Пробај ја прво да ждригне, им смета воздухот што го лапаат додека цицаат. Баш неќна јас земав да пијам вода од шише, ама дека брзав, незнам колку воздух холтнав. После не можев да подригнам и ми беше тешко, кога легнав почнав да го сеќавам низ цревата, ем голема ем не можев. Е сеа мене ако ми беше тешко замисли нив како им е.
Koлку време траат бебешките акни и дали има некаква поврзаност со нервозно бебе и со неговото спиење?
Јас веќе немам надеж кога и дали бебе ќе се врати во нормала.. Ноќеска стануваше на секој саат, џабе заедно спиеме. Јово на ново презаспивање со нишкање едно 3 4 пати, па пак за 1 саат будење па цицање и така еден круг. Си викам бебе е ок, ама ова не ми личи мене на ок. Му кркореше мешето цела вечер, ама онака екстремно. Не знам дали сум јадела јас нешто проблематично.. Денес па цел ден спие, имавме епизода со вриштење од премореност пак, а беше станат скоро. Времето што беше буден не го фаќа место, а сега ене го во релаксатор седи не мрда што не се случило никогаш.. Да не сум го настинала нешто? Можно е мешето од тоа да му свири? Немам памет веќе
Многу често го среќавам ова однесување на бебињата.И одговор немам најдено. Ај за секој случај провери ѓи непцата.
Ако продолжи вака ќе ги загубам тенкиве живци. Сензор има ејјј хорор ми е успивањево, а седнам и го држам во раце, ете го се ококорил, ајде пак вртење кругови. Ако го пројдам левелот и не се разбуди кога ќе седнам, го легнувам ете го очите петденарки, а некогаш и у спуштање.. И пак њаааааа урла истото од ново . Мил на мајка Едит не знам за непцава не ми личат чудно, а почна да гризе се штл стигне...
Kако јас да го напишав ова. Цела вечер се мачевме, будење и цицање на секој час. Пред 2 дена пак си заспа во 8, со будење и цицање на 3 саати, ја преспа цела вечер до 6 наутро.
Ние си имавме супер ред. Заспиваше накај 9, цицаше во 2 па во 5 па 8. Топ си беше. Сегааа немам поима што да очекувам, бебево све обратно прави од тоа што очекувам
Еве ти неколку примера: -На другарка моја во Германија се, од 5 и пол месеца почна да им станува на саат време, на 2 или 2и пол саати, и тоа само кај неа можеше.да заспие со цице. Ни маж ни бутур.До 11 месеци траеше тоа. - На кумашинка моја малиот исто така почна да им станува не ме држи за збор од колку месеци и до кога траеше. Презаспивање само со цице. - Една друга другарка моментално мине низ истото Заби вади малиот -Моето прво родено, не стануваше за цицање, ами сакаше да си игра до 3-4 сабајле, будна од 12 Зборот ми е, повеќе или помалку бебињата минат низ тие фази. Периодите се доста мачни, ама ќе поминат. Еве чекам ја второво така да почне да ми прави
Zdravo mamicki, sakam da prasam dali koristite nekoj krem za zastita od sonce za male kite? Moeto mallecko ima beli kozice ima 3 ipol meseci, ako moze nekoj da preporaca nekoj krem
Бебињата до шест месечна возраст не смеат да користат никакви никакви креми за заштита од сонце, после шест месеци можеш Мустела, Биодерма.
Може нема да почне, ќе биде умна.. Иначе мм не спиеше со мене во соба од почеток, и бебе беше топ. Сега последниов месец кога и да легне во спална, демек ај бебебо фати ред, бебе урла. Кога работи од сабајле пак у дневна спие, ја и бебе си спиеме супер. Вечерва пак нема да спие со нас па ќе видиме. Ако бебе е ок, го селам трајно
Хахахахахахаа Да не хрчи па да му смета ? Кај мене еднаш се будеше од тоа, ама такаоставив да се навикне Имаат, фазла од пола саат не. Ако е на сонце капче, или во количка ставено тоа одозгоре, за да не го фаќа.
Не хрчи, полесно ќе беше да требаше да го исфрлам мажето, ама очигледно имаме sleep regression, првата е на четири месеци. Ајде период е, ќе помине брзо се надевам
Нема што да се плашиш, ќе одбегаваш да биде цело време на сонце, ако успат те фане да не паничиш некоја секунда не е страшно. Да не биде константно на сонце ми е муабетот 3 месеца е сега Ќе помине и нема да сетиш
Мајки, дали ви се има случено ( тие што сте комбинирано на доење и ад или само ад) бебе да пие од шишето па кога ќе го запрам за да ждригне на пола шише после тоа не продолжува да цица...исто и ако е на града па после му дадам дохрана шише не продолжува да пие од шишето...(мислам дека ме разбравте што сакам да кажам ) Инаку пред некој ден тука се коментираше за една членка што давала на 3ипол месеци гриз...имаше некои кои ја критикуваа...исто и јас сум против но зошто некои членки само пишуваат за некого да осудат? Зошто не пишат да споделат искуство и да помогнат на некоја неискусна мајка туку се уклучуваат во темата да судат...секоја чест за некои членки колку можат помагаат,одговараат колку што знаат и имаат искуство...најлесно е да се осудува, помогни на другиот тоа те прави човек...жената сподели што прави иако греши,тука сме да посоветуваме ако сака да прифати добро ако не нејзино право...