@Starlič и јас ти пишав за дохраната, дека не треба да даваш, ако те навредив извини. За мајчиното дека е подобро од ад е 100%, ама не е дека не е хранливо. Во смисла, да "обичен прашок е", ама е храна. Ќерка ми со ад ич не напредуваше, син ми со ад(фала му на Господ) супер напредува. Јас мислам дека е до детето. Прати ја дали ќе прави пак така, да не пие многу. Може било момент. За бањањето мислам не ти е касно, јас и во 20 - 20.30ч го бањам некогаш. Чекам да се наспие па бањам. За јадењето, многу е мала за толку работи да и даваш, според педијатарот. Не знам колку имаш доверба во него/неа, ама ако не консултирај си и друг педијатар. Стварно мислам дека на 3,5 м толку работи да даваш па и овес одма, јас мислам не треба. Значи почнуваш со јаболко, банана, компир, морков. Ама пробуваш 2-3дена по 2 лажички и после нова намирница. Не оддеднаш да и даваш. Така пишува, така ми кажал педијатар, така правев со ќерка и здравје сега и со син ми. Јас утре ќе се консултирам со педијатар и ортопед, телефонски. Ич не ми се носи по болници. Требаше да правиме контролна крвна слика, па се надевам дека докторката ќе дозволи да почекаме уште малце. А сакам да го однесам на контрола, и на мерење, да се консултирам за дохрана, за седнување.... За тие сувите на глава и моето има, јас моментално не третирам со ништо. Имав од ќерка ми такво чешелче, ама она си го земала во играчките и си игра со него и шубе ми е да го користам. Или па да го поминам со алкохол, па да го користам.
@flower30 стави го чешлето во машина за садови или во вода што врие.Мојава нема такви корупки,ама читав дека не смее да се корнат или лупат,ке паднат секако..
Mamicki, bebceto e vozrasno samo 10 dena, do pred tri dena bevme kombinirani so cicanje i AD na sekoj tri casa i kakase gusticko, a sega vekje tri dena sme samo na cicanje no kaketo e mnogu retko so zolto kafeava boja? Dali bi mozelo da bide retko od promenata ili ima nekoja druga maka?
На почеток и ние бевме комбинирано со АД...Сега сме ексклузивно на цицање.На почеток не ми какаше ради промената ама и се навикна стомачето и сега кака 3 4 пати во ден.
Од кога е родена 5 пати дали и имам дадено АД, и тоа 3 пати беа во болница дури ми стаса млекото, дома еднаш сопругот за да не ме будел, му се налутив, и еве уште еднаш да ставам ама не се сеќавам, од тогаш е на доење. Кака на 2- 3 дена, и не му ја мислам. Има такви дечиња. Денеска бевме на вакцина, ете и ја дозволив 2 вакцини наеднаш, прво се консултирав. Ја мереа, и точно за 1 месец имаше качено 450 гр. Минатите 2 месеца, ми качуваше скоро по кило на месец. На 2 месеца имаше 5200 гр. Докторката ми вика 20 гр дневно е минимумот а јас знам дека минимум е од 15 до 30 гр дневно. 500 пати ме препраша дали ми плаче, и викам не плаче, си плаче коа и се јаде, и коа и се спие, ако е гладна има да вришти од вриштење. Тадури и почна да го врти муабетот да и дадам АД, секако ќе ја ашнев, ме праша дали давам и чај, не и викам, само на доење е. Добро рече ај нареден месец ќе видиме колку качила пак, ама вака пу пу пу ми изгледа за доста активна, жилава. Знам дека на почетокот качуваат најмногу, а после килажата не се качува толку многу, и затоа не ми е за плашење, што би се десило ако качува по 1 кило на месец На една година ќе биде спремно за на школо И така, останува да следам реакција денеска и вечер, и температура дали ќе ми качи. Убав ден
Поим немам, баш вчера коа пребарував слики пишуваше од што е тоа, ама не земав да читам. Пиши теменица, и ќе ти даде.
Ова е перниче за бебе? Ако е, барем јас за двете деца не користев перниче по совет од ортопед. Ми рече никако перниче. Ако не дај боже има затното носе, хрчи(што е нормално за бебе) тогаш перничето се става под душекот, не директно под главче
Леле сега видов пишувало heat ја head видовизвини Јана, не видов. Јас термофор немам користенл, ама знам мајки што користеле за ублажување на грчеви
Стои 30 мин. И чешлам и пред и после, кажи ми ако грешам негде најсрекна ке сум да се оправам пошто душичево не се чисти од крустички :/ а таква четка со влакна имам на Chicco мек можда треба да земам друга погруба?
Мене ми беше страв со четка,еднаш поминав му беше црвена главата и чешлав со обичното чешле. Еден час треба да стои маслото, е сега јас може обратно правев ама пробај и вака, после бањање мачкав ,стоеше еден час па чешлав. За 7-10 дена се среди. Вака косата останува мрсна,можеби е подобро пред бањање да се направи постапкава.
Уф можда е твоето во право ама јас ко ке и ставам ко зејтин е цело главче ако ја напраам ваква по бањање сум завршила работа ај ке пробам од вечер пак... Фала ти
А какво масло користите за теменица? Јас имам на Нивеа, дали да ставам такво? Се чул мм со педијатарот, му рекол за дохрана да наполни 5 месеци и некој ден и да почнуваме. Рејол јаболко, круша, тиква, тиквичка, морков. Така беше на почеток нели? Леле се сум заборавила, а поминаа 3,5 години од ќерка ми кога Почнувавме со дохрана. И со ортопедот се чул, во хранилка и количка под агол од 45 степени. Да не го држиме многу во рака оти сега се рсзвива, му се развива градниот кош, да не го гмечиме. Долу на под и таму. Син ми веќе 3 недели се врти ко нинџаод грб на меше.
@*malenavolena*87 обратно оди процесот. Пола саат пред бањање ке намачкате со бебешко масло, потоа ке ја измиете убаво косата и додека е влажна ке поминете со чешел. Моето синче имаше многу малку крастички и брзо се исчистија, за 2 3 дена. Не знам дали затоа што веднаш штом видов одма ги исчистив или едноставно таква му е кожата.