Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.781
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла дека треба да си ја гледаме својата работа, форумот го користат многу мајки и за информации и едукација, ако не се укажува на грешките, може да станат вистина.
    После плукаме по државата, а ние сме криви, овде да не се мешаме. Некои држави одлучуваат бебето кога ќе си легнува и во која соба ќе спие, овде ние се сами си знаеме.
    Како велат би д чејнџ ју уана си ин д уорлд. Не се мешаме на мајката, само јавно укажуваме за грешката што ја прави за да не ја повтори друг. Толку можеме!
    Ако се држиме за тоа како не ранеа нашите баби ( мене и тогаш не со компири и мајка ми ме доеше ексклузивно до 6м без драма)треба и ние сега истото да го правиме??? Чајот, манџата, густи сок и на шетање да ја летниме. После болен сум, пууу е*ати здравството во мк.
     
    На Tanjus, The Unicorn, *malenavolena*87 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    25.041
    Пол:
    Женски
    Кај виде осудување?
    Ова е форум, а не збир на баби од 79та со искуства.
    Уствари компириве не што се за осудување, туку и за нешто друго ама ај.
    За другово нема да коментирам ништо.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    6.164
    Пол:
    Женски
    Не сум ја знам оваа маст. Ама знам дека мора на почеток да се мачка :D

    И со првото и со второто бев спремна за нив, знаев шо ме чека ипоминав лесно. Плачев само од трауми од пораѓајот, за друго немав мака.:hug:
     
  4. bravemum

    bravemum Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Леле камо барем пола да бев ко вас..
    И кај нас планирано, но не планирав да враќам трауми од детство,булинг и насилници што ми создаваа проблеми, се опседнав со нив и имам нејасен страв.
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    2.234
    Здраво мајки :)
    Ние еве ја почнуваме 5та недела и мислам како ја почнавме од вчера вечер беба е покенкава, сака само в раце, кога цица ќе поцица и плаче на града и така се во круг. Во спиењето е многу немирна, 'ржи,мрда, прета, плаче.Мирна беше не плачеше освен за јадење, сега си плачи и без причина.Беше многу тешко да заспиеме вчера.Предходно какаше еднаш во еден ден сега почна повеќе пати.
    Дали е скок во прашање или нешто не и е погодено незнам.
    Кај вас како беше 5та недела, дали и вие се соочивте со истото?
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.512
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    Има скок во 5 недела, да. Инаку ако плаче без причина, плаче за во раце, сака близина. Ние секогаш си плачеме за во раце, па се зезав бебе мое во вечен скок е.. За спиењето кога како, спие некогаш мирно некогаш прета. Сеа сме и ние во скок во 3 дена смени 10 крајности, ама еве како да се стабилизира сега да не го урочам. Бебе е, не пробувај да му најдеш цака, нема. И кога ќе мислиш си го знам бебето, ќе те изненади со нешто. Се се очекува во првава година.
     
    На Ms allways right и BY<3 им се допаѓа ова.
  7. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    2.234
    Еве сега заспа од што се умори од преткање :D
    Инаку вие која недела сте сега ? Кој скок го минувате ?
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.512
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    4ти, по термин сме 18та. Ова е прв скок што поубаво го осетив. Бев сигурна дека имаме фатено ред барем за спиењето навечер, па неколку вечери на секој саат се будеше, тоа највеќе ме изненади. Ќе видиме понатаму, има време. Ама дури сега сфатив дека стварно не си на чисто со бебиве, преку ноќ може да се претворат во друго бебе :D
     
    На Ms allways right и BY<3 им се допаѓа ова.
  9. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    2.234
    Мора да се држиме :D
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kockichka

    kockichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    2.758
    Пол:
    Женски
    Значи искрено јас не ве разбирам ни вода и чајче зошто давате до 4, односно 6 месеци, ама ова со компирите ставрно е претеризам. Два милениума требаше да поминат за да откријат дека на бебињата им треба само млеко на почеток, нешто што другите цицачи го знаат цело време. The joke is on all of us, али тоа е друга тема.

    Децата сме ги родиле ние, ама немаме право да им наметнуваме штетни верувања кои се опасни по здравјето. И децата имаат свои права, без разлика кои им се родителите. Сите ќе згрешиме милион пати како родители, зошто никој учен не се родил и никој нема челични живци... Ама, при толку многу информации на располагање, нема оправдување за глупости, особено вака во серија. @Starlič баш зошто е твое дете, еве остај не' нас овде што зборуваме и те молам прочитај некоја научна студија за исхраната на бебињата. Верувам дека ќе те исплашат сите можни исходи.

    @BirMelek @Мариаа. @FreeMind, полека со тоа мислењата, ќе ми ја вратите вербата во човештвото :clap: :D :rofl: :l:
     
    На Annath, flower30, Мариаа. и 7 други им се допаѓа ова.
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.041
    Пол:
    Женски
    @kockichka ако ти ја враќам вербата во човештвото блокирај ме на лош пат те носам, он е веќе у неповрат заминат.

    На секој клик на темава се враќам да го препрочитам на девојче последниот пост со чуждото дете, касавет, петел, скеле и не знам дали е само до мене но почнаа и стомачните и оние на лицето да ме стегаат.
     
