И јас неможам да спијам. А плачам за спиење. Ние денес шествалентна ја примивме а пнеумококата за две недели ја пезакажав. Ај да минеме со лесно само. Има бебиња шо вадат и на три месеци запче. Големата ми извади на 4. Малото почна многу да лигави 2+ е
@*malenavolena*87 @Cherry333 ме насмеавте со коментарите. Значи за маживе или е црно или е бело, нема измеѓу. велам јас најголеми советници се за мајчински проблематики.
Не мора да значи, имам читано дека може да се родат со заби ( ретко се случува) ,имам слушнато едно што извадило на 3 месеца, и има дечиња што вадат заби над годината Секое бебе прикаска за себе. Првото брцаше прсти уште од два месеца,еве го и второво така. Обично тоа се поврзува со "гладно е", или "вади заби", а тоа едноставно прво нешто што испитува се рачињата. Ако сакаш можеш да сликнеш, и да ставиш слика. Кога спие ти е најлесно hug:
Лелее ве читам за заби ама рано е за нас, 1 месец е и си го лиже рачето цела тупаница, прво мислев и се јаде, ама не е секогаш така, неколку пати и давам да јаде и не сака. Што значи тогаш ставањето раче во уста? 5 недели денес правиме
Моето бебе немаше еден месец кога почна раците во уста да ги става. Прво си ги испитиваат рачињата ги осознаваат, а потоа ќе почнат да си ги гледат. Ќе си ги креват нагоре и пред очички ќе си ги гледат. Бебето мое почна пред некој ден да си ги гледа рацете 2+ е. Многу ми е интересна. Кога е гладна си ја јаде дланката, од малото прсте надолу дланката си ја јаде, така знам дека е гладна.
Бебињата го истражуваат светот. И рацете им се чудни и нови, и нозете, цел овој свет. Ке почнат да си ги гледаат рацете и да им се чудат. И нозете исто. Со тек на време ке почнат и тропчињата да ги дтаваат во уста. Па понатаму и стапалата ке ги дтаваат во уста. Се тоа е нормално и вообичаено за бебињата. Заби кога растат ке бидат понервозни. Ке се чешаат. Лиги еден тон.
И кај мене од кога направи 2 месеца почна да ги пика во уста, или да го цица палчето. Ќе ја понудам да цица не сака, едноставно само сака да си игра. Се лигави, и тоа е нормално, исто како ние кога ќе ставиме нешто во уста и почнува плунка да се лачи, такво е однесувањето на нашиот организам, без плунка не можеме да ѓи стопиме некои работи во устата. Се е природа. Од пред недела дена почна да ѓи гледа, па ѓи врти де од едната, де од другата страна, мислиш кој знае што има пред неа А пред неколку дена почна да се обидува и да пофаќа. Пофаќањето на предмети и не е толку лесно за нив на почетокот. Уште не знае колку и е блиску а кокку далеку. Почнав играчиња да ставам пред неа, јас и ѓи држам доволно далеку колку што и е долго рачето. Прво се возбудува, а потоа неконтролирано почнува да го движи рачето околу играчето, за на крај да го пофане малце, и да го држи цврсто. Оваа вежба да ја наречам, и ја правам секој ден по не знам колку пати. Исто така од пред 2 дена, кога ја пресоблекувам почнав да ја вртам на страна, де на лева, де на десна. Ја држам за газето и ја превртувам, за да почне да учи дека може да се сврти на меше. Од кога ќе научи да се врти на меше, следува учење на враќање назад..од меше на грб. Кога детето ќе почне да се труди да се сврти само на меше, знак е дека треба да се остава на земја, таму е најсигурно. Можеби вие си мислите дека нема да се преврти, меѓутоа со дечиња никогаш не се знае, 2 секунди се доволни. Од кога ќе седи на меше подолго време, ги ставам раците мои кај ножињата нејзини, и почнувам да ја подбутнувам за да сфати дека може да почне да лази. Да не се лажеме, овие работи иако се прават секојдневно, бебињата може ќе им треба време додека ѓи совладаат. Додека на некое бебе му треба недела дена да влезе во шема, на некое друго ќе му требаат 2 месеца. Тоа не е знак дека нешто не е во ред со детето. Тоа значи дека му треба време да совлада некои работи. И они сеќаваат страв, и им треба време да се опуштат, или пак станува збор за гени, такарено флегмата се пренесува на поколението Се изнапишав, отидов предалеку
Да, знам, така си ги гледаат кога ќе бидат малку поголемки, ама од 1 месец ли почнуваат во уста да си ги ставаат рацете не знам.... цела тупаница како шо и е свиткана ја става во уста и шмука, викам ауу гладно е детето, а нема врска и најадена пак си ја става во уста и затоа не ми е јасно гладна ли е или така си ја става само во уста..
Во темата за 6 до 12 месеци пишував за ова. Со стимулација бебињата побрзо ке се испраксираат. Секако, има мрзливи бебиња и има бебиња кои се многу поактивни. Некое ке почне да лази на 7, некое на 10. Некое ке прооди на 10 месеци, некое на 12. Наше е да работиме со нив. Ти си на прав пат. Мој совет е да ги ставате бебињата на под што е можно почесто и се додека не се уморат и додека не почнат да кенкаат. Купете си од оние подлоги коцки за игра.
Нема врска со забите, и ние ги бутаме прстите од кога уште, од 2 месеци сигурно. Свеки коа се запна вади заби, да бе сигурно. Сега на 6 месеци кога стварно ќе извади ќе рече ви реков. Па и ќора кока ќе погоди зрно ј.боте. Како што гледам сите ги пикаат рацете во уста. Мое бебе 2 прста пика како за повраќање. Цел е излигавен. Сега почна што стигне да цица да гризе со непцата. За вртење, мислевме дека ќе биде напреден, така изгледаше, ама флегма тешка испаѓа бебо мој. Јас сум била дебело такво што не мрда, ама овој и инает не сака на стомаче. Кога ќе го легнеме рацете си ги јаде и вика. За потседнување, се тегне надоле со нозете ни тоа не сака. Да е жив и здрав, ќе го ставаме на земја ќе почнеме, па кога сака да се движи сам ќе каже..
Дали му давате на бебчиња да допират на маса по малку со нозете нормално додека вие го држите во раце, знам дека е мало само 3 + месеци но моево многу сака а мене ми е страв, многу е мало...
На моето 24/7 рацете му се во уста, ми е страв некое влакно мое да не голтни пошо косава ко луда ми паѓа не дак боже, а цуцла ич не сака...
После свекрвите наравно, Свеки ми е најсоветодавна кога ке почне со" У мое време" автоматски се исклучувам
Бебенцата преку рачињата го осознаваат светот, прво своите рачиња па понатака предметите ке ги става не дека сум сезнајка ама така сум читала... Мојата е 3 + рачињата и се највкусни на свет уште малце цела тупаница ке ск ја пикне во уста, педијатарката рече дека е тоа нормално и да не и бранам само почесто да се миеме.... Што се однесува до запчиња нормално е да растат на 6 + но има и порано и покасно што им никнат се разбира колку подоцна точку подобро (над 6)
Мила , второ ми е Нема шо немам дома, коцки, подлоѓи, ќебиња Цело време работам со децата И не од 6 месеца, него уште сега на 3 месеца почнувам да ја вртам, првото на 4 и пол почна да се врти на меше, а на 5 месеца и во двата правца. Работам секој ден со нив, смукам пеам, ручек пеам, пресоблекувам пеам, животни имитирам Дојам зборувам ,устата пена ми фана