Не, под пролив се подразбира неконтролирано какање над 5 пати дневно, и обилно. Потечна столица си има детето, и тоа е во ред.
Да. Ако детето многу често кака во денот и декој ден, му работи брзо метаболизмот и тие бебиња не качиваат многу на килажа. Особено доените бебиња. Но рековме секое бебе е различно.
Свекрвите се : Најпаметни Секогаш во право Мноооооогу советодавни Само што си отиде "Не ја мачи момичката, рано и е на меше да лежи".... "овие ваши доктори ништо незнаат ке си има шроблеми со кичмата ко ке остари, цела е свиена, се мчи да лежи така" да е до нејзе бева треба цел ден да е занотана во кебе(да не измрзне) и да ја држам во раце (пошто кога лежи грбчето ја болело).... Тик так тик так ке ми прекипи некој ден од неа
Хахахах си мислам една тема да отворам што тресат зелени да пишуваме кантар не ги мери. Мојава заљубена му вика на бебе, баба само што ќе те погледне во очи знае што сакаш. Дали му се спиело јадело какало итн. Јас мајка не знам толку, она.. А врска нема само утка нешто и кога ќе испадне по нејзино, ете ви реков јас. Како мало дете се докажува. Абеее стапот
И јас исто, дома сум и целосно посветена на син ми. Не знам дали затоа што работам со него, или си е цврсто бебе, почна да лази на 6 и пол месеци. Веројатно и двете. Абе како тоа на сите по ред ви сметаат свекрвите? Мајките не ви зборат ништо?
Да, свекор ми и сега само бара ама не дозволувам повеќе... @MilaSs12 Со мајките не сме по цел ден јас многу ретко се гледам, мажена во друг град сум, плус јас имам современа мајка а свекрва ми е со старски сфаќања..
Мојата мајка во принцип живее во овој век и не ме замара со глупави бабски приказни. И да ми каже нешто, мое е дали ќе прифатам. Што ќе и кажам за бебе ме слуша. А оваа тера по нејзино се, ако и кажам нешто ме гледа како теле демек глупа си. Само ми префрла зошто дојам, не може да се помири. Она не доела па сега сака да лечи фрустрации на мене. Затоа сака од 2 месеци да го хранам синко до цврста храна, за она да му дава, со млекото не и успеа. Сакаше да ме убеди да си го сопрам млекото . Добиваш претстава што е работата..
А колкаво е сега? Треба работа со нив,некогаш споулавувам..ама мора да се смирам, муабет со возрасен поради ситуацијава немам направено, освен тука и со другарките преку телефон. Јас и префрлам на мајка ми и на татко ми. Има некогаш необични сфаќања, илии пререкувам или ја игнорирам. На свекрва ми, и викам ама не често, за тоа е задолжен сопругот. Пред време е пеен пред да отидеме таму, и знае што треба да прави Ииии, што ли читам..леле не ми се верува.. Добро од кој крај на Македонија си шо ѓи вадиш смешниве зборови
Па јас дека ја послушав хахах. Кога плачев кога ми дојде млекото од болки, наместо да ме поддржи, таа ми рече ќе ти стаиме неколку кристали (инекции) и средено. Па ме гледа со цицките надвор, вака ли сакаш цело време да бидеш, демек на шо личело. Сега викам кичма ме боли, епа кога доиш тоа е. Мрш Едит: јас да почнам во снаи и свекрви да пишувам кај е крајот.. Ама се ми е јасно, тоа е тоа. Едвај чекам да се исселиме.
Јас додека цицаат, и првото сеа и второто, си одам во соба,а ако сум кај нив одам во друга соба, и не смеат да влезат. Никој нејќам да ме замара додека си го дојам детето.
Еееее да те ранела и тебе бабати со манџи и ти ќе си знаела старски зборови Од струмица. Таа луда ли е или шо? Таа да е на мене одма ќе ја надојам и неа Ние кога си одиме за мк и кога треба да дојам дете ( за големата) јас си одам у соба и таму ди дојам. Многу дрвени адвокати нејкам да ми висат на глава. Ако кажам на мм да им каже нешто може и да се скарам со него, а така сама одма пресечувам кажувам шо ми лежи на душа и ставам точка. @Cherish33 jјас не знам како ја трпиш, золва имаш ли или јатрва??
Немам лелее ќути да имаше уште една ваква ќе беше лудо тек тогаш . Иначе сега си дојам на раат, на почетокот кога не знаев кај сум малку се мафташе ама брзо си замина од игра зошто не знае, не доела.
Како си поставувате ред со бебуш Јас сега имам голема помош, бебе е 12дена и досега си има некој ред, ама малку ме фаќа страв кога ќе останам сама со него затоа што како сите тазе и неискусни мајки нормално и јас му се секирам кога плаче, кога го мачи стомачето итн... Прво ми сметаше свеки, ми сметаше кога ќе посегне да го земе, па кога плаче ми сметаше кога ќе кажеше дај да го смирам, не и го давав, може љубомора е у прашање незнам, и жената си собра работите и си отиде кога еден ден со маж ми и бебе не излеговме од спална, којзнае колку непожелно се осетила и жал ми е за тоа. И тогаш мислев дека ќе ни биде супер, сами, ама не.. Многу ми беше криво, прво заради маж ми, само неа ја има од фамилија, и второ заради мое неискуство.. Во тој момент сфатив дека нејзината помош ми била стварно најдобронамерна и потребна и немало потреба да сфаќам негативно. Навечер дури ми вика спиј да одмориш треба да доиш, јас колку можам ќе го занимавам за доење ќе те будам. Сега пак ми е тука, и благодарна сум.