Ние дома сме облечени по боди на долги ракави, блузиче ни тенко ни дебело, чорапи обавезно и панталончиња. Кога излегуваме надвор обавезно хулахопчиња,капче, и јакниче исто средна дебелина, до пред некое време носеше папучки, сега патичиња. Родени сме во Јануари, од сам почеток носиме хулахопчиња, само за надвор или некаде ако одиме. Еве не
Ете зошто ти претал Кај мене е само на тенки чарапчиња, а за спиење и ѓи вадам и тие Леле бе какво еее..цуцеее
Душа малечка, тука се негде со мојава знам сепак според мене и тоа е многу. Можеби ја ја имам научено да не е облечена толку, мене секогаш ми е жешко ама капче и ставам само кога е капена и тоа дур заспие после вадам. Свекрва ми кога ќе дојде да не види само се крсти кога ќе ја види само по боди дома.
По веројатно е да го претоплиш и така да настине отколку од ладно. Секако е мало твоето и цело време е легнато па најверојатно и покриено.
@elenaklasik Ели многу е, најбитно е дома да ти е константна температурата 22/23 степени, да немат промаја, ослободи го малото тргни му еден слој, остај бабиве, ја така првата недела со свекрва ми, пениче е то ми викат па уште навечер кебенце јорганче.... ко ќе ми текнит леле за грев малото
Надвор обично дува ветер, без капа и хулахопки не излегуваме. Прв пат на три месеци ми настина, кашлаше, киваше и имаше мрсолчиња, од тогаш си пазам. Кога ќе се оправи времето, да биде потопло ќе шетаме и без капче и без хулахопки. Пуфката моја изгледа нежна ќе биде што ми настинува брзо. Дома температурата ни е 20,22степени.
За грев еј, се крстиме со маж ми сега, ај умот од бабите, кај беше нашиот цело време?! Ама и нас првпат нѝ е, ко ученичиња сѐ слушаме. Добро, бабиве изгледа ич не се сеќаваат како изгледале деца. Дома топло пријатно, таа упорна да не му било студено, синкир сибир сме. Другата баба го гледа на вибер, ова заплакува, го земам во раце и двајцата со свекорот ко судии "Ее убо сте го научиле, ах ах во раце", оклештени двајцата; па бебево си напрајло табиет, па имало навика за ова за она. Театаров не знам до кога ќе им трае. И ова не се совети да речиш од искусни родители, ко од некои сега задружени со луѓе, ко палјачовци. Или кажи совет од помош или не погодувај без врска. Фала ви на сите.
Zdravo Znam deka imase negde pisuvano pogore za zeleni kaki ama stv nemozam da baram mn ima poraki 3meseci e bebe i vcera i denes ima zeleni kaki i toa tvrda stolica se maci na pocetok i posle doaga zolto ko sto treba da bide. Ako moze da mi kazete sto e. Na dohrana sme samo i cajce davam .
Јас да ви кажам сум обратна, и не се водам според тоа како ми е мене такаи него , затоа што јас цело зимо сум по блуза куси, не носам ни маица, обични тренерки и чорапи, туку речи се понашам како среде лето да сум А тоа само лежи,нема циркулација, и испаднало до меше каде што цело време му било топло до 36 степена. Не го пренаоблекувам, него имаше одоздоле и одозгоре мекано ќебенце, затоа што бебињата сакаат нежни работи. ГЈа проверувам на градиња и позади вратче и така гледам дали и е топло или ладно.
Да не те плашам ама претоплување на бебе не е убаво. За спиењето мое бебе има фатено ред пу пу пу. Преку дента кога пет кога петнајсе кога саат си спие. Навечер околу 8 заспива и спие пола саат до 45 мин. Будна е и после у 21:30 заспива и спие до сабајле до 9-10 . Се буди само за цицање. Една вечер ми спиеше дури од 9 до 4 сабајле. Ја размрдав да цица, мислев градите ќе ми експлодираат. Од двете по малку цицаше да ми олесни. секое бебе е различно, тоа е нормално и им се менува ритамот у различни околности. Сама си заспива дали у креветче, дали у спална у дневна у креветче. И ми спие на гласно. Чистам тропам со правосмукалка , дури кога ќе пресмукувам дома она спие не се буди, фајќам у соба кај шо спие чистам, научена е на гласно и со музика. Музикални сме дома нонстоп се пее се слуша музика се игра уште од кога се вративме од болница. Мој совет е секој ден истите работи да се праат у исто време.