    На TeddyGrey, The Unicorn, *malenavolena*87 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. FemmeFatale

    FemmeFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Буквално се вклучив за скроз истото мислење да го пишам(y)
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.512
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    Се, се.. Ама секоја чест на храброста на некои мајки да даваат храна на толку мали бебиња и ред други работи што стручни лица кажале да не се прават. Тука на форумов нема многу такви, ама кога ќе прочитам негде дека даваат тетрапак млеко на 4 месечно бебе и ред други коментари од типот на: комшика ми ги израсна децата со прашок за пудинг и вода, неубаво ми доаѓа. Па уште ништо не им фалело. Од кај знаете вие дали им фали нешто или не? А трајни последици какви може да има? Па стариве кога ќе почнат во наше време во наше време. Ало, чуму напредок на медицината и технологијата кога вие се негирате и терате по свое? Од каде таа самодоверба? Секој си одлучува за своето да, ама имајте малку страв од тоа што може да им го направите на децата. Не почнува и не завршува се со вас..
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    За жал во нашава држава има социјални случаеви каде што бебе хранат со брашно и вода. Како магарица плачев за таа жена што била принудена да го храни така своето 4 месечно бебе.
    Има фамилии каде што тетрапак е единственото млеко што можат да си го дозволат. За тоа да бидеме реални одговорни си се самите родители. И они не скокаат како пауни дека арно им прават на своите деца. Него гледаат тие бебиња да преживеат.
    Но,штом знаеш да користиш форум,си купила количка,купуваш алишта за бебето а не позајмуваш бидејќи сето тоа знаеш да го сликаш и постираш, треба малце да знаеш дека бебе од 3 и пол месеци не се храни со компир,не се додава мед во ад млеко,не се дава гриз.
    Оваа група е за совети и искуства,сите тие сме го поминале овај дел па ги кажуваме нашите искуства а тоа се дека греши мајката.
    И не напајѓајте како хиени кога ке кажи некој дека греши. Подобро сега нека научи додека не е доцна.
     
    На Sofi.ja, Larahappy, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  15. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.019
    Допаѓања:
    12.407
    Пол:
    Женски
    Да, скроз истото. Сега бебе е полна шеста недела, посмирено е пу пу.. :)
    И со 'ржење плачење многу, сѐ ко без врска, ко да не знае ни сами зошто.
    Инаку читав дека кај мали бебиња постоело тн. Purple crying фаза, минлива со тек на време
     
    На BY<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kockichka

    kockichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    2.758
    Пол:
    Женски
    Ич не се секирај за мене, имам матична бајачка, штом скршнам од пат, одма ме враќа назад.
    :rofl::rofl::rofl:
     
    На TeddyGrey, *malenavolena*87, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    8.221
    Допаѓања:
    147.400
    Не треба толку со напаѓања, ама што треба да се каже совет, и некој кога греши - треба. Искрено, не верувам дека педијатар дава такви совети, ама па може и да постојат такви. Ако е прво бебе, тогаш па комплет со се, се прават грешки. И плус старите со "еее што ви фали и вие така јадевте" :(
    Или, аман бе само по прегледи одите, кога сме трудни.. Да, порано не оделе ама скоро во секоја фамилија умирало по едно бебе. Сега, подобро ќе одам почесто на контроли отколку после да се "јадам" од нервоза.
    Има бебе готвач, има совети од тука, има препораки од СЗО, имаме интернет се да прочитаме. Сега, ретко кој слуша совети "ко порано што правеле".
    Јас пишав, ме пукнаа на бебе од 3 м да му дадам тетрапак. Дури добив "јас ќе ти купам и ќе ти донесам, ти ќе мора да му дадеш" :@Е не мора!!! Јас сум многу никаков карактер што сите ги слушам, ама за бебе реков не. Не може 100 педијатри, СЗО и други учени доктори да не знаат, а мајка ми и свекрва ми повеќе да знаат. Или, го носам на лекар - ако се поклопува со нивното мислење" браво, слушај го докторот". Ако не е по нивно - "еее многу знае тој, сите доктори се вез врска:D"


    Јас овде имам добиено многу корисни совети. Ако претходно сум чула и имам исто мислење терам така. Ако нешто не разбирам или мислам поинаку, се консултирам со доктор и ако одобри така правам.

    За вакцината, кај син ми се појави ко брунче со гној, а кај ќерка ми нема ништо. Ниту па доктор или сестра кај вакцините ме имаат прашано или проверено за белег(а ќерка ми има 4год.)
     
    На Sexybaby86, elenaklasik, koritsaki и 4 други им се допаѓа ова.
  18. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    2.234
    Баш те помислив денес, ми текна дека околу оваа недела ви беше скокот...Ајде ваљда ќе сврзиме 8 саати сон после 3 години :rofl: Битно минлива фаза се скоковиве.Колку дена траеше кај вас ?
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.512
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    Минлива се, ама првата година повеќе си во скок отколку што не си.. Траат по месец и јаче. Овој првиот само е една недела
     
    На *malenavolena*87, Ms allways right и BY<3 им се допаѓа ова.
  20. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Леле жено вчера и ние бевме за вп социјално вечерта :( и мојата не сака да цица се дере на цел глас а гладна па ја смирував ја успав за да можам да и подметнам цицка. А денес па ја шетав и така ја залажував за да цица.... Колку ке трае ова??? Знае некој???