Аман за сон не прај муабет. И вака се навикнавме, дур да станиме од сабајле, кон 5 сатот, после летам цел ден . Траеше не знам како да одредам, околу недела дена, ама и пред тоа почна да е потежок за некои работи, кемкав, тешко заспиваше па после скокот отприлика една недела и сега кога како, нема ритам, како ќе се погоди денот. Ќе кажиш кај вас како ќе е
Кај нас ептен тешко заспиват денски, кенкат, плачит, се виткат. Пола саат го држам на града дури убаво се зацврстит. Да ве прашам дали секој ден ги бањате?
Исто,исто и со нас Да секој ден ја бањам. @elenaklasik @elimkd Успат да прашам дали давате цуцли лажливки?
И кај моево, една дремка му е кратка, значи брзо заспива и ќе му се почудам како така и за пола саат е станат. Брзо заспан-брзо разбуден. И после попладне има една подолга дремка, зависно дали два или три саати. Некогаш и подолго. Тоа е, нема тука дневен ноќен ритам. Како му е мерак на бебе. И јас тешко го заспивам, кратко му е сончето, ама мали се. Негде прочитав дека и спиењето спаѓа во вештина кај бебињата и се учи подоцна. За капење, на два дена цело, а одмивање секој ден, кај пеленскиот дел.
Оф, давам јас ама ја нејќит. Ни релаксатор ми нејќит. Ај шо да му прам, хаха, како свирит така играме.
И кај мене ја неќеше, мислев дека не ја сака и мислев ја плука но сфатив беше премногу мала неможеше да ја зафати убаво првите недели. Денес за прв пат ми текна пак да пробам и на мене со цуцлата заспа и така во креветче ја ставив, можи мислеше уште на града ми е Цел ден никако не спиеше ама ете успеав некако за денеска после цел ден неспиење.
Јас до 40 дена го бањав секој ден, а сега веќе секој втор ден. Лажливката ми е спас кога ќе се подразбуди или кога кенка го ставам во позиција за цицање и му ја ставам во уста, по совет на една членка тука Ја користам на чико, само таа ми ја сакаше. Како расте мислам дека повеќе сака да е буден. Само гледа, се смешка на едни мечиња што му висат на релаксаторот, сака да се мази.
Моево се враќа во нормала има момент кога несака ама знае дека нема друго па се помирува со тоа и цица ние сме 5 дена вака значи околу 1 недела додека се врати во нормала
Секој ден откако е роден, сега е 9+, со исклучок на две три недели кога беше најстудено. Тогаш го бањав преку еден ден. Газе секој ден, освен ако се погоди да не кака баш тој ден.
Женски измолзено млеко кое претхосно било во фрижидер (обичен) па извадено и подгреано, колку време може да стои на собна температура, или може да се врати во фтижидер, или треба да се фрли? Неколку пати спремено така малиот не го испива, и не знам што да му правам.
Му давам ама џабе не ја сакат, ретко како што пиша членката подолу во позиција за доење. Иначе имам приметено кога слабо е спиен уште потешко заспиват, се чудам и сама како издржувам со еден саат спиење, а некогаш и помалце
Штом е извадено и подгреано не смееш да го враќаш пак во фрижидер. Може да стои до 4 часа на собна температура, потоа се фрла
О супер, 4 часа е петка. Џабе фрлив неколку порции А може пак да се пригрее или така на собна температура го даваме?
Моите ви ист ден примија и шестовалентната и ротата во муце што е. Добро поднесоа, без реакции. Ни остана во јуни третата доза и готово со тие. Се надевам дека пак ќе поминат лесно... Да се надоврзам на муабетот од пред неколку страници. Мајки, темава е совети и искуства... Мајката сподели искуство, неистомислениците совети. Толку. Ај да не ја полниме темава со неубаво. Туку, сакам да се потврдам. Пишав дека од пред некој ден завршивме со пробување вкусови и веќе 4-5 дена да речам, имаме цел оброк. Месец дена од воведување на прв се препорачува да се воведе втор, така беше? Ќе не фате 7,5 месеци... Ќе ги држе ли само еден оброк до тогаш??
Jas majcino mleko od frizider go stopluvam samo pod mlaz zeska voda i potoa go ostavam malku na sobna temperatura i mu davam da pie, sto ke ostane go frlam najmnogu za pola saat l.
И јас некако така си претпоставував, ама не - 4 часа било ок. Ете сега ми потврди и советничката за доење.