Јас сакав да прашам А лубеница од колку месеци се даваше?? Мислам дека не е алергена и не се сеќавам на големата на колку и дадов. Летото здравје ко ќе си одеме за Мк ќе има убави лубеници а бебе ќе биде тогаш 5 ипол - 6 месеци. Па се мислам дали да и дадам
ох ете сме. Почна и кај вас истото? Кај нас од пред две недели, со различен интензитет. Само што кога ќе заспиеше, спиеше по 2 сати до 3, со кемкање во сонот, чат пат со будење повремено. А до пред некој ден се будеше почесто за цицање. Мислам дека има врска со скок, развој или нешто слично. А плаче во меѓувреме дека не може да заспие? И кај мене истото, му се спие, црвени му се очињата, ама никако сончко да го фати. Или пак ќе заспие, ама наеднаш ОП се ококорил. Сега се навикнав, секој ден е поинаку.
Луѓее бебе мое спиеше од мало скоро по цела ноќ, еднаш стануваше .. Таман мислев имаме ред, дојде 4 скок. На секој саат станување навечер. Не се сеќавам ни кога јадел ни како сум го презаспивала. У 4 ипол се ококори до 6. У меѓувреме се искака. Преку ден како зајак спие, а изморен е и вришти. Вчера 2 саати во раце ми спиеше. Многу менуваат, не земајте ништо здраво за готово..
И моево, секој ден е приказна за себе, пред три дена, преку ден дали два саати спиеше па цела паники зошто не спие, вчера денски дали два саати беше будно преку ден, го преспа дури и часот за бањање што никогаш не се десило, па пак паники зошто толку спие ...
За сѐ сме паники Пред некое време кога ептен забушаваше со спиење, му се случи да спие скоро цел ден, сакав да го будам, почна да ми недостига неговата будност и бучност . Сега сум навикната колку толку. Сфаќам дека нема ред. Си викам ако нека се буди нека прави како му е згодно, ама одвреме-навреме нека смени малку, бар неколку дена да фати ред... Ахаа сигурно
Чекај чекај ќе видиш Нормално е, се ѓи интересира више. Јас дадов на 10 мес, не знам дали може порано, ама би требало оти е само вода
Ова перниче ортопед не го препорачува, никакво, бар до годинка. Главчето се корегира со тек на време кога ќе ојачат коски со соодветна доза на д3.
Мамички молам за совет веќе незнам што да правам :/ бебево мое веќе 3 ден одбива да цица си викам млекото не е добро ама се молзам и го пие успевам кога е заспана да и ја подметнал градата и цица, ама кога е будна никако. Дури вода и понудив и тоа пие а не сакаше воопшто вода. Дали е скок навистина незнам инаку сме 3 месеци и 1 недела
И кај мене почнува полека тоа да се случува :/ изгледа се должи на скок во развој пошто предходно едвај чекаше да цица сега така како гајле да не и е, и дури ми плаче на цицка едвај успевам да и ја бутнам преку ден и малтене ја терам да влече, се тешам до тоа дека ке помине Читав една членка дека со маицага го покривала бебето за да нема distraction, друга низ дома шетала за да разгледува док цица. Мајки сме се ке пробаме за доброто на нашите малечки
Да.. И мое бебе не цицаше салам 2 дена. Морав да се измолзувам малку дури. После 2 дена спиеше на цице и така. Јас не давав молзено за да не се навикне така, кој ќе се молзи после цело време. Ќе помине фаза е, ми кажуваа овде финти во темно да цицал, тивко ама кај нас ништо не упали. Само немој да се сомневаш во млекото твое, ако до сега било ок, така е и сега. Знам многу мајки даваат ад баш овој период.
Скокот е, не е до млекото, не си ставај вакви мисли во главата.Имаат периоди на осознавање кога се е поинтересно од цицањето. Обиди се да промените положба, ставај ја да цица во темна соба, без галама. Ќе фати некако. Сите бебиња минуваат низ тоа. И тие со шише.
Фала ви мами дај Боже нека е скокот и нека помине брзо. Досега си имав бебе по книга и сега одеднаш ова. Ми олесна малку
Хаха и јас исто, никакви проблеми. Прво со јадењето се глупираше, па почна да станува на секој саат 3 вечери еве му баеме за да заспие. Само на гради ми спие или гушнат залепен да мисли дека е у раце..
Периoд е... Мoетo истoтo гo правеше на 3 месеци. Кoга ќе jа приближев да цица плачеше дo заjдување па и пoдметнував вo спиење.. Немoj да наседнуваш и на муабети oд страна дека ти се oдбива.. Ќе прojде за некoлку дена Jас ќе и пoнудев вoда и ќе пoвлече еднаш и oдма на града jа префрав па прoдoлжуваше да цица. Прoбаj вака
Во спиењето си е иста заспива најкасно до 21:30 и 3 пати станува за јадење и во 9 се буди, ама преку ден ми е хорор со јадењето а си спие преку ден исто и само тогаш успевам да и дадам да цица маки слатки се овие ама мама е нервозна кога не јаде
Купивме цуцла лажливка и ми ја плука, ама кога е гладна ја цица и заспива и тогаш успевам да и подметнам града и цица. Пробав и со шеќер и вода измешано ја мачкам градата и така цица морам да пробам се таман фативме ред со цицање и сега ова ама се надевам ќе помине