И мојата е толкава ама од месец дена кога беше ја редам па навикната е. Имаче ептен е практично, а и не е толку тешко како со кенгур, во кенгур само маж ми ја носи.
До кога се носи таа марама? Јас сум на раб на пукање.. Ескалира ситуацијава со моето бебе. Ноќеска не можев да мрднам, луѓе ако не го допирам додека спие се буди и вика во рок од 5 секунди. Не можев да мочам да ми простите. Го будев мм да го причува, со него плаче. Еве го сега спие, пак сме залепени инаку се штрека и кога е ненаспан рика, не можам да го оставам да не спие. Цел ден го нишкам, 7 кила направил.. Кога е буден, да ми е жив сака внимание. Не се занимава сам, не седи во релаксатор. Деновиве мм е дома па имам малку помош, ама кога ќе почне со работа не знам како и до кај ќе терам. Ненаспана сум и фрустрирана, не знам како да му помогнам на сопственото бебе. Се надевам кошмаров ќе заврши поскоро, зошто не знам. Поима немам. Памет немам.
Како јас да се читам, без мене не спие никако денски ама фала Богу не плачи. Напред можеш да го носиш мислам дур ти држи кичмата хаха а потоа на грб. Мојава е 6кг тешко е ама полесно него во раце каде каде, барем ослободени ми се, работам, пијам кафе на раат. Е сега како што кажав беба моја е навикната од малечка па не кенка, многу малу некогаш и одма за 2 мин заспива, не знам за прв пат кај поголемо како ќе е.
Не знам, јас мислам касно ни е за тоа. А и не е мирен мојов прета 300, чисто се сомневам дека ќе седи во тоа. Абе напорен си бил секогаш денски, ама навечер спиеше барем и не се жалев. Сегааа не знам што ми влезе во детето. Што и да е се надевам брзо ќе помине.
Почни да го оставаш со баба, маж ти, со некој друг освен тебе додека е уште мал. Ќе плаче, ќе се буни, ама со тек на време ќе привикне. По пола саат со друг на почеток е доволно, па наголемувај постепено. Ако си само ти со него цело време, ќе ти стане лепенка и многу е тешко потоа кога ќе порасне уште повеќе. Имам пишувано за големата ќерка, ја остававме кај баба и’ од 4 месеци. Прво на чување по еден-два часа (додека и дојде време за цицање), а од 6 месеци кога се одби самата, ја остававме и на преспивање кај свеки (во иста куќа сме на различни спратови). Се препородив и јас, и бебе виде друга средина освен мене. И ден денес (2 години и 3 месеци е) обавезно еднаш неделно преспива кај баба и’, научена си е и не се буни. Уствари, сегде спие, сме немале проблем досега. Да пркне и бебево, и со неа исто ќе правам. Дај си слобода, бебе нема да заборави која му е мајка никогаш
Јас го имам тој проблем, зато што се породив странство, маж ми идаше на 2 недели по 3 дена и кога дојдовме тука не сакаше воопшто кај него, среќа во несреќа со коронава од дома работи и така се навикна беба на него ама кај баба.. хистерија, жал ми е кога ќе дојдат свекрва ми не можат да и се порадуваат.
И ова е карактерче бесно, само да во центар на внимание ама ете ми се погоди тоа, црф беше кога ја ставив прв пат, не се ни гледаше дека бебе има внатре, се надевам уште малце ќе седи во марамата и едвај чекам малце да пркне па сама да се занимава.
Каде има марами? Јас се мислам за кенгур, бебево сигурно е над 7 кила, затоа не знам не ми се лупат така пари...
Цело време го чуваат други додека е буден. Тогаш си игра, а јас нешто да фатам по дома. Свекрва ми е многу проблематична, пишувам за неа.. Ако заплаче, одма тензии прави припаѓа во несвест апчиња за смирување пие. Мене ми го тупка, со мм ништо не можеме да направиме од нејзе. А викне бебе, еве ја се нацртала. Па лута ни е со мм зошто плачел. Немам никаква поддршка тука. За чување кога е мирен топ, сите си играат со него ама кога ќе згусне одма мене ми го даваат. Фактички јас не си го гледам бебето кога е весело и тоа додатно ме фрустрира. Не сака ни да јаде, наоколу буља само. Само сила да најдам од негде јас, зошто помош нема.. Едит го чуваат после 4 од сабајле нормално сме сами, работат сите
Мислам дека е период, и синко имаше периоди кога морав да го држам во раце додека спие. Стисни заби, ке помине. Во врска со оставањето со некој, да ви кажам дека нема правила. Јас и синко не сме одделени од кога е роден, и пак без проблем можам да го оставам со маж ми, мајка ми и свекрва ми. По цел ден сме заедно, со исклучок кога одиме на гости, тогаш бабите и дедовците го играат. Спонтано тој се навикна да седи со нив, и кога не сум тука не ме бара, можам да шетам 4 сати, е после тоа полнува да ме бара. Сега си имам друга мака, некогаш јаде, некогаш не, а цица само од цице па можам само 2 часа да шетам некаде. Ај и ова ке помине.
И ние имаме кенгур, го користевме на почеток кога беше 1 ипол месец дали 3 дали 5 пати пп 5 минути..... Ми беше шубе да не ја придржувам и енего фака прашина..... Можда кога ке шетаме сега повеке ке го носам.... Да ми е овој памет тогаш секако и марама би си земала а сега незз дал ке сака....
Мојата ја зедов од Австрија ама сигурно има во Бебе Хоум иначе кенгур е супер за надвор да разгледува, а дома тешко е.. ептен мава на рамења тижината.
Обично кенгур препорачуваат од трет месец кога главчето им е веќе стабилно. Ајде за второ ќе знаеш одма во марама и мирна глава.
Ова го имав читано, само морам да кажам од стручна литература што сум прочитала а е многу! Не е дека млекото е сиромашно со масти, туку таа ферментација на лактозата ги оштетува цревните ресички, па помалку се ресорбираат мастите од млекото, бидејќи преку тие ресички е ресорпцијата. Затоа кај секое новороденче битно во првите месеци е да се дава лактаза. Лично покасно го дознав тоа со првото бебе, ама за второто уште во болница си отидов спремна со Coliprev капки .Да не се подречам ама ни еден ден проблем немав со него.
Тешко е, верувај ми знам. Едно изгледав сама, еве и второ гледам. Иако ти изгледа безнадежно, запамти дека се’ е фаза. Ако нешто научив со децава, тоа е тоа, дека се’ е фаза и се’ е минливо. Маж ти кога е дома ангажирај го повеќе околу бебе, а ти пробај да се смириш, зошто ја осеќаат нервозата, верувај ми. Те гушкам
Со лесно, се надевам што поскоро ќе се смири Ух, морам да преречам овде Не може она да му рече на мажот и да се ангажира повеќе околу бебето..него сам треба да го направи тоа. Ако мажот ми рече некогаш, ами јас сам ѓи чував, не му викам..не ѓи чуваш ти, тебе ти се деца, може мама или мајкати да ѓи чува..ама тебе тоа и те како ти е работа