И мојата кога беше помала по толку какаше, скоро секое доење и какање.... Сега не дека не кака многу ама помалку од тогаш
Мојава сем што прета и ми се смешка, најново е дека со рачето научила ке ја стисне градата и ја вади и после се смее на цел глас
Еве ја до мене, климата кога се исклучува уклучува има посебен звук, као "пк" и она ми се штрека од тоа и неколку секунди ке ги подржи рачињата во вис па ке сежи продолжи обично.... Ова кога има заспано во тишина, а кога ке заспие во галама што сакаш прави ке си спие.... Затоа е бебе подобро да спие во галама
Дали ако бебето ги поврати дадените капки, давате нова доза? Дали ако убаво поврати после цицање, да ова е. Има поназад совети за ова. Јас денес ќе го земам маслото. Кај моето бебе е само напред кај косичката на тој дел и лошо мириса. Мора да се поминува и со чешелче.
Овде нема такво масло, затоа мислев дали може да ставам кокосово или имам на мустела ама да не тоа само за масажа бидејќи така пишува
@ddevojce ти што направи со окцето на твојата? Уште ли и солзи? Кажуваше на лекср треба да одите.... И на мојата и е затнат очниот канал на едното окце и вчера и денес почна повеќе да и солзи и да и излегуваат гурлички, до сега се беше потсмирило...дали оти престанав масажички да и правам којзнае...
Јас сакав уште пред да пројдат 40 дена, па пак ми се врати крварење дента кога имав закажано..... И така еве ме 3 месеци и 20 дена има беба.... Мамичка се снаога со брич..... А уште едно поврзано прашање.... Колку време после порагај имавте односи????
Да ти кажам кај мене како беше ќе сватиш дека си уште добро.. јас сама без маж ми, кај мајка ми на помош да не сум сама, она мораше на одмор ама веќе мораше да почно на работа, а ѕверчево мое не спиеше од 04ч сабајле до 18ч, јас мислев дека новороденче ќе спие по цел ден и јас за мене време ама само мислев... зимби бев. На контрола им кажав, ми рекоја постојат бебиња што само спијат и се мирни, постојат бебиња кој тешко се заспиваат, не сакат да лежат уште од многу мали и ич не спијат, се е нормално. Го прифатив тоа, сега фала Богу почна да си спие денски ама си остана карактерче бесно, кога е будна нема шанса по мое да е нешто.. 3 и пол месечно бебе ме команда.
И уште едно прашање.... Марамите за носење на бебе до која возраст се користат???? Чисто да знам дал да размислувам за таква или доцна е?
https://babyshop.mk/mk/skokovi-vo-razvoj-na-bebinjata тадааааамм! Ете сите поискусни мајки тоа што го пишуваат цело време. "Вашето бебе има скок во развојот. Во наредниот период, ќе му треба повеќе млеко, а за мама да почне да произведува повеќе млеко, бебето често треба да цица. Бидејќи многу мајки не го знаат ова, мислат дека немаат доволно млеко. Значи скоковите во развој често се виновници за непотребното воведување на адаптирано млеко. Затоа е важно за мајките да препознаат кога се случува скок во развојот, да постапат смирено и да се воздржат од дохранување, што неизбежно води до намалување на количината на млеко во градите. Количината на млеко во градите поради честите цицања наскоро ќе ја задоволи побарувачката."
Штом мавтала и се напнувала, грчеви се. Мојава па се грчи по цел ден, а навечер спие цела ноќ со едно будење за цицање. Денски дали саат време вкупно и’ се фаќа од дремки, ич не спие Педијатарот вика ќе се смири кога ќе поминат грчевите. Навечер и’ ги давам вообичаените капки плус Бекутан антиколик и изгледа од нив се смирува, спие како бајче. Читав дека денски треба да спие меѓу 4-8 часа, мојава ни една третина од тоа не спие, ама ноќе надокнадува. Некои бебиња се обратни, дење спијат, ноќе не. Кога ќе и’ се смират грчевите, ќе си спие. Сега да стиснеме заби и да се тешиме тука Првото дете ми беше бајче, ни г од грчеви, спиеше мирно од прв ден, нозе нема свиткано, ни запретано никогаш. Вторава ете се мачи со мешето, ама сепак не е страшно
Да не те плашам, можно е да не смени. Еве бебе мое, 5 месеци, дење уште не спие, онака по 10тина минути неколку пати. Ноќе спие, ама до мене, откако ќе го надојам, до вц ако одам прета, па мора да го цицнам пак уште една минута колку да заспие. Исто првата спиеше, ова не. Ама затоа пак, помирен е од неа. Сам си седи во релаксатор си гуга, таа немаше шанса тоа... Ќе издржиме, ама до 3 години
Мами вие што имате од тие теписоните детски, од 550ден ги ставате ли вашите малечки на земја, на теписонот? Ние сме 4 месеци и пред неколку дена почнав да ја ставам. Одоздола ставив ќебе, кога е на спална се врти 360 и почнува да лази ептен малку. А кога лежи на теписонот на грб не се врти, како да и е потешко да го направи тоа, додека е на меше потешко и оди обидот за лазење. Да продолжам ли да ја ставам на земја или не?
Од грб на стомак и обратно се врти на 4 месеци? И да почнува да лази? Иначе на земја е најдобро за оставање.