Не можааам веќе да нишкам . Како да го научам сам да презаспива моево бебе? Значи ни галење ни тапкање ни шшкање ништо не помага. Секое спиење и дремка додека заспиеме кичма ми отпаѓа. Па вришти како да го дерат не знам зашто и ми се влече надоле. Сега тоа му е најново научено. Со гзот се тегне надоле, ни во количка не сака во транспортер да седи. Го ставам под агол од 45, исто влечење. Се надевам нема навика да му стане ова. Навечер се губам ќе паднам негде таква заспана ме дига одма на нишкање, 15тина минути откако заспал, таман кога ќе задремам.. Не го учев јас на ова жими све, сам се научи
@Cherry333 јас ќерка ми така до 2 години скоро. Не си ти крива, такво е детето. Јас не знам начин да ти помогнам како да заспие сам, веројатно таков начин и не постои Инаку и мојов стана ужас последните 3 дена, вриштење на најјако, нејќи да лежи, нејќи да цица, нејќи во кола итн итн @Kallias2 Супер е тежина за прв месец. Мојот син првиот месец 600 гр. Продолжив со интензивно доење и вториот месец веќе беше 1300 гр. Јас би те советувала дои, дои и само дои. Напорно е, но за месец-два се ќе биде подобро. Не давај шише во никој случај ( освен ако не мочка). И она што мене најмногу ми помогна е аларм ноќе на 2 саати, максимум на 3. Да, тешко е, но повеќе надоаѓа млеко и бебето повеќе напредува.
Ууу машала машалаа бравоо Така и да продолжите, супер си е детето, си имаш и млекце, уживајте Ја мислам дека чим ти се тегне така, дека може не му се спие. Ама тоа е мое мислење. Пробај чим ти плаче за време на нишкање, да го легнеш на кревет, о да му правиш муабет, ако ти враќа и е весел тоа е Рано му е за спиење, значи го продолжува часот, како расте ќе почнува повеќе да е буден. Коа му се спие му се вцрвенуваат веѓичките. Иначе ме изнасмеа, не си го учела ти хахахахаххахааа
Значи како јас да сум го пишувала ова исто ама исто сме незнам и јас што ибе додека да заспие последните денови само се тегне и плаче. Прееска додека нишкав и јас истото си го помислив до кога вака со нишкање
Рано сте бе луѓе Првото го нишкавме до 11 месеца Сама побара да заспива сама Ја легнував во креветче, ја легнував на спална, и она си се вртеше вртеше, и си заспиваше. До тогаш, имав неверојатни болки во кичмата. Од кога престанав со нишкање поминаа.
Па не, дека викаат сте го научиле у раце некои паметни хихи. Иначе ова ми го прави откако ќе се разбуди после 2 минути откако сум го легнала. Му се спие му се плаче, и плаче.. Часот го заборавив, сега 3 пати на ден по пола саат дремнува, што на цице што во раце, ненаспан е цело време. И навечер мораме гушнати да спиеме се искривив веќе, ако мрднам и не го допирам одма се буни. Како сензор да има. Оффф кога ќе ми текне се секирав кога беше помал цела ноќ што преспиваше, па го будев за цице. Сеа можам да сањам за спиење повеќе од 2 саати континуирано
Сакав да пишам ама да не ги демотивирам На 15м изрази желба сама на спална до скоро се нишкавме . Се преродив искрено.
