Јас не сум почнала уште со вкусови, ама добив табела од докторката и блитва стои во првите зеленчуци, значи од одма може да се дава. А просо, според табелава после воведување на зеленчук и овошје. Имаш тема за ова, овде помали бебиња имаме само цицаат, а ние новопечени мајки не знаеме што како оди, па помала е веројатноста да ти одговориме.
А вчера ми викашњ педијатарката да и давам да ја исвица цела града па после на другата да ја ставам, не малку од едната и малку од другата. Јас така не правам нормално, туку гледам да исцица колку може повеќе од едната, ја дигам да ждригне и после ја ставам на другата. Ама ѓаволчето мое кога на крајот млазот не и тече веќе и треба да дава сила и да влече она почнува да се нервира, а млеко има, проверувам јас и тече, ама неа ја мрзи да влече и се нервира и ја пушта градата и со рацете мава горе долу како да маршира и затоа не исцицува убаво до крај и понекогаш каката и е зелена оти нели не стигнува до крајното масното млеко.....
Ние вчера ја примивме во Идадија, работат од 12-18h. Додека бевме таму немаше никој и многу брзо завршивме.
Ете на ова не ни помислив, а секоја вечер му викам на мм едвај чекам да се породам и да си легнам на стомак. Цел живот спијам само на стомак, ова сега ми е мачење со месеци. А да ве прашам, дали сите што доите почнало да ви тече колострум уште додека бевте трудни? Дали е тоа показател дали ќе имам млеко или не? Зашто еве една недела пред термин уште немам ништо, ни градите ме болат или да се стврднати, ништо.
Јас абер немав ништо, и градите ми беа меки до околу 2 3 дена после пораѓај. Тогаш ми дојде млеко. Инаку за на стомак и јас обожавам да спијам, ама шубе ми е. По малце за задоволство се вртам, ама со доењево ќе почекам за скроз да си се ослободам.
Не е показател. Мене лично не ми течеше колострум, градите ми беа нормални. Во болница кога го ставија на града да стимулира, тогаш почна да тече, а млекото за 6-7 мислам ми дојде, не се сеќавам баш.
Да да, и јас така правам , шо еможно повеќе да влече од едната, и ја оставам да влече и да се нервира додека можам Послекога ептен ќе се изнервира и почне да плаче ја префрлам на другата. Не знаеш колку пати во денот ќе ја ставам да цица, и си цица госпоѓата и коа ќе надојде млеко се трга ми ја плука градата, млекото така ми тече, нејке да цица, само сакала да се успие, абе живци ќинам што млекото така ми оди фиран. Ама дете шо да праиш мораш да го понудиш Уште на колку работи нема да помислиш Кај менево 9 ти коа ќе се стиснев испаѓаше млеко, така само од себе не. Има жени од 4 ти месец во бременост им тече млеко. Ти се расчита ли за доењето? Знаеш ли што како одприлика ? Земи читај..немој за неколку дена да те слушнам немам млеко бла бла
Читав и ги отварав линковите ти што ги ставаше во Труднички пред неколку месеци Дури и во групата сум на фб Поддршка на доењето и онаа страната што ја препорача Milky Mama. Се е документирано Во памет ми е да бидам упорна во болница и да немам млеко да го ставам на града Почна многу да ме нервира мм со глупи прашања 'Што мислиш ќе имаш ли млеко', 'А зошто градите ти се меки', 'Нели требаше да ти тече колострум','Сакам да доиш'... И јас глупа се му кажувам, му читам совети од тука на глас зашто сака да биде у тек и ете го сега како свекрва некоја. Досега ми беше единствена и огромна поддршка ама такви заштитнички карактери сме двајцата, за гуша ќе се фатиме за детето.
Ние се вративме од систематски кило и педесет грама има накачено и пораснала 6,5 дантима. Машала. @Kallias2 сум заборавила од големата ќерка дека можат толку да пораснат Примивме вакцина 6 валентна. Другата за пнеумокока ја одложив, за две недели ќе одиме. Не сакав одеднаж двете. Леле јас цркнам денес. Глава ме боли. Беба засега е супер, весела, еве цица и заспа, и не заплака многу кога ја боцнаа.Сега ќе ја пратам. Белким се ќе биде во ред со Бога напред. Инаку за рота вирус нема да ја прима таа што се голта, немора. Рече дека тој вирус се третира и ако се влоши дојде до дехидрација тогаш во Болница. За тие у африка е лошо. И така да поминеме со лесно. До аптека тргнав после ординацијата да земам чепчиња ,а пекарата до аптеката заборавив леб да си купам од шо гледав поскоро до кола да стигнам.
Ма ни маж ни никој да не слушаш. Бебево сега кога не сакаше да цица зошто така му фркнало еден ден мм паметниот вика може му е здосадено твоето млеко, адаптирано да му дадеме. Алооо. Само упорност, затвори се во соба речи бебето вака треба да цица ми рече доктор и чао за сите. Едит: Мене многу ретко ми течело млеко. Мастит фатив, ама млеко не сака да искача. Градите камења ми се правеа и така си стојат. И додека цица не се десило да ми шприца како кај некои. Да, сум можела да измолзувам, до душа никогаш до крај не сум се измолзила ама доста сум вадела за кратко време. Ништо не е показател за доењето дали е успешно освен бебето. Веќе не ми се ни стврднуваат градите, млеко има. Само без паника..
Исто и синко мој кога ќе предтане да му тече силен млаз се нервира писка се трга а се стискам имам млеко
Јас во тој случај одма ги ставам на другата града. Еве 5 месеци буцко мој, ни предно ни задно млеко. Ништо не е страшно ако се дои на барање. Најважно е да нема поголема пауза меѓу подои од 2 саати. Пробај нуди често, ќе видиш се ќе биде океј. И јас немам еден подој една града, пинг понг играм со двете.
Хахахахаха, него не му е јасно ,слушнал ама не дослушнал Прво иде колострумот, после е жолто ,и на крај е бело млекото, тоа е после една недела. За тврди гради, треба да ти бидат после една недела, кога лактацијата не е уште нормализирана, па има премногу млеко, градите се преполни. Тука не дај боже пу пу пу може да дојде до мастит. Јас и претходно пишав, одев под туш со топла вода (не жешка) и држев кај градите за да бидат отнати каналите, до душа јас уште од кога се породив одев под туш, за да бидат отнати каналите. По 3 пати на ден де туширав. Има жени ставаат топли облоги, како топли крпи, или шишиња, мене ова ми беше полесно. Ако градите се ептен тврди болни, одев прво под туш па се одмолзував со електрична. Ако се сака да се дои само упорност Гледам се труди сопругот уште сега, и се надевам и така дека ќе остане Машала машалаа, бравоо Аман бе, кај мене детево другиден 3 месеца и 6 цм е издолжена, ама добро ние па едни високи што сме Со првото исто така ситно, искористив алишта максимално Она една година уште носевме за 9 месеца алишта, сеа скоро 2 години и носи за година и пол Ситни сме
За маститот мене ништо не ми момпгна ми туширање ни крпи ни шишиња ни молзење. абе не сме мали ја и мм, високички сме. Хаха затоа едната ми е поголема од другата