Ако сакаш да даваш АД пробај со Новалак. Братучедка ми даваше на малото. А за грчевите давај му Колипрев капки, нас тие не спасија
@Vikchee не го скратувај бебето од цицка, нека е на неа аконтреба и цел ден, така се теши. Кога имате грчеви пуштај бели звуци на телефон, фен, правосмукалка, аспиратор, дожд како врне со грмотевици. Многу мајки дават пробиотик, чајче за грчеви, капки, топла крпа или тетра пелена на меше( веќе ти пишаа топлена со пегла, не директно на меше) виткање на ногички, лежење на стомаче ( коала позиција, обавезно со надзор)! Масажа на стомаче, промени млеко, бејби лов, аптамил, новалак итн. Ќе поминат, тоа е, друго чаре нема. Акомимаш уште млеко нека ти е по цел ден на града ако треба, не го скратувај, така се теши и сака со мама гушкање. Колку пати Ад му даваш у ден??? @Starlič @flower30 како стее со бебушии, одамна ве нема??
Скок. И бебе беше ваков. Вчера па цицаше на секој саат ипол. Ноќта 6 пати само.. Еве го вечерва 2 пат станува добар е за сеа. Ама се очекувам од скоков веќе
@ddevojce Фала душо што не мислиш. Добри сме, да не речам супер. На свеж воздух сме кај моите. Ноќите ги спиеме како топ. Си легнуваме во 23 а се будиме 9,10, сега уште нанаме. Приметив дека бебуш не сака веќе од млекото да пие,како да не ја заситува, па сварив малку гриз и и давав со лажиче, бараше уште. После и во млекото по една лажичка и ставав, и така пиеше. Не ми го плука го јаде. Варевме и компичиња, и тоа и давав. Ама не давав од двете секој ден. Немавме мака со грчеви воопшто. Почна многу чај да пие, до 300мл дневно. Нели е тоа многу? Пробав чиста вода да и давам малце да пие, не сака да ја смисли. Каде има тикви да купам? Што друго се даваше на сам почеток, тиква, компир и морков ли беше?
Drzi go vo forma na avion znaci svrtrno so glavata nadole a pod stomaceto da ti dojde rakata.Taka custvuva toplina.i se smiruva.
А како напредува во тежина? 300 мл чај е премногу,на пример моево 6м вода пие до 120мл на ден. Колку направивте? Со цврста храна се почнува со јаболка,круша,слива,банана,морков,компир,тиква,тиквица
Здраво мајки, не пишувам често но 2 недели не знам што да правам од грижа па решив да ве прашам. До 8 недели бебушките јадеа по 100мл на 4 часа кога АД кога молзено и супер напредуваа. Но од 8ма недела навака(денес се 10 недели) едвај по 50мл пијат со мака по 1 саат ги раниме. Вриштење, плукање, туркање шише...
Искрена да бидам, се немаме мерено брзо време. 3ипол сме. Како ги подготвувате вие кашичките? На пример тиквицата, морковот, јаболкото?
