@ddevojce во труднички стално ме смееше,сега викам да ѕирнам тука што има и кога гледаммм.. П.с незнаеш ли што му е на бебево што плаче коа ќе се нацица
Мајки ние сме три и пол месеци, беба заспиваше точно во 20:30 до 4ч, некогаш до 6ч си спиеше мирно без да бара да цица, наеднаш почна да заспива покасно, до кај 22ч се мачевме, решив од 17ч да не ја заспивам воопшто и ни успеа пак си почна по старо ама последнива недела се понашат како да е сега родена, секој саат ми станува да цица и ако не е легната до мене во состојба е цела вечер да не спие, а очите црвени за нанкање.. не знам што и бидна на еднаш,секогаш сум смирена, пееме дома, си играме, нејзиниот осмех ни е се на светов ама сношти нервоза ме фати, маж ми работи од дома ама нон стоп е нешто зафатен, малава денски не спие воопшто без мене, најмирна е во марамата кога ја носам ама кичма неам,6кг бебе закачено на мене, така готвам, така чистам.. а ја оставам, ете ја будна. Почнува се да става в уста, ако и падне нешто се нервира ама малечка е да се заигра сама скроз, за тоа разбирам дека некогаш ме бара ако е во релаксаторот ама другиво.. дали некоја имала иста ваква мамина маза и успеала да го научи бебче само да спие или пак некој друг да ја заспива?
Хаха не сум знаела дека сум толку популарна. Уствари ми пише под името дека сум Му се спие или сака да ждригне
Колку што читав има скок во развој тогаш,може тоа да е, сигурно ќе си фати ред не се нервирај @ddevojce окк фалаа многу
Ја па предходно кога почна тие ден да заспива кај 10 мислев е скок.. можно е. Иначе за ова што не сака без мене да спие дење е веке месец дена, тоа скок не е сигурно.
Што сте употребувале за суви делови како кора, лишајче? Напред кај косичката, над челото му се појави. Дали треба помрсна крема како јекодерм или павловиќева или бетер се разранува?
Инаку обично педијатри препорачуваат додека се воспостави лактација давање од двете гради (околу месец дена ние така се доевме) , после една града еден подој. Мое бебе многу ретко стигнува до втората. За напредување, пред да наполни 3 месеци дуплира родилна тежина. Сега па повеќе од 10тина минути ретко цица, кај да го префрлам.. за ждригање некогаш кога кенка во сред цицање го кревам да си ждригне, па на истата града го враќам. Подобро една до крај да исцица него од две по малце според мене. Едит: некогаш плачеме и зошто веќе не ни се цица, всушност така знам дека е најаден. Ќе пробам на друга града не сака.
Majki nie sme 4 nedeli malata se izdiga na nekoi mesta sitni mali mozolcinja crveni od sto mozi da e?
Мислам дека кај сите бебиња е така, и нашата имаше ,,доечки мозолчиња" ги викаат. Ако имаш млеко, чистија со тоа. Јас мојата и со млекце и со камилица и го чистев. Не се грижи, не е страшно.
Од претопленост е тоа ако е на лице, не знам што користиш за хигиена ама мојава има пресува кожа и со од мустела стелатопиа за атопична кожа ја мачкам и и поминаа тие суви делови на лицето.
Користам мустела ама за нормална кожа”. До сега немав проблем иако има нормална до сува кожа. Сега гледам над челото и во косичката има како коричка. Ќе сменам мустела и ќе го земам ова погоре членката што го предложи. Како масло е ова? Каде го имаш земено?
Да и јас така правам,ми делува како најаден и како да сака да го кренам,ќе си ждригне и ќе му олесни. Супер напредува а од почеток сме една града еден подој,мене така ми кажа педијатарот. @RAK91 @elenaklasik Јас го мачкам со weleda маслена супер е,сува му е кожичката и плус се лупи исто
Никако. Доволно е еден пар лесни тренерчиња или шпикозни, одоздола боди на рамки или куси и чорапчиња.