Заборавив да ви пишам исто причина за мрдање и немирно спиење може да биде полната пелена. Скоро сите пишавте дека навечер не менувате пелени. Пелена им смета и нив, полна со мочка, иако не е покакано бебето барем еднаш во текот на ноќта сменете им пелената. Нам ни сметат влошките кога имаме менструација, а камоли тоа бебе 9-10 саати со една пелена. На моја беба 5-6 саати и е преполна пелената, можам да замислам шо ќе биде 10 саати ако не е сменета. Правете го тоа кога ќе се разбудат и после на града за да заспијат. На моја беба и менувам пред цицање или после еднаш до двапти у ноќта, зависи колку е полна. И продолжува да спие.
И кај нас е дома нон стоп галама, за на вечер си имаме свој ритуал, банкање, мазење, неколку песнички, цицање и готова е за спиење. Само што имам јас денски проблем што не спие без мене никако иначе на вечер во 8:30 е заспана до кај 4, јаде и пак до 8:30 спиеме. ( пишав дека оваа недела се понаша како сега родена нон стоп на цицка ама највероватн скок) Не знам како да ја одвикнам од мене денски.. еве сега време за ручек ако не ми е во марама ништо не можам да напрам.
Некогаш знае да кенка и да и е досадно сама, па за беља на вртелешката и се расипа тоа моторчето шо се врти, порачив ново треба да стигне деновиве. Зборот ми беше кога готвам ја зимам со мене у кујна у релаксатор, негогаш и подвижното креветче го макнам. Ако диплам руби, на спална ја легнувам седнувам до неа и диплам и си гугаме. Еве сега спијат и двете. Попладневна дремка прави и големата секој ден. И големото и малото. Ја у седум ипол гасам светло дома и седиме на пригушено светло, на ламби. Многу ни е комотно така а и бебе знае дека време за спиење е. Големата се смирува и она, се спремуваме за спиење, овошје каснуваме или зеленчук навечер обавезно и она оди у кревет. Нормално Има отстапки некој ден, не е се перфект, ама гледам редот да не се изгуби. (Поготово сега со короната кога сите сме дома, според мене налесно може да се воспостави ред.) Така име време со мм да поседиме изгледаме филм итн. Едит: мм сега виде дека бебе не е научено у раце, плус му објаснив дека има плачливи бебиња, ноќно време шо не спијат и се будат, грчњви имат итн. И вчера бевме на ручек кај едни пријатели, и велам ајде време е да си одиме, и човекот вели ај бре уше едно две пива, и мм му вели, не не одиме, да не му растуриме ред на бебе ( обично не му се станува од стол кога сме на гости и комотно си седи) јас само му се насмевнав дека разбрал.
На малово почна да му се појавува сува кожа на одредени места на лицето, вратот, раменцата и колената. На лицето ставам од пантексол препорака од членка и му помогна му се повече и не се толку суви образите. На тело го мачкам со хип млеко ама не помага нешто многу, тука читав дека можеби е атопичен дерматит од која колекција сте најзадоволни еуцерин, мустела... немам искуство со вакво нешто поголемово немаше никаков проблем со кожата.
Не да е многу, пре пре премногу е. За температура од околу 24 степени доволно е еден слој. Значи боди со кратки и шпихозни или тренерчиња и чорапи. Не термо, памучни. Со кебе само кога спие. Немојте да си ги претоплувате бебињата, тоа е поопасно. И раце и нозе ако се ладни не е страшно, кај вратчето проверувајте. Од кога е роден го бањам и мачкам со веледа и кожата му е памук. Можеби хип е агресивно за кожичката и затоа му се суши, пробај веледа ако ти одговара на буџетот. Мустела и еуцерин имаат медицински производи, пробај прво со органска козметика.
Хаха јас имам забрана даено од 7 и пол до 9 некој на тел да не бара избегнавме гости со коронава ама и домашни кога имаме се знае во 7 дома сите, нека се лутат, дома гужва воопшто не сака, сите околу неа и после ајде смирија.. затоа кога ќе и се спие без лутење им велам да си одат. Надвор ухх Веро и е омилено место шета низ маркет во кенгурот кај тато и мирна е.
Ако е на обравчиња највероватно е дерматит. Треба да најдеш која колекција му одговара, ама треба да пробаш. Еуцерин, Биодерма, Уриаж, Велдеа барај само да е конкретно за дерматит/егзема. И не е лошо да се советуваш со педијатар за точна дијагноза . Може му се 'лепи' од млекцето на грло па го искашлува.
На образите имаше црвено уште има ама не толку и му се перутеа, ставав пантексол и подобри се од што беа. Сега на телото има такви како лишаи на некој места. Ќе земам некоја од овие колекции.