Ние ја користиме кремата на Babygal розевата. До сега ниту еднаш не се појавило црвенило. На лице не ставаме ништо, буквално со ништо не се мачкаме. За бањање ја користиме купката Rilastil препорачана од перијатар бидејќи од претходната имавме на неколку места како лиши, а сега со неа кожата ни е мека и мрсна, може затоа немаме проблеми со брунчиња по лице и црвенило. Се бањаме секој ден, тоа обично го правиме во период од 17-19ч. Сеуште се плашам да ја бањам сама, чекам сопругот да си дојде од работа па заедно го правиме тоа. Дали е многу доцна тоа? Што користите за коричките на главчето? Веќе некое време ги имаме, оставив сами да поминат ама некако не поминува.. И да пишам уште нешто. Само два пати дадов гриз, и еднаш компир во рок од неколку дена. Дадов бидејќи не пие мајчино млеко, а знам дека е многу по хранливо отколку адаптираното. И педијатроот рече дека може да се почне со дохрана. Можело и ориз и овес да се дава, тоа не дадов. И не јас воопшто не сум лоша мајка. Не би сакала да му наштетам на моето дете. Поминав и низ постпородилна депресија ама не сакав да и наштетам на ниту еден начин.. Не требаше воопшто да ме допрат некои коментари на дел од членките ама сепак тоа се случи... Ме натераа да се почувствувам како идиот што не знае што прави. А тоа воопшто не е така.. И јас сум мајка како сите вас, може новопечена, изгубена, во паника, уплашена, на моменти бесна.. Ама јас своето дете го сакам исто како и вие вашите..
Sekako da ne ja vdise... Na mene stavam i i vrtam veatce na drygata strana. Pogolemite 2 gi banjav sekoj den. A tretoto na dva dena od koga se iznaslusav se i sesto.
Мајка каков крем користите на Биодерма? Ние користиме Биодерма Атодерм мислам дека почна да се средува лицето инаку и јас си крадам
Според мене не е доцна за бањање, нашиот ритуал е во 19 и 30 секоја вечер бањање средување цицање и креветче
Штом си дала само 2 пати се простува ете не прочита и сите нас со нашите совети кон тебе и мислам дека треба да прифатиш варем нешто. Јас првото дете го доев едвај 2 месеци, не бев ич упорна и израсна со АД, до 6 месеци ми беше само на АД, а после 6 почнав со дохрана. Второто го доев 18 месеци ексклузивно, до 6 ми беше исклучиво на доење, штом наполни 6 почнавме со дохрана, ама ич не сакаше и не знаеше лажиче да прифати, устата не знарше да ја отвори на 6+ едвај се навикна некаде кај 7 месец можам да кажам почна убаво да јаде. Сега третово дете исто е на доење само и планирам, здрсви и живи само, 6 месеци да е САМО на доење, па после со дохрана.
Од кога се родени и двете ѓи чешлам со четкичка на главчето за тие корички, само на бањање. И двете немаат, од Томи Типи е четкичето.
Јас на врат, под пазуви, препони и сите свиткувања ги мачкав со павловиќева првите неколку месеци кога беше буце. Прво убаво бришам со тетра, со тапкање секако. До сега ниту еднаш се нема вцрвено. Читам многу од вас велат бањање на три дена, мене двајца педијатри ми рекоа дека бебе се бања секој ден. Кожата ни најмалку не му е сува, нежна кожа има, ни бебешки акни немаше. Првите неколку месеци бљуцкаше затоа што прецивуваше и обавезно во врат му се слеваше, се покакуваше до мишки и си имавме ритуал. Сега лази, јаде со молење што значи цел е зашлакан со храна, и не ми се остава така небањат.
Имам и јас такво, не ми е од фирма, од аптека го имам купено. Некако страв ми е да ја чешлам со тоа, се мислам дека ќе ја повредам, а сум пробала на рака не гребе
А какво е тоа чешле сликнете ми, пошто на мојата со frezyderm пробав не помага само и го мрси главчето а крустичките си стојат
Не се сомневај воопшто во твојата мајчинска љубов и грижа . Никој не го сака твоето дете повеќе од тебе. Тие шо те нападнаа уопште да не те загрижуваат и повредуваат оти тука истурат гнев,игнорирај ги. Наместо да те советуват и дадат мислење како шо доликува на една мајка, почнаа да скокат со напади. Катастрофа!! Па едната дури исшпионира да дојдат другите и да почнат кавга Јас ја бајнам преку ден или преку два, зависи дали сме излезени каков ни е денот, можеви соие итн. Помеѓу 18-20 часот ја бајнам. За коричките ја мачкам со бејби масло кога како, заборавам. Да ја мачкав неколку пати едно по друго ќе ги снемаше, ама не е страшно, уште малку има. и денедка не се искака, втор ден. Прди по цел и стомачето нонстоп и бучи.
Да, и моето и исто ,само малце по бујно, нема шанси да ја повредиш, уште од коа се родени секое бањање со тоа ѓи чешлав, за да не дојде до корички, а сега кога имаат имаше некоја маст им ја ставаа, за да им паднат оти ѓи чеша,а можело и корузи да им се направат
Мајки што им ставате на вашите бебиња во корито под глава? Имате некое перниче или анатомско лежиште?
Корузи по Велешки е на пример кога ќе паднеш или убаво коа ќе заринкаш на земја И нели почнува кожата корувчиња да фаќа, така и на бебето главчето. На јатрва ми малата, не знаеш колкави и беа на главата, абер немаше да и ѓи ичисти, па свекрва ми и ставаше зејтин и ја чешлаше со чешле со повеќе забци за да можат да испаднат.
Mojata nema voopsto,od sto se pravi toa? Ni drugite dve nemaa. Mislam znam deka ne e nisto strasno,samo ne mi e jasno od sto se pravi.