Ептеееен многу, оопушти се соблечи го немс да измрзне. Мојата е на боди по прерамки и шпикозни и чорапчиња, за надвор додавам капче и тенко кебенце во количка. А навачер последниве денови без чорапчиња е
Следи го детето и ќе видиш малку ли е, многу ли е. Секое дете е различно. Ко нас што не има позимурливи и пос'клетџии така и бебињата. И мене ми викаа собна температура 22ц и за по дома само шпикозни и боди одоздола ама на таа температура бебето ми премрзнуваше, буквално се тресеше од студ. На моето 24 му е идеална температура коа сме дома. И облечено е со тенки хулахопкички, боди на долги и памучни шпикозни. Не гледам да му жешко, ни ладно.
Добро утро женски. Како сте? Убав ден денес тука, сончево и топло. Попладне најавуваат дожд. Имам неколку прашања, која знае да ми одговори: 1. Од кога почнуваат да се смеат бебињата, кога им зборувате? 2. Од кога почнуваат да гукаат? 3. Од кога почнавте да ги ставате во кенгур?
Добро утро и тебе! Ќе ти кажам за моето бебе како прави. 1) за смеење почна негде околу 4та недела, можеби му беше т.н. рефлексно смеење. Исто и контакт со очи почна тогаш. А според развој во текстови пишува од 6та недела. 2)за гугање од пред некое време почна да загугува по малку, како ааух, ааах, мм. Инаку од 6та до 8ма така првични гугања, а после посложени околу 3 месец. 3) за ова не сум баш сигурна, мислам дека треба да е поцврсто, да ја држи главата самостојно, па да се носи во кенгур, зашто во спротивно според педијатар Антоније, при било какво движење, ако му се клати главчето, може да се направи проблем, да се помести нешто и сл. Поздрав, убав ден
Според моето,почна некој ден пред да направи месец да се смее, да гуга пред да направи 2 месеца, а во ќенгур недела дена пред 3 месеца ја ставивме, со главата завртена накај нас.
Рефлексно си се смешкаше првите недели, а она гласно после месец ама на кратко, само мене,сега е 3 и пол и се смее паѓа во несвест на се што и мрда, во кенгур од 3 месеци ни рече докторката, нашата е темпераментно бебе брзо и се здосадува се и обавезно ни рече шеткарајте да разгледува, се интересира за се, не е бебе што сака многу да лежи. Па така да,марамата за носење и кенгурот ни се најискористени. Во марама ако сакам да спие, ако е наспана кенгур.
Мајки дали ви се случило да се намали апетитот на бебето? Ние сме 5 и пол недели веќе Од вчера почна многу кратко да цица...пробувам да ја натерам да продолжи, но ја стега устата и мижи со очите...Исто кога сменив памперс вчера, прв пат да е полу сув. Обично доста тежел и бил преполн. Се плашам да не е гладна цело време
Ако е гладно зелена кака ќе има Нека ме поправи некој ако грешам но поискусните мајки така ми имаат кажано
Здраво женски.. Јас од вчера сум погубена.. Бебе има проблеми со спиењето, како што веќе пишував. Вчера неколку дремки му се прекинаа, што сам се будеше и не презаспиваше, што ние го будевме несакајќи . Попладнето кога фати да рика, да се дере од грло како да му ја дерат кожата, ме утепа. Вечерта пак. Ноќта иста приказна, саат време спиење и будење зборење итн. Сабајле пак рикаше. Сака само скроз залепен за мене да спие, страв ми е ќе го поклопам.. А поголема е веројатноста дека ќе се здрви, значи она не е положба за спиење. Сабајле правевме крвна слика, утре ќе го вакцинираме. Господ нека ни е на помош. Очекував да вришти кога му земаа крв, но глас не пушти. Крвта топ, хемоглобин на горна граница. Мајка нема крв у неа, ама битно беебе да пука. Инаку засилено гризе све што стигне, моите прсти исто ги пика во уста најново. Па почна и да плаче ако нешто не е по негово. Може ќе не изненади со забче. Дома свеки паѓа у трансови што приплакува, уште она ми фали да ми го тупи, ама ај ќе издржиме. Поздрав до сите мами и беби
Феминки, бела наслага на јазичето треба некако да се третира, или нрмално е? Ај после јадење си велам да, ама цело време... и баш е како наслага се направи. На мајчино млеко ми е малиот, дел цицање дел од шишенце .
Раствор од сода-вода (1л сода на 250мл вода мислам беше), со газа, чисти го. Може да е и од млекцето ама подобро чисти го.
Фала мајка се надевам ќе си биде по старо. @elimkd До сега не сме имале зелена кака. Се надевам ќе се среди.
Мајки денеска бевме на контрола со беба е се во ред, манекенка долга мамина. Во врска со претоплувањето вчера баш имавме неколку коментари, јас кажав дека многу не ја облекувам, по боди на кратки и блузичка шеткаме,дома само по боди на долги ама докторката ми рече воопшто да не и редам и чорапчиња за по дома и во спиење. Запчиња ни се почнати да растат затоа и се буди толку на вечер.. Иначе ние сме само на доење (4 месец за 10 дена), докторката ми препорача со кашички од 5ти месец, мада сепак моја одлука,од кога почнавте вие?
Зелена кака не значи гладно дете, ако е гладно ќе нема ни шо да кака, ќе се утепа од вриштење, ни шетање ни баење нема да го смират. Зелена кака може да значи некое инфекцииче, или оксидира каката од воздухот, или нешто трето..има објаснување на нет која зелена боја на кака што значи. Има посветла има темно зелена. Каката на бебето се толерира се додека не е бела или сива. Се друго е за без паника.
Ние веќе два дена не спиеме како што треба, на секои 3часа по 10мин доволни ни се за 2,3часа игра. Синоќе заспа во 01:30,стана во 3, заспа околу 3ипол па се разбуди во 6 и околу 6ипол до 9 спиеше, од тогаш до сега 2часа дали има спиено. Ноќта со плачење се будеше. Цимерката со мене што се породи бебуш на 3ипол месеци забче извади. Којзнае дали и ние ќе ги вадиме сега.Можно ли е да ја болат непцата и затоа со плачење се буди? По грешка мислењето во тема за мобилни го пишав Не сум одморена ко шо треба, ми се плаче за спиење..