Мене патронажната ми рече дека е млеко,т.е масниот дел од истото,и да не чепкам со ништо. Така и правам. Овде читав дека чистат со газа.. Како сакаш,вероватно нема строго правило,или консултирај се со патронажна доколку сеуште те посетува.
Можно е,нас уште пред месец дена ни рекоја дека и се во првична фаза, мачкавме 3 пати на ден со маст,денес бевме на преглед и има како топченца зад ушето ептен ако притиснеш ( реактивни жлезди) кои биле нормални доколку вадат запчиња. Се лигави ептен премногу,нервозно е и навечер ми цица на два саати како сега да е родена. Мораме да мачкаме сега по 6 пати на ден.
Имам бебе денеска прави 2 месеци, родена е 3100гр а од болница излезе 2820гр.На 08.04 ја мереше матичниот и беше 3840гр.На 29.05 ја мереа беше 4230гр, и денес пак ја мереше матичниот и е 4340 и ни рече слабо напредувала дека мораме со дохрана да почнеме (до сега беше само на доење). И дадов Хип ама не го сакаше да го пие,после матичниот рече пробајте со аптамил ама и тоа неќе да го пие кога и го дадам плаче.Мислење ако може како да продолжиме..
Да не има слузави столици случајно? На другарка ќерката така не качуваше килажа, префрилија на АД и повторно исто..
Леле мене резил ме направи ортопедот за облакањетоГо носиме на преглед, беше 3 месеци и јас го облеков во боди, блузичка, елек со капче, надолу ѕиврички, чорапи и панталонки. И кога влеговме не ме виде, ама кога го облакав за одење тргнуваше да излезе од ординациха, го стсвав во транспортер и му ставав ќебенце. Вика "мајка што правиш" ќе го свариш бебето. Ама викам па ладничко е надворме фати за рака, ме извади пред ординација, а во ходник татко со дете, надвор други чекаа. Вика види колку е топло, немој да го наоблекуваш толку. А мм стои зад мене и се смее. И од тогаш му тргнав ѕиврички, само боди и тенка блуза и чорапчиња и панталонки. А ако се водиме по мене, треба во скафандер да седи уште Инаку ваљда и моево ќе вади заби. Нервозен е, вика, премногу се лигави и кога ќе ја фати цуцлата ја гриза и пластиката дури. И овие 2 недели почесто се буди ноќе и дење ретко спие. Денес 5 полни месеци. За една недела почнуваме со вкусови. Пробавме во хранилка, под 45 степени, седи ама не многу. Во количка на таа позиција плаче, нејќе ич да седи. Го оставам на под, по препорака на ортопед и се врти одма штом си го ставил. Кога го земам од транспортер, уште неоткопчан он станал веќе
Значи , родена на 03.03 3100 гр, излезна 2820 гр. Мерена после месец и некој ден 3840 ?Тоа значи качила 1 кило, после 20 дена пак е мерена има качено 400 гр, иод неќна до денес има качено 110 гр и ти рекол дохрана ? Аман жено!! Кој е тој педијатар ? Детето фантазија качува !!! Само на доење е ? Дете доено толку време нема шанси да ти прифати шише, тоа знае само цице и ништо друго..., на почетокот паралелно ако даваш шише може ќе фане, ама вака нема шанси . И немој дохрана, детево супер напредува.
Така и да продолжиш, да си го доиш, детето е супер.Мене првотои цицаше и дохрана,па не качуваше над 500 гр месечно, ова второво првите 2 месеца скоро по кило ми качи, последниов месец само 450 гр, и тоа е нормално, сите сме луѓе, не сме сите исти. Јас одам во вц лесно да не се подречам,а сестрами од раѓање се мачи, зборот ми е да не му се сеќираш, детето си е таман.И нормално е да не фане шише. Чим цица, моча кака, капата на страна и кулирај. И мене ко да ми го сврте муабетот да и дадам дохрана..ама каква дохрана коа си цица пу пу пу.
Се научиле со таа дохрана, де педијатри, де знајни незнајни мажи жени па напредува па не напредува. Ако напредува 200 грама плус, леле многу е намали со млекото, ако не напредува додај му ад. Шеми шеми Таа пред некое време шо ви расправав, шо ме убедуваше да додадам ад без лактоза дека бебево плачело од млекото, на таа истата ѝ пренесла некоја другарка муабет од педијатар, наводно ад било похранливо позбогатено од мајчиното, ама педијатрите општо го форсирале мајчиното поради блискоста со бебето... Булшит! Зошто сме цицачи ко така, а мајката има дарба да создава млеко?! Сите сме со различна приказна и не е ништо необично да се дава ад, ама нека не тераат други како да прават.
