Да, со првото,после не ја преќинував, остави го нека си пие колку сака,после нека ждригне, ако не плаче додека пие или цица, немаш потреба.
Облечи го по долги тенки ама долги, и јас баш на темава гледав емисија на Телма и педијатрите не препорачуваат креми со заштитен фактор туку добро сокривање кога е надвор, шеширче долги ракавчиња итн
Аман бе @Dikinzi не ме плаши јас со мојата последниве денови по 3 саати сме надвор затворена и е количката одозгора и покриена е со тенко кебенце.... Не и смета валда.... Баш вчера имавме гости со скаричка у дворче и беба беше со нас долу скоро 4 5 саати....
И јас исто мислам.... Незз зошто на пола цицање/пиење ги подригнувате. Процес е тоа додека да се фати убаво да потегне да му потече ти пак го разместуваш.... Јас ја подригнувам на крај
Не и’ смета, и мојата вчера беше цел ден во двор на сонце. Не смее да се директно изложени да ги пече, сеуште се мали, инаку нема гајле Креми тек после 6 месеци негде, сега уште не смее такви хемикалии. Секој ден е надвор мојава уствари
А како ги облекувате сега овие денови надвор бебињата, ако одите некаде или шетате во двор или населба, не знам. Тука има околу 20 степени и на балкон по 5-10 мин ја изнезувам само преку ден, завиткана во кебе и капче и ставам оти ветерче дувка. Е сега кога ќе направиме 40 за 3 дена, ќе ја шетам до надвор малку викам, долу пред зграда ама како да ја облечам, во шпихозни подебелки само? Палтенца немам толку мали ниту скафандер од 3 месеци нагоре имам, а пропаѓа во нив она сега и не знам да не ја измрзнам...поима неам како дајте довет, идеја како ги облекувате вашите помалецки бебенца, не поголемите.
Така било подобро, убаво да излегол воздухот...совет од патронажна на youtube што гледав...кога завршувате на едната дојка 10-15 минути, ја/го креваш да подригне и продолжувате на другата
Мојата е нонстоп во боди по кратки и памучни шпихозни, откако е родена. За надвор исто, само покриена со тенко ќебенце, ни капче не ставам
Не не, леле некогаш не знам да се изразам,надвор може да биде колку сакате, ама директно да не ја пече сонце. Капче, или во количката покриена немаш гајле. Само директно да не ја пече. Боди на кратки, и боди на долги и панталони бидејки немам шпикозни. Така ја носам во ќенгур, ако е во количка покриена е со памучно ќебенце. Исто Само капче ставам кога ја носам со ќенгурот.
Мајки ние имаме 4 месеци и имаме проблем со преспивање во текот на денот, со саати се успиваме, маки мачиме, се гледа дека се уморни и му се спие, инаку близначиња се, рацете на мама по цел ден се зафатени, искрено да ви кажам очајна сум, незнам повеќе кој метод да го употребам....
Ај пробајте уште ова..ставете носена блуза од вас блиску до нивното носе. Кој знае , може мирисот ќе ги залаже..
Мајки со задоцнување, нека ви е честит денот на трудот и ви посакувам секој труд да ви се исплати! Се' е индивидуално, кај нас и за едното и другото бебе комплет се изгубија до вториот месец, а сум слушала мајки да се среќаваат со нив и до 6 месеци. Мислам дека нема врска со спиењето. Се отворила тема за спиењето навечер, па да си споделам и јас. Бебка моментално има 5 месеци и некој ден. Јас се помирив со будењето на саат до два навечер. Мојава не се буди одма, туку закенкува и почнува со нозете да мава во душек, откривајќи се. Ако не и' бутнам града веднаш, ќе ги ококори очињата и толку од спиење. Цуцла не сака. Спие на кревет со мене, а од другата страна е залепено креветчето на другата ќерка, која се врти и превртува цела вечер и се открива, и јас цела вечер се будам и скијам слалом, де на една страна, де на друга. Многу ми е весело, ама се помирив и штом ќе завршам со доење и покривање, одма се трудам да заспијам, па се навикнав некако. Вака тераме долго време, ни јас не се сеќавам веќе. Секој обид да и' се продолжи сонот на бебка траел ден-два и само за џабе ќе се израдувам. Затоа веќе не се надевам и терам како ова да е нормално. Некогаш мора да заврши.
Кај мене во тек на едно цицање без подригнувење измегу не стига едната до крак да ја исцица.... Другата и ја нудам само пред спиење.... А напредува супер, на 3 месеци одговара за 5 месечно бебе.... Веројатно секпе бебе си е сбжвоја приказна а за двете гради веројатно имам премногу млеко па мојата и од едната само е прецицана
Кај мене сега веке е по боди без ракави и шпихозни... И едно тенко кебенце Капче сеуште ставам пошто знае да задува кај нас
Повикај пријател ништо друго не помага, со едно сам е тешко можам да замислам со 2.... Ама среката е преголема
@Kallias2 јас за надвор облакам само боди на кратки и шпихозни памучни,или хеланки и блузичка,плус ќебенце тенко,а корпата на количката се затвара целосно.. Јакни и чуда немам ни јас,ептен е мала а нема ни потреба на 20тина степени мислам. Спиењето е исто како кај Коцкичка,на 2 часа почнува да мљацка со муцето,па со нозете мава по душек откривајќи се,а со рацете мисли дека е диригент. Кога ждрига како некое старче е,после кригла пиво Завчера ме излуде,ја мачеше нешто меше(не искакана)и цели 4 саати ноќта висеше на града.Најдов термин comfort nursing,односно цицање за утеха. Цуцли драматично плукаше,не е смотана кога има брадавица Јас се изнаспав 32 години,сега ке издржам една-две со подочњаци. Оти бе нема кофеинска вакцина за мајки?
Ние сме по боди на долки и спикозни, или боди на долги блузичка, памтолонки и чорапки. Надвор кога сме излезени, мекано палтенце не е дебело и капкичка, покриена со тенко кебенце до половина. Јас оставам малку да ја попече сонце додека ја возиме со количката. Ние сме често надвор и на балкон. Дали во парк или низ град си вртиме кругови. Не седев дома 40 дена ни со првото а ни сега со второто. Бабини работи ми се тоа. Бебе беше 22 дена кога славевме роденден на дада у игротека со 17 деца. Кај и да е ќе и облечувам боди на прерамки и кимоно. Кога ја бањам обавезно и ставам капа. Колку сака нека е топло у соба, ќе си поспие после бањата саат време и ќе и ја тргнам.
за напишаното!! Не викам дека нема напорни свекрви ама и ние младите некогаш претеруваме и покрај помошта што ни ја даваат,а и до хормоните е.. Мојата ќе дојде ми вика ајде поспиј одмори си, ќе го почува ќе направи ручек и тоа огромна помош e.. @ddevojce и тука си хит,ме изнасмеа со струмичките зборови Моево бебе 2 месеци ќе прави и цица пример 15мин и почнува да плаче, ќе го кренам да подригне одма се смирува и ако го вратам може да продужи може не,кога како.. што му значи тоа дека му е тешко сака да подригне или.. Иначе си цица еден подој на една града друг на друга преку ден и на саат, саат ипол