Ова како да е тој прв скок, пишува во апликацијата дека ќе има губење на апетитот. Сигурно си е во ред градата и млекото. А инаку зошто навечер даваш дохрана, тогаш има најмногу млеко. Јас и по себе видов затоа што сум веќе 2 недели со лактатор в раце, а и баш советнучката за доење ми рече дека навечер се излачува пролајтин доаѓа мн млеко. Најмалку имало во периодот 15.00-18.00 саатот.
Мајки од кога почнавте со пробување вкусови? Педијатарот препорача од четири ипол месеци да почнеме, меѓутоа врска немам што..како.. По што се раководевте?
Навечер во смисол пред спиење, кај 8-9 часот, оти цел ден ми е на града и се е гладна викам може не и стигнува моето млеко затоа цел ден ми е на цицка, не се дојадува и и давам пред спиење барем да спие убаво, глупости, може и се си е во ред и со млекото мое и за неа и стигнува ама ајде де. А ноќеска во спиење се излачува најмногу млеко, знам и мене ми е така, полни ми се градите кога и да се будам и и бутам цицка спиела не спиела...
Леле ќе си пукнам значи, вчера од мака око не склопив, а на интернет се изначитав милион болести и глупости Денес и на матичната се јавив и таа ми го кажа истото, ама пусти страв. Маж ми како мал имал страбизам до 6 години го излечил, јас од 10 години почнав наочари да носам заради кратковидост, па ептен сум избезумена. Ај нека помине лудилото со коронава ќе одиме до Систина офтамологија за секој случај.
Не читај глупости. На бебињата мускилчињата на очите не се зајакнати и често се јавува страбизам кој се губи после годинката. Имаше и моето и тоа баш изразен. Се среди околу година. Може малку покасно. А и да има подоцна не е ништо страшно, се корегира.
си ги кубат ли вашите бебенца косичката?? Мојата кога цица или кога се обидува сама да се заспие се чеша по лицеро по главата и ќе си фати праменче коса и така си го држи. Јас здравје ќе почнам од 5 ипол. Вежби му прави. Играчки шетај пред очите да се концентрира. Еднаш со двете очи и после само по едно око. Пишев од поодамна, некоја мајка баш праша за очите на бебето. Братми како мал имаше мрзливо око, мајками го носеше и и рекоа да му прави вежби и ќе се среди, така и беше.
@ddevojce @BY<3 И моево се чеша опасно на главчето, па и на лице, ушите... Ама на главата како силно, се слуша звук ко гребење. И сабајле околу главата на чаршафот кожички ко перут мачкам повеќе масло сега. Јас прво мислев нешто ушна инфекција да не е, ама зборев со пријателка која работи нешто со развој на деца, ми рече ако е увото ќе плаче, а чешкањето му е за успокојување така, и е привремено, нема да му остане навика, зашто на мене и за тоа ми беше. Веројатно е уште една работа што си ја прават во развој, како бутање се во уста, клоцање итн.
Мајки што бебињата се ви буткаат во уста, како и колку често ги перете играчките? Многу ми е шубе, не знам како да правам сега
И мојата се гребе,масакар се прави на лицето,ептен е автодеструктивна) Ја посматрав,како со уживање да го прави тоа Имам ракавички ама не ги трпи,ја прават нервозна.И во болница ме советуваа да ја оставам без нив.Среќа не се длабоки гребаниците,за еден ден и’ поминуваат.
А рачињата и на вашите бебиња им се ладни нон стоп? Поради слабата циркулација ли им се ладни? Заборавив како беше,кажуваа порано педијатрите и за ножињата и за рачињата зошто им се ладни....
Рачињата и ножињата може да им се ладни, дали му е топло или ладно на бебето се проверува кај вратчето. Внимавајте да не го претплите бебето, и алишта и температура во собата треба да се прилагодат. Ракавички никако заради рефлексите на рацете, плус со рацете бебињата го истражуваат светот. Ке се гребат ама ништо не е страшно, поминува за ден два.
на колку време го менувате цуцлите ?? За големата смњнив многу цуцли, па си реков да не претерувам? Уште не сме стигнале за со играчки. Ама ги мерев често за големата. Ладни и се, затоа што номстоп ги мават и ги буткат во устата.
Немаме многу што се перат, само тие како платнени книгички што се, ги перам на 4-5-6 дена на рака, и на крај ги попарувам со жешка вода. Силиконските ги пребришувам секое сабајле и ги превривам на неколку дена. Да ти кажам право највеќе ги бута во уста малите пешкирчиња ко мини тетра пелена што се, такви имам доста и секоја вечер ги фрлам за перење.