Да бее кравата поубаво ќе го нахрани човекот него мајката. Таа некоја ко свеки моја, може никад не доела па кажува приказни. Сега најново бебе е у регресија на спиење зошто сум го доела Едит: Јас немам ништо против мајките што не дојат, најважно е бебето да е сито, ама кога можеш, се знае како е подобро. За приказни кажување секој го бива
Па да..во право си, ако качуваат фазла ѓи тераат да ѓи стават бебињата на диета,и коа после некој месец ќе стагнира одма викаат дохрана !?!? Чекај сеа или имаш или немаш !? Јас немам ништо против АД, и самата му давав првото, ама ако се може само со цицање зошто па да не..ама воа е веќе претеризам. Нека седнат више сите педијатри, и нека се раководат по едно, а не на кој што му одговара. Ти имаш закон свекрва еј Кој знае од колку работи се разбира Има жени што имаат проблем, та психички, та со млечни жлезди. Дете пораснато со АД пак е среќно и здраво дете, и таа мајка што дава АД е мајка како сите останати, и таа најповеќе си го сака своето дете. Муабетот е за педијатриве што еден со друг различен совет даваат..
Море ја мислам, се ѓи мрзи да објаснуваат, затоа што тоа реално патронажна треба да ти го објасни, а и земаат профит од млеката по се излеа..и ајде бутај АД..качувало не качувало, плачело, не плачело..какало не какало ајде АД дади..боже сачувај.
Никаде нема сонце Не знаев оти има бела и сива кака Каква дохрана какви бакрачи. За 5 дена колку сака да качи? @Nooon потполно се соглљсувам со дикинзи. Аман од таа твоја свеќи, прати ја малку кај мене на гости
Сакаж да ве прашам, кога бебињата ви цицаат дали мрдаат со раце и со нозе? Моево бебе лом прави и со раце и со нозе и со главче постојано мрда
Пак ќе речам, секоја со своја волја и состојба. Секакви коментари сум слушнала и од доилки конкретно и ЗА и против, различни ставови дали и до кога да се дои. Некои до толку се навикнале и се внеле во доење што им доста тешко таа врска да ја прекинат; други гледаат на тоа како досадна работа што може да се замени со нешто друго и да се прекине на 6 месеци; на трети им е недоволно хранливо мајчиното, "како не, ќе цица по цел ден". За мене од почеток беше чудно, мачно ноќното доење, сега се навикнав и ми е мило доењето. Како и да е, кога си тазе мајка и доилка, баш не е пријатно секакви коментари да слушаш. Подобро е да се охрабриме, да се советуваме отколку напразно да се паметува. И навистина, вештачкото е позбогатено зашто составот му е по екстра формула: сурутка од кравјо млеко, палмино масло, сончогледово итн итн, а мајчиното е лесно, свежо и нема потреба од вода дополнително. А додека пак за вештачкото треба да му се дава и водичка на бебе дека е погусто полепливо. Ама сепак и тоа е млеко прилагодено, бар постои замена кога не можеме само со мајчино да го нахраниме. И како дополнување шо спомна крава, ами телено пие природно млеко од кравата, јагнето од овцата, и кога купуваме пример козјо млеко како најдобро млеко, какво бараме? Природно или вештачко? *Леле свекрва ти значи за сѐ си знаела хахахах сештолог тоа се вика
Зар постојат педијатри што не охрабруваат мајка да продолжи со доење туку одма АД? Обично сите го форсираат доењето. Бебето ти напредува супер, мојата беше првите 2 месеци по кг сега последниов месец 500г качила само,во должина сме понапредни, во кг на средина, ни на крај памет ми рече АД да и даваш, криза во доењето имате, повеќе разбира, се ја интересира, храни ја само во мирно каде што нема да ја деконцентрира ништо, јади повеќе ориз, многу јогурт, чај за доилки и по една чашка пиво. Ако ти си решила да ја доиш само, ќе успееш. 2 месечно бебе научено на цице нема шанса да ти фати шише ма шо и да и даваш ќе се понаша како да се грози. Мојата цуцла не фаќа не па шише.
Добро вечер драги луѓе по втор пат А дали е нормално мојава што кака по 5 пати дневно па и 6 ? Кога бевме некни на педијатар и реков оти толку кака и викам може затоа не качила повеќе од 800 гр на килажа и ми вика, аа нема врска тоа Стварно? Јас па мислам ако кака толку многу помалку ќе качува оти се што изеде искака....шо знам, може и грешам. Иначе и ние го минеме изгледа тој скок 5та недела, не спиење, како преку ден така и ноќеска, цицање на секој саат.....ама битно нема плачки, нема кенкање, го нема тоа кај неа, кукла на мама, мирно зајче си имаме ние Ај добра ноќ само што заспа па да спијам и ја додека уште не се разбудила