Ништо не е, исцицала повеќе од првото млеко, foremilk. Не дошла до крајното, помасното, затоа има зеленко. Со првото дете ми се случуваше често и многу истражував и прашував педијатри, па сега со второво си знам и не паничам Најчесто е ова причината, а скроз зелена столица (трева боја) е веќе за паника. Ваква мешано жолто зелена не е (вака ми е кажано од нашиот педијатар)
Се знаеме уште од труднички. Се сеќавам уште кога објави дека си трудна. Оттогаш до сега помина доста време и многу испишани зборови и можам да кажам со сигурност дека сме многу различни, ама сепак си ми драга. Ете баш затоа не преќутив овој пат. Преќутив кога беше кај бајачка, ама овој пат не, зошто сметав дека треба брутално искрено да ти се каже, па и да те повреди, за да го сфатиш озбилно и да реагираш. Во светот сите префериаат некој да ги фали, да им вика браво и ретко кога ќе наидеш на луѓе кои ќе ти ја плеснат вистината во фаца. Тоа секогаш боли, ама е корисно. Жал ми е што си поминала низ постпородилна депресија, знам како е. Жал ми е што се осеќаш изгубена, во паника или бесна - да не сме го осеќале сите тоа во некој момент, веројатно не би ни требал форумот, ама стварно ми е жал и можеме да си споределуваме за да си олесниме. Ама не ми е жал што ти искоментирав и се надевам дека допрев до тебе на прав начин. Се надевам дека бар ќе се консултираш со друг педијатар, се' уште не е доцна. Фактите се' уште се исти. Адаптираното млеко е буквално адаптирано за новороденче/бебе. Компирот и гризот не. И секако дека си го сакаш детето. Затоа его на страна, глава горе и барај друго мислење од стручњаци. Те гушкам...
Мамички, моево буценце има рефлукс, после пиење млекце ако го легнеш бљуцка и почнува да ика. Му купив антирефлукс перница ама пак после млекце мора во раце да го држиме едно 20тина минути па потоа да го спуштиш и пак и тоа не е гаранција дека нема да бљуцне и ика. Иначе има два месеци и 5 и пол килограми и тешкичок ми е. Искуства со ова да сподели некој?
Здраво мајки Случајно наидов на апликацијава за развојот на бебето по месеци, па реков да ја споделам со вас. Детски развој се вика можете на play store да ја спуштите ако сакате
@SanelaS sestovalentna, два шприца се тоа и плус за голтање. Шприцевите да го поделам сакам. @Dikinzi како дте денес? Нормално е понекогаш. Како сте денес?
Пнеумокока и петовалентна. 3 месеца за некој ден. Арни, на секој саат станував ја проверував за температура. Добро помина фала му на Бога. Ама ја отепана за спиење. Не можам да гледам..
Не, вода планирам кога ќе почнам со дохрана од 5 месеца. Со првото не нудев зорле. И ставав во шише секој ден свежа вода, превриена. И и го давав да си игра. Лека полека, еднаш напиј се, два пати напиј се, и си го научи. Така планирам и со второто.
Поддршка. И јас овој скок највеќе го осетив. Таман мислев во нормала сме, ноќеска стана свеж да гуга, па сабајле недоквакан вришти не сака да јаде од што му се спие се тегне, ќе ми испадне од раце веќе. Заспивање другше не знае и онака. Скоков 5 недели трае според апликацијата . Од 15 до 19 недела. Ние имаме уште 9 дена, баш ќе споделам дали е океј кога ќе заврши
Јас и давам по неколку лажички на ден. Ја сака. Ајде штом добро поминАла ноќта, можеби ќе нема реакција. Јас цела се ежам ко ќе помислам на систематскиот утре. Зошто се водите по апликации??
Јас прашав педијатар и ми кажа дека може да трае месец ипол најдолг и најлош скок е овој. Само трпение треба. Денес ја носев на вакцина и некако ми е многу поспана, а очекував да биде исто како вчера. Ќе видиме каков ќе биде денот
Денес примивме 2 една во уста и една во ноџе. Исто како првиот пат. Прашав една сега другата недела друга ми рекоа кога веќе си дојдена ќе ги дадеме двете
Добра е денеска се врати во нормала, не плаче, до сега денес е супер. Педијатарот ми рече дека од ротата и се направиле грчеви во стомачето затоа и термофорот по малку ја смируваше и рече дека пак ако почне така можам парацетамол сируп да и дадам иако нема температура ќе и ги смири грчевите предизвикани од вакцината, ама се надевам дека ќе нема потреба дека ќе е добра.
Фала ти срц на одговорот, читав дека може од тоа да е зелњната боја, од грчеви, од вакцина, настинатост и ако има мајката премногу млеко. Денес еднаш какаше и тоа жолта боја само Попладне сме на педијатар, ќе ја прашам ваш за каката да видам она што ќе ми каже, ќе ја носам да видиме како напредува и најбитното да ми ја измерат да видиме колку ми качила за 1 месец, веќе го ситниме вториот месец, здрави и живи да сме
За да се утешам дека ќе заврши понашањево на бебе во догледно време. Апликацијата како таква не ми значи ништо во одгледувањето на бебе и нормално дека бебето си кажува се. Апликацијата не е за да се водиш по неа направена, туку е чисто информатива низ што поминува бебето во неговиот ментален развој и не гледам зошто штети да се информирам. Некој поумен од мене ја направил.
Najverojatno i nie taka, mislam deka mozokot ke mi se poremeti sum stanala golem panicar. Vie kako pominuvate so vakcinite ?
Ние цело време какаме жолто зелено, и ова што го кажува сексибејби има логика. Бебе мое многу ретко гледам дека стига до мрсното млеко, само ако се успие на цице ептен. Ако му е интересно да набљудува не сака да цица а и ако е многу уморен исто не сака да цица, па гледате колку често се дешава ова..
И ја се ежам цела пред вакцина, го нејќам денот пред вакцината, како да ми виси нешто на глава, и едвај чекам да поминеме од редот. Со лесно да си поминете