Лелееее фала ви на утехата. Ќе си дадам отказ од работа ич не почнувам. Професионален нишкач ќе бидам
Секој период си носи своја убавина, ама и по некоја мака. Сега се успива сама, ама да лежам до неа додека ми чепка во уста, во очи, ме куби, да и денес ми го раскрвави носот ама битно кичма не ме боли
Големата ја нишкавме до годинка негде. После сама почна да покажува дека сака во креветче, па јас или мм легнати до неа на спална, она во креветчето залепено до нас и така почна да си заспива сама, без нишкање. Сега е 2 години и 3 месеци и уште вака си заспива, и спие сама со своја соба, нејќе со нас и со бебето, голема била Бебкава па, ја легнувам во креветче додека уште е будна, ставам цуцла и пуштам white noise (не секогаш) и ја учам сама да заспива. Засега ми успева, 2 месеци е. За понатака ќе видиме Со големата, ја нишкавме додека убаво не заспие и заспана ја спуштавме во креветче, мислам дека тоа ни беше грешката, ама млади неискусни родители Сега пробувам со бебево будна додека е да ја легнам, ама не ококорена, туку она баш пред да задреме. Не секогаш ми заспива вака, ама 90% од времето да. Пробај и биди упорна, се’ е навика
Ами има дечиња што сами заспиваат, на јатрва ми такви се од раѓање..И ДВЕТЕ Тогаш, пробај ја мојата финта, замотај го во тетра , стегни го , успиј го, легни го и стави му термофор да мисли дека уште го држиш. Секоја ден легнувај го во скоро исто време, одреди си ти кое. Ако стане, земи пак нишкај го, пак остави го, и ако треба 100 пати така, ама не го зимај кај тебе да спие, ако веќе сакаш да го научиш да спие во креветче. Не попуштај, ако треба и две недели прави го истото,ако треба и месец дена. На крајот ќе види ќе невиди, ќе научи и ќе почне да спие. Он е уморен, не може да спие по 10 мин и да станува цело време, на крајот ќе падне за спиење и ќе си продолжи. Да напоменам дека јас навечер кога си легнуваме пуштам и звуци од дожд, и тоа само навечер, цела вечер, и со тек на време ќе научи дека кога е таму и го слуша тоа, време е за спиење. Јас сум многу упорна,и не попуштам, пробај така и не се откажувај. Мачно е, ама ќе помине, ако знае како да побара јадење, акп знае тебе да те препознае, ако знае дека во раце е поинтересно и тпа ќе го научи Значи заспал, остави го, станал пак ннишкај го, пак кога ќе заспие пак остави го, и се така додека си рече за*би воа, ја ќе си спијам. Може ќе плаче, ама гушкај го, пеј му песнучка, ќе се смирува и ќе си заспива. Уморен е и за навечер кратко да спие преку ден, него му треба сонче. Те болеше грб ? Кај те болеше ? Мене ма средина, легнувам на кревет и почнуваше болката. Тета еднаш ми рече дека тоа било 4-тата чакра од мајчинството Доење, нишкање, тежината си го прави своето. Само што ми помина болката останав трудна со второво Еве ја..пак се јави во грбот, со здравје да си ја носам. Се дури се нишкаме и доиме така ќе биде, тоа е тоа..
Таа е болката На средина и како да ти се укочува цело тело. Ќе одмориш за 1год ако не планираш трето, наскоро
И јас ја имам, баш на средина на грбот Ја имав и после првото, а и сега. Две ги родив едно по друго, трето не планирам Јас вака неповикана да ви се убацам во муабетот, се извинувам
Не само да се укочува, него мислам дека и во грло имам кнедла ставено, и сега кога го прочитав се чини многу далеку А да ве прашам, тие што доите дали спиете на меше ? Јас обожавам да спијам на меше, ама не спијам сега ради млекото, се си мислам дека не чини да се стегаат градите, и затоа не спијам на меше. А поради тоа и болката е уште по голема. Со првото од кога ја одбив, почекав уште месец дена да бидам сигурна дека нема ништо, оти ми беше страв. А и искрено и со тоа се поднамали болката.
Да ти кажам, спијам некогаш, после цицање, односно кога ми се празни градите. Ме болат малку, ама ќе си најдам удобна позиција и си спијам на стомак. Едвај дочекав, после цела вечност трудна
Какво извинување таман работа, секој што има болка во грб е добредојден Е да бе таман работа прави уште едно не се мисли