Нај убаво да се посоветуваш со педијатарот. Зошто секој различно ќе ти каже (зависи од мислењето на педијатарот) моето е 7 месеци и има три оброка.
Да, ќе издржи оти пие и млеко, има дечиња што не сакаат да јадат, и до година дена со тек тук некое јадење се само на мајчино. Оди во групата за здрава храна здрави деца ќе најдеш исти прашања
ДојдовИскрено ја имав заборавено темава. Ве оставив да одморите малку од мене Добро утро Можно ли е бебе, скоро 5 м да има пак грчеви? Овие 2 дена плаче и ги тегне нозете, онака цел се исправа кога плаче? Видов дека и кога е гладен плаче. Па сега дали е од тоа или го боли меше? Со ќерка ми поминавме грчеви до 3,5 месеци и после немавме ваква мака.
Ставам и јас крема на веледа, ја променив првата. Лиценцето и е меко. По бањање исто со масло и пак кремче.
Ланолин обавезно, ако не си во можност тој на Медела да го земеш земи на Сенсилис (170 ден) го има во Зегин мене и тој мноооогу ми помогна. Инаку и јас имав проблем на почетокот и покрај тоа што беба супер цица од сам старт и одлично напредува, но сепак разгледај на нет има доста клипови како треба да е устичката на бебенцето
@flower30 можно е, и мојата се исправува како пушка, се оптега и се црви. Ново кај нас - вчера не какаше, цел ден тркаше, еве и денес и не знам како ќе се одвива сутуацијата да не не затера некој запек?! Рано е уште ќе видиме. Сакв сок од слива да пијам, ај можеби од млекото ќе делува кај нејзе. Па немаше у маркет синоќа и си купив од грозје јас ќе пијам чаеви за грчеви шо се, ќе и дадам неколку лажички да не ја боли меше.
@ddevojce @kockichka па обично немал мака овој период, ама сега плаче и баш ко што кажа Ддевојче како пушка се оптегнува. И не пртка после. Сега и поголем е, па онака плаче појакои мама одма си вика "леле нешто го боли"
И син ми така прави од раѓање и уште, се тегне и вика ама не знаев од што искрено.. Ретко се дешава, обично кога се успиваме.
Ве молам, дали знаете некоја маст за пеленскиот предел кај машко шо можам да го намачкам синчево? Како црвено малку му е...шо да ставам, мислам дека го боли
Газето или кулето? Ако е второто, ние сме биле црвенки неколку пати, ама не сум ставила ништо на него, на бањање исплакни го убаво , ќе помине. А за гзето судокрем еднаш кога маалку се осипа ставив
Мојата повремено имаше грчеви и на 10м Инаку исто така праве и кога ваде забче, ги тегне па ги витка ножињата. Дури и некогаш испушта гасови , јас си поврзувам со тоа што се напиња од болка.
Ако е газето, мачкај со веледа крема за пеленска регија. Доколку е курето, и доколку не го отвараш, прати слика на педијатар.
Нема потреба од секојдневно бањање, на три дена е доволно. Секој ден само газето одмивај го. Со секојдневно бањање се уништува заштитниот слој на кожата и станува поосетлива и се суши.
Лигави многу, бели му се непцата, бута раце во уста. И јас мислев заради запчињата е, ама знам дека може да помине доста време додека да излезат. А вака почна да прави сега пред 2 - 3 дена,посебно ноќе. А имам Судокрема отворена од пред 2 години, може да се користи таа уште? И кај син ми има на препонот црвено, може од Мустела за пеленска региха да мачкам, така? Ми дадоа тестери ид Мустела кога лежевме во болница, а за ќерка ми не сум ставала. За бањањето-ќерка ми секој ден ја бањав. За син ми кога беше патронажна рече на 2-3дена. Го бањам на 3 дена. Сега кога ќе затопли или на 2 или секој ден ќе биде.