу дека е премногу мала, а така квалитетно се затна.
    Тука нека остане , јас така си викам, да завршат и доктори и се тука, да не не потера така :doh:
     
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    40.715
    Пол:
    Женски
    меу може мало е родено , ама па убаво си напредува детето ..ке си постигне убаво килажа со тек на време
    Не се плаши многу , уживајте си со малото :inlove:
     
  14. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    на сите бебиња му се затнува носето дури не се навикнат на воздухот и надворешните услови.ко ќе се навикнат му се средва и син ми беше затнат и јас будала трчај на доктори и 2пати антибиотик за глупости примаше.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.646
    Допаѓања:
    202.137
    Пол:
    Женски

    MeU, не е дека не те бива, ќе си влезеш и ти во шемата, прво дете ти е, па не можеш сè да знаеш. Верувај, сите мајки, особено за првото дете сме такви, те зошто ова, те зошто она, јас вака направив, онака направив, не ме бива за мајка, бла бла... ова ти е период кој ќе помине, верувај. Ќе и помине и носето, нема дете што нема растечен нос на ова променливо време, де топло, де ладно, понекогаш поим немаш како да го облечеш. Тоа што по скоро цел ден си сама, дополнително ја отежнува работата. Само смирено, сè ќе се среди. Тука сме ние за совети, без гајле ;)
     
    На DeMelo, Mikako, Moira и 4 други им се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.712
    Допаѓања:
    106.963
    Пол:
    Женски
    МеУ и мојата ќерка кога беше баш големка колку твојата , и се затна носето и така убаво се исплашив си реков готово настина , јас сум крива настинала може и студело може ова она , си ја мавав главава од ѕид ,плачев по дома, но потоа педијатарот ни кажа дека е нормално дека уште не е навикнато на надоврешните услови. И потоа само и помина јас ништо не правев. Убаво пиша Аннатх , кога е прво дете незнаеш како што се случува , така да не се оптеретувај и не се обвинувај себе си нема зашто :hug:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Меу паничарка не значи лоша мајка !!!Немој сега вакви муабети ,мене целата поента на постот ми беше малку да се опуштиш и да почнеш вистински да уживаш во мајчинството,да те окуражам малку.Сите ние кога прв пат ни се разболеле децата тоа сме си го сватиле како личен неуспех,но потоа сваќаш дека сето тоа е многу нормално и дека апсолутно не зависи од тебе. Ти си супер мајка која си го сака своето дете и се грижиш за нејзе ,па сети се само колку перипетии помина со цицањето ,може да беше некоја друга до сега ќе се откажеше,но ти продолжи.Збери сила и опушти се !!!
     
    На Moira, meU и Annath им се допаѓа ова.
  18. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Како може да не те бива, ти си прекрасна мајка, целосно посветена на своето бебе... Сите мајки со првото дете се такви, и јас бев таква и мојата ќерка од раѓање ми се чини се затната беше и башка што немав доволно млеко, трескање глава во ѕид дека не сум добра мајка, а тоа педијатарот ми вика дека носето и е мало, а ноздричките т.е. каналчињата и се ептен тесни - таква е генетски на татко и- и тоа малку секрет што го има на друго бебе не би му пречело, нема ни да се забалежи, а твоето се затнува и не може ни да цица... тоа е...
    Сега за второто имам по 2-3 идеи за решение за секој проблем, а и имам и друго дете за чување па не му дишам во врат на второво цело време, а ете и тоа расте... не ти солам памет само ти велам RELAX! и ќе се затнува и ќе се разболува и ќе бљуцка и ќе повраќа и уште триста глупости ќе има, ама најмногу му треба расположена и смирена мајка која ќе знае дека не е семоќна!
    Поздрав за сите млади мајки :*
     
    На Moira, friendy, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Ох колку сте вие само прекрасни, навистина ви благодарам на сите за прекрасните постови :* незнам како би било без вас до сега , а и во иднина .
    Ние денес направивме молитва, ја завршивме и таа работа. Бевме и на гости во три куќи.
    Во однос на гостите изненадена сум како некои луѓе(ептен блиски роднини) може да се толку без осет. Поточно станува збор за тоа дека никој не ме предупреди дека братучетка ми е квалитетно настината, а кога кажав оти носам маски ,ако сакаат евентуално да се доближат до малата, ме направија ненормална , демек премногу сум ја пазела :^) . Па како бре да не ја пазам, едвај има еден месец, со кој имунитет да се бори :fubar: И така набрзина гледав да заминам од таму.
    Друга беља е од кога се прибравме, детево се откорна од плачење, како да не е моето дете :sweat: Едвај успеавме да се смириме, сега спие, па да видиме како ќе биде ноќва.
    Бидете ми поздравени, бакнежи од нас :inlove: :*
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.598
    Допаѓања:
    104.317
    Пол:
    Женски
    Уф јас колку не сакам да верувам во уроци толку повеќе ми се дешаваше да се уверувам, ама пак во мене си викав случајност било. Мајка ми колку пати на внуката и миеше очиња со вода од квака мислам беше, којзнае што праеше, абе малава за секунда прекинуваше. Инаку Меу те читав за твоите недоумици, ај седи си мадро шо вика Срцекршачка, уживај, мајка не може да биде лоша мајка кога е постојано над бебето. Се случува, мажот ти од надвор можеби донел некоја бактерија, не е до толку страшно, па не се дезинфицирате сите пред да ја допрете. Носе ко носе, таа уште се чисти од секретите кои ги собирала во мешко кај мама, па можда и ова да е нешто такво. Нели она расте и си напредува, како можеш да бидеш лоша мама? А на молитва веројатно ви дадоа водичка, одмивај ја пред спиење, може па има нешто и во тоа, јас на внуката и купував водичка од кај ќе стигнев, и стварно се смируваше, кога ја нема баба да мие кваки и прагови, ја миевме со оваа водичка. А за роднини, кој што сака нека вика, се додека ти така мислиш дека треба, во ред е.
    Туку сеа те чекаме да видиме во што си ја дотерала Дињата твоја на шетање денес, слики штом ќе можеш во темата со мода од бебушките :rofl: