Веќе два дена преку ден дремките ни се на 3,4 саати по пола саат. Ноќе спиеме од ,11,12ч па до 9,10 наутро, ама не сака во креветче да спие, туку со нас на спална. И немирно спие. Ќе закинка, и ја ставам цуцлата се успива и за 10мин пак мрда како лудо, и така во круг неколку пати.. Период ли е? Скокот мислам треба да е веќе завршен..
Исти сме.. Не е завршен скокот. А и ова е регресија некоја во спиење на 4 месеци што се јавува. Исто бевме со терминот ние. Вика траело до месец. Ќе издржиме
Един совет шо ми идена памет, аи ја лично би го пробала, е кога ќе и ја дадеш цуцлата, а знаеш дека за 10 мин пак ќе почне да прета, е да и дадеш млеко. Значи, првото претање, дај и цуцла, стани спреми млеко, и наредното претање млеко дај и. Друго поим немам..
Sleep regression имате на 4м, 8м и 18м. Трае од 3 до 6 недели, и доколку се спои со вадење заб или скок е цела вечност.
Кога и нудам млеко тогаш плаче, и ја ставам цуцлата се смирува. Инаку ние имаме една маана, јаде пред да заспие, околу 11 ,12ч и во текот на ноќта воопшто не сака млеко да проба, кога ја нудам плаче, следен оброк ни е дури сабајле се буди околу 6,7 јаде и продолжува со спиење. Ја молев преку ноќ не сака плаче. Прашав советник за спиење, ми рече да ја оставам да спие , да не ја будам. Така и правам..
Да масло е, ставај го пола саат пред капење.Добро сушија косичката и нежно чешлај од сите страни, нема да се праат корупки ама за сега да поминат земи го ова во Зегин го има.
Мојата е родена јануар и до сега ни јакничка,ни хулахопчиња нема носено. На ова време посебно.. опушти се, нема да настине ако не е наоблечено.
За дома колку што сум јас облечена толку и малото, кога го вадам надвор обавезно капче и го мотам во кебенце
Дај просветлете ме, зошто да не допираат? Мислите на тоа кога ги држите и со ножињата да допираат на било каква подлога?
Ме замисливте за облекувањето на бебе за дома. Да ви споделам шо му облекувам може? Боди по долги, чорапчиња, ѕивриња, одзгора шпикозни и над нив плетени калци да му се топли ноџињата (а почесто се испотени) и покриено со ќебенце кога лежи. Многу е?
Веќе два месеца ќе наполниме за некој ден но мислам дека немаме фатено добар редослед за јадење и спиење. Преку ден цица често но штом го ставам на града веднаш заспие и така спиејќи цица некогаш и по цел час. Навечер додека не биде 11-12 часот воопшто не заспива, некогаш и 1 не наоѓа мислам дека тоа не ни е добро баш. Би сакала да заспива порано зошто јас имам и други обврски бидејќи сме сами но никако да воспоставиме некој ритам. А плус и успивањето ни е секогаш во раци со нишкање (сум слушала некои мајки како нивноте бебиња сами заспиваат со цуцла и во креветче моето несака секогаш ни цуцла да фати ☺)
Ауу на ова жешко сега, многу според мене. Јас во сред зима го облакав како тебе, ама без ѕиврите. Сега па само панталончиња и блуза по долги со боди по кратки носи и почнува да урла да се поти ако блузата не е скроз тенка како проѕирна дури. Уствари запотен е мн често мојов, коса има голема дури жал ми паѓа.. Ориентирај се според тебе, не го пренатрупувај со алишта греотка е, ќе се прегрее.
Исто и Јас боди по долги, чорапчиња и шпихозни за спиење. Преку ден истото само му облекувам панталончиња како хеланки и некој блузон/дуксер. Исто се поти многу кај главата и кај позади врат ако е многу наоблечен.
Мислам дека му е многу. Јас така само кога излеговме од на болница му облеков. После кога беше поладно боди по долги и шпикозни по долги, сега боди на кратки или рамчиња и шпикозни, бидејќи со две по долги ми се потеше многу.
Премногу е, мавај ѕивриња, калци,облечи му боди на куси и одозгора тренерчиња или шпикозни и ако сакаш покрии го со ќебенце ама тенко преку ден. Колку ви е температурата дома? Идеално е да е на кај 22/23 степени.
Толкава е температурата дома. Ама за изгледот на бебе се погрижи баба му ( мајка ми). не можев да се разберам дека му е многу. Сега вашиве одговори ќе ѝ ги прочитам, ќе ѝ речам ќејфски и победнички " ти рееекоов" Според неа, треба за бебињата еден слој повеќе од нас. Вистина е така? Тоа не важеше за надвор?
Аууу, замисли тебе да те ноблечат така посебно на ова топло.тоа не знае да каже иначе тристата по тебе. Секогаш облекувај го според тебе, ако ти носиш само блуза,него плус боди на куси. Боди на куси и згора што му облекуваш шприкозни или трењерка и тоа е тоа. Посебно немој на вечер за спиење да го туткаш. Не знам како до сега педијатар не ти кажал, прочитај за претоплување. Јас зима новороденче облекував само боди по долги и шрикозни, за излегување плус ќебе само (излегуваме од нејзина една недела,јануар месец) Сега ми е само на долги на боди низ дома и тоа поќето без пантолончиња, за излегување ставам боди по кратки и згора блузичка. Не претерувај, мора да јача имунитет.