Мојата не сака да цица кога плаче и не сум ја одма кренала и кога е многу нервозна потично кога и де спие, абе цицка у бутам у удта се дере, млеко ќе и исшприцам за да види дека ќе цица, не бре брате. Ај ќе и бутнам цуцла ќе ја исправам прошетам да се смири и после со брзината на светлината ќе ја наместам за цицање одма вадам цуцла и бутам цицка без да примети шо се случило хахахах
Здраво мами. Предлог очен специјалист за бебиња? На буци почнаа очињата да му играат лево десно Не секогаш, само кога сме подалеку и кога се обидува да фокусира нешто. Читав изгледа е нистагмус. Инаку следи движења, не познава, ни се радува, си ги граба играчките пред него. Четири месеци е. Ако имате искуство ве молам споделете.
Еве и јас со истиот проблем што го опишувате, а помали сме, 27 дена од денес. Од неделата бебе почна да се нервира на градата, цица малку и ја пушта, ја тегне, се нервира, толку бргу не може да се нацица за 1 минута, толку цица, ја слушам како голта и одеднаш ја пушта, ја тегне, се нервира..... Викам да не не ми ја сака градата оти и давам понекогаш и Ад еднаш дневно само обично навечер, мислејќи дека не и стигнува моето млеко иначе по цел ден доење, викам оти цуцлата и пушта млеко, а градата не, треба да цица за да и дојде млеко и викам да не ми се навикне на шишето па затоа нејќе сега да цица ама до сега никогаш вака не ми правела. А па да не се грчеви у питање сега си мислам, не ни се јавиле до сега, а ги чекам кај и да е да се јават, може ја заболува меше па затоа се нервира на градата? Не знам, вчера ептен се изнамачивме и јас и она, по цел ден ја ставав за да не ми се намали млекото оти не сакаше да цица, ни спиеше цел ден, по 5-10 мин и се буди, викам гладна е, не цица, затоа и неможе да спие......ама затоа пак цела ноќ се наспавме и двете, ќе промрда малку и јас и бутнам цице и цица цица и си спие. Не се будеше никако, јас и давам у спиење да цица за да не ми се стврднат градите, да ги испразнам за да дојде ново млеко. Денес е подобро, цица добро од сабајле и спуе. Да видиме до вечер. Ад сакам да исфрлам скроз и цуцла исто, да не ми се одбие од града
Исто, цуцлата ја лапа чудо некое. Ама не и давам веќе. Денес ич не и дадов цуцла па ете спие и без неа, се е навика....
Мама исто...јас дури и се одмолзувам сама некогаш за да не ми се намали млекото. Цуцла лажливка не давам никако, АД давав исто навечер ама прекинав и тогаш дојам. Избегнувај цуцли секако пошо се е навика...ко сунѓери се ова бебињава
Нормално е да им шетаат очињата кога сакаат да фокусираат од многу блиску или далеку, ќе се среди тоа. Ама ако ти е цело време така, тогаш треба на доктор, ако ти прави многу ретко така нема потреба од паника.
И мене знае да ми плаче на цице ама ич уво не ме боли Ако ми прави така и давам цуце ја нишкам, може и се спие, или сака исправена да биде, или пак сака да ждригне па ќе ја чукнам по грбчето да ждригне. Има дечиња сакаат кога брзо им тече млекото, а има дечиња кога не сакаат к7га им иде плазот.Треба техники со маливе
Треба треба, техники и навики А да ве пташам, читав тука на горумот дека сок од јаболко ја згочемува лактацијата, вистина е? Јас земав од Лидл денес, маж ми ми купи 100% бистар аок од црвено јаболко. Колку да пијам дневно, 1л? Ќе надојде млеко или џабе ќе се ѓолам?
Да, точно е, чаша јаболко, чаша од праска, 2 чаши лакта микс чај, 1 чаша чај од Хипп за грчеви, вода скоро кило на ден. Тоа пијам јас И млеко пијам, да не заборавам
Абе чаеви тука нигде нема, не пијат доилките, кога прашувам чудно ме гледаат дури, на интернет најдов само на Weleda....тие вие што ги пиете ги нема Ај со сок ќе пробам да видиме дали ќе надојде повеќе...
Како нема ? Нема ни еден ? Чај за грчеви за бебиња има ли ? Ако има, скоро исти се по состав со тој за лактација, наместо да му даваш на бебчо можеш ти да пиеш. Ако не можеш таков да најдеш, можеш да јадеш овес, како снегулки или варен цело зрно, па од тоа што се сварило исто така можеш да го изблендираш и да го процедиш па да ја пиеш водата т.е. тоа е веќе овесно млеко, чаша јогурт, бадеми да јадеш, сето ова што ти пишав можеш. Исто така има безалкохолно пиво, и тоа мајките го пијат доста. Со првото пиев и боза, ама пиев по кило на ден. За еден месец ставив скоро 10 кила, па после на диета бев. Сега нема шанси
Јас земав еспумисан ама мене воопшто не ми помогна мислам дека повеќе плачеше кога и давав и прекинав. Само Биогаја и давам од почеток и така ќе продолжам. Имаме 3 месеци и 1 недела и пиеме чајче на алкалоид тоа што е од 2 месеци со маточина, камилица и сладок анасон за добра ноќ и ја смирува. Нема веќе толку грчеви какви што имала