Можеш било кое масло ако ти е само за тоа. Јас бејбилов зедов. И компир можеш ама многу е блуткав кога не е во комбинација. Банана, слива, ориз можеш откако ке ги завршиш тие што ги наброја.
@Dikinzi нека ви е со лесно вакцината. Ние сме бо среда на систематски и тогаш има беба. Не знам може ќе ги поделам. Уште сега ми се плаче. Инсче бебка се искака денес, два дена паузираше. Немаше мака ич се разбуди и почна да пртка и наполни пелени. Ми олесна и на мене.
Фала мила, исто и вас. Одма и ставив Антипиреа, тие траките на местото каде што е боцната, со првото цело време и ставав, па лесно минеше со вакцините, дали од тие дали детето си е такво појма немам Да ти кажам, и мене оти не ми кака секој ден, коа ќе се искака како да ја да сум се олеснила Не сум те прашала, со дадата како ? Се чуваат ли ? @Kallias2 За тебе важи истото прашање
Некои почнуваат прво со зеленчук, као демек прво благо ако јаде после немало зеленчук да сака. Кај другарка ми обратно, овошје нејќе
Знам да. Јас со ќерка ми со јаболко почнав и си јадеше и зеленчук. Брокула кркаше без макаМм кога ќе ја видеше како јаде брокула превртуваше очи(он не јаде тоа). Јас муслам до детето е
Кое прашање срц, за чувањето ли со поголемото? Мојот е 7 години и е ептен напреден за негова возраст и многу разбира и дома сите ќе не продаде со зборување и муабет кога ти прави мислиш со возрасен разговараш и нема шо не знае, се му знае г***т Ја чува сестричката, пошто ни е и многу очекувана и посакувана, ја пази, ја бакнува по 100 пати на ден, колку му викам да не ја бакнува он толку повеќе околу неа и ја милува, ја бакнува додека се свртам слушам сочен бакнеж на образ, на глава, на раче и нема тука што, џабе е се што ќе му кажеш, во едно влњгло, од друго излегло....на тоа НЕМОЈ ДА ЈА БАКНУВАШ он одма ми враќа ТИ КАКО ЈА БАКНУВАШ, епа јас сум мајка, епа јас сум и брат вика и тоа е, на се има он одговор и решение, опасен е ОПАСЕН, да ми е жив и здрав, за некоја година сите у ред ќе не стави Ми помага, ми помага за се што треба и околу бебето и за други работи, паметен син на мајка
Шо го караш оти ја бацува, нека ја бацува колку сака Кај мене поголемата нема 2 год, ја гушка , ја бацува, не и викам ништо Ај кај вас се големи, можете муабет да си правите, ја уште треба да ѓи пазам и двете, рипа скока, може врз неа да се фрли пу пу пу или ако и текне да ја закачи, а малово ако ја здогледа само и се смее , душички
@Kallias2 он е голем батко веќе, си ја сака сестричката. Ќе ја пази, ќе ја чува. Ти само кажи му да внимава и да не ја стиска, не му брани да ја гушка. Мојава е 4г и само го бацува, го гушка силно. Не си ја знае силата и затоа ја пазам да не го стисне силно. Инаку, мерак ми е кога ја гледам така и само ни вика "он си е мое братче, го сакам највеќе на свет" а тоа па кога ќе ја види кога ќе оптегне една насмевка од уво до уво, се топам. Кога го гушка косата нејзина оди кај него во уста, ама битно се смее на сестра муЉубов
@Dikinzi супер сме, се врти околу неа, штом почне да плаче одма трча кај неа цуцла дава и шшшшш лежат на спална ја гушка ако фатам работа низ дома дур се вратам ја соблекла да и менува пелена хахаха. Ја бакнува ја гњави, скока и она околу неа, морам да ја пазам и неа, а тоа малото два ипол месеци штом ја виде одма право ееееее гуууу интересно е. како е бебка од вакцината?
Vie kako so vakcinite ima dosega primena nekoja i vo sreda koi ke gi primi? I nie sme vo sreda i uste neznam dali da gi delam... paniks me faka...
Фала, само тоа. Па истата е да ти кажам, само сабајле повеќе поспа, зошто таму салам поплака, по колата заспа, и дома продолжи. Си заспива исто на саат и пол, и спие по пола саат. Ама ти викам почна да досаѓа на цице, не цица, се лигави, сака да дреме, како цуцла ја користи
Здраво мамички и ние денеска примавме вакцини, наредна недела правиме 3 месеци. Откако прими после сат, два почна и многу да плаче еве више цел ден само се расплакува не сака да цица топло на меше како да ја смирува по малку а грчеви првиот месец имаше но овој месец немаше и поминаа се мислам од вакцината дан ја боли мешето. Температурата нема, мерам со тие како лентиче на чело што се става а и не е врујќа освен кога мн се расплакува. Со што им мерите вие температура на мали бебиња?
Имам 3 топломера,живин, дигитален (оној што мери за 10 сек) ,и како пиштолче еден до чело што се става и мери одма. Јас сум олд скул, и мерам со живин, најточен ми е . Мислам дека не е мешето, него е раздразнета од вакцините. Кај мене на 31 прави 3 месеца, тука некаде сме. Денес прими петовалетна и пнеумокока, кај тебе кои ѓи прими? Нормално е да е топла коа плаче.
Девојки, денес бебче ми какаше 2 пати жолто зелено. Зошто така? До сега си какаше златно жолта боја, сабајле исто жолта, а после тоа 2 пати зелено и жолто помешано Нема колики, грчеви, мирна е, немаме симптоми за настинка, јас не сум сменила ништо во исхраната, освен чајот за колики што го пијам нели за зголемување на лактацијата го земав демњк, оти чај за доење не можам да најдам тука, во кој има неколку билки, ако е од него, друго немам ништо променето во исхраната, на ексклузивно доење сме.
Значи досега скок не сум приметила ама овој е хорор. Веќе 10 дена точно. Првите 3 дена беа лоши, ама ајде почна да се враќа во нормала. Денес цел ден плачеше воопшто не сакаше да цица ни вода ни чајче ама ништо ми е страв да не дехидрира. А најтрагично утре треба на вакцина да ја носам. Незнам што да правам мајки немам веќе ум многу сум психички падната од ова. Никогаш вака не ми било. Дали ќе заврши ова лудило
Да мојава на 4 мај прави 3 месеци. Исто петовалетна и рота која на почетокот кога почнаа да му ја даваат малку и ја поврати но потоа остатокот го испи.Многу плачеше затоа неможев со живен инаку и јас го рачунам како најточен. Ќе пробам и со него ќе и мерам но сега спие и не топла не би требало да има. Се слушнав со педијатарот ми рече најверојатно е од ротата реакција и ако не се смирува да и дадам сируп парацетамол. Се надевам кога ќе се разбуди нема да е толку плачлива инаку ми кака по 3 пати на ден, а денес еднаш од сабајле после вакцината еве уште не е искакана а во 1 часот ја прими. Се надевам само кога ќе се разбуди дека ќе сака да цица и дека ќе е посмирена.
Ааа, тогаш не знам,зошто малава не ја прими сега ротата, од сам старт касневме со БСЖ, бројат денови, и затоа не можеше таа да ја прими. Нареден месец може да ја прими таа.