@ddevojce фала што не помисли. Со @Dikinzi зборевме да "дојдам" во темава ама заборавив Добри сме, фала богу бебуш е добар. Дечко прав Се превртува ко вртелешкаНе успеав и овојпат да дојам(утнав многу и многу, премногу се каам), ама тоа е. Супер си напредува. Се смее, гуга, вика Јас чајче имам на Бекутан(отпосле прочитав дека содржело шеќер) ама давам ако ептен порано сака да пие млеко па да го засити малку(совет од педијатар), дека е само на ад. Или еве кога е нервозен многу, се лигави и му давам само 50-100мл чајче дневно. Ама се случува во неделата еднаш. Инаку се мислам да не вади заби, нервозен е кога ќе му дадеш глодалка, лигави, рацете се му се во уста( а знам дека и за месеците тоа е нормално и без да вади заби). Поради ситуацијата не сме биле 1,5 месец на контрола, а сега ќе полни 5 месеци и сакав да се консултирам од кога да почнам со дохрана. Мислев дека ќе знам, ама се сум заборавила Вода не давам, по препорака од патронажна сестра и педијатар. @Starlič и јас мислам дека е многу чај дневно. И со дохрана се почнува по малку. Прво даваш 2-3лажички за проба и си тераш со млекото. Се пробува еден производ (овошје или зеленчук) 2 до 3 дена. И после се по ред. Откако ќе се проба се почнува со еден оброк. Пример сабајле доручек каша, после се млеко. Така ме советуваше педијатар со ќерка ми, така правев. Ама секако нели, секој се консултира и тера како мисли Едит: видов дека е 3,5 месеци и мислам дека е премногу мало за каши и за пробување вкусови. Мое мислење. Поздрав мајки, имајте убав ден па ќе навратам пак(јас понекогаш и досадна станувам со прашањата), ама овојпат мислам нема многу, дека ми е второ дете
На 5 полно месеци почнавме со пробување вкусови,почнав 3 дена јаболко,варено како компот со вода,па 3 дена круша,потоа ги измешав двете и од следниот ден почнав со банана 2 дена,слива 2 дена итн Се давам варено и овошје и зеленчук. @flower30 јас па мислам подобро е вода место чај со шеќер да му даваш,и со водата ќе се залаже ако е целта да не пие млеко. А и добро е да се навикнува на вкусот за кога ќе почне со цврста храна да сака да пие.
Не знам, јас и со ќерка ми така ми викаа, а видов една статија деја до 6 м не се дава вода. Вака, не би требало ни чај, де. Ама така ми кажа педијатар од Детска Клиника и терав. Секако ќе почнам сега и со водичка.
@Starlič мило ми е дека сте добри. како шо ти пишаа и др мајки 300 мл чај е многу, и порано ти пишев ско се сеќаваш, ти реков за моето дека е помало од твоето да пие максимум 50 мл, а твоето 60-70 мл дневно. За кашички и за гриз уште е многу мало. Не му давај. Уште не знаат да се вртат како шо треба, не се спремни ни да седат, ниту да голтат. Не знам дали знаеш, ама многу рано воведување на цврста храна може понатаму да предизвика проблеми, можни реакции итн. Бебе не знае шо е добро шо не, на сила може да му бутнеме се. Најдобронамерно ти велам. Ако видиш на кашичките сите почнуваат најрано од 4 месеци, вие ептен рано. Напрај пауза, почнете по 4 месеци. Ако млеко не сака да пие не значи дека не го сака, можеби е во развој, го мачат можеби жлебинките некое запче. ( големата извади на 4 м) ако ме го заситува појачај доза. Кога пие чај место нема у желудниче за друга телност и за млеко. Расмисли мајка. @flower30 убаво шо пиша, како си ти сега, паники те фаќат ли мајка бебињата и на ад си растат ич да не се секираш. Нормално е да лигави, им се лачи плунка и можеби запче ами мајка ри рекле вода да не даваш, и чајчето шо го пие е со вода мојата пие по неколку лажички на ден. Вчера пробав да и ддам чајче на хип, трипљти по ред ми се искака прочивче и стомаче како да ја болеше, и мене ме болеше стомак минатите демови па вечам од мене и она да не прима. И така не ни испи многу. Ќе ја нудам по малку. вие сега уше малку ќе почнете со дохрана, давај вида да ти ја прифсти оти и лето иде, течности си требат, за вода нема замена.
Знам, знам за чајчето ее па нема да ми е интересно без паника си хистеришам по малку. Ќе почнам и со дохрана и со водичка. Секако, пишав чајче многу малку давам. Колку направи бебуш?
Јаболко банана круша, такви овошја, јас само 2 - 3 пати дали варев, после само блендирав и давав. А зеленчук, како батат, морков, тиквица, брзо се варат, ќе ѓи исечкаш помали кругчиња, и се варат за некои 15 мин, после блендирај и готово Мајка, прво нема жена шо не згрешила кај детето, битно е да е живо и здраво друго не е И не досаѓаш ич, добро е да си тука и да муабетиме
Абе дај кажи колку месеца се тоа Ни недели разбирам ни бутур Немој да се сеќираш за малите, чим и двајцата така прават, тогаш се е во ред. Ако беше само едното тогаш е друг муабет. Ама чим и двајцата така прават ваљда си минат некој период .