Не, биогајата е пробиотик, и се согласувам пробиотиците се важни, посебно за бебиња родени со царски. Но и мајчиното млеко содржи пробиотици. Coliprev e лактаза која може да се комбинира со пробиотиците, но сосема друго нешто работи во цревата. Дури последниве години се испитува поврзаноста на интолеранција на лактоза, во постара возраст дали е предизвикана од оној бебешки период. Тоа сеуште не е докажано, но постојат сомнежи. Затоа мислам дека е многузначајно да се надополнува во најмала возраст, ем да се спречат грчеви, променливи столици...
Е баш така, со тоа што јас од Coliprev сум уште позадоволна, а се 15 мл , дупло поголеми за скоро иста цена! Мене искрено ми е важно и тоа зошто не планирам до 5 месец да му ги прекинам на бебо
И моето со фул 2 месеци е лепенка за мене! Маж ми не знаеш уште што како со него и ако приплаче одма ми го тутка. Се нервирам што не знае да го смири. Ама најлесно му е да викне по мене, не е луд да смирува и занимава дете сам Свекор и свекрва исто, го земаат да го заспијат, го држат во рака дури спие и ми го пореметија цел ред. И кога ќе стане пак по мене викаат да го земам. И така се во круг. Знам @Cherry333 како е. Туку, сега во третиот месец, колку често цицаат бебињава? И дали спијат често?
Баш така! Кога ќе ми рече ТИ ГО ЗАЧУВАВ. Не, не ми го зачува мене. Не е само мое дете. Истово му го зборам
Е така прават многу. Морам да кажам, братучедка ми имала таков проблем и се изразболе ама некоја сериозна настинка. Па да видиш мажот како можеше да се снаоѓа сам со 3 месечно бебе после. Само си олеснуваат и не превземаат одговорност
Не постои ред, барем кај мене не. Бебе си спиеше преку ден во гласно, можев и да сработам нешто. Сега не бре брате мува да прелета тој рипа се штрека. Ноќеска по саат време му беше најдолгото спиење, осеќав ко цела вечност да спиел од што се буди на секои 5 минути.Инаку мое бебе од старт цица на 2 ипол 3 саати, до пред да се преврти имаше 3 подолги или 4 пократки дремки преку ден. На секои 2 саати преку ден заспиваше, навечер спиеше од кај 9 до сабајле 7 ипол, со 3 станувања.
Овој денес бара да цица на секој саат и не е спиен од 6 наутро. Ако заспие дури цица, го ставам во креветче и ете го станал. Се надевам е фаза
До сега не е спиен од 6? Мојов од сабајле спиеше 2 саати, сега еве го цица и пак спие. И се би било совршено да спиеше сам, а не ја до него да морам да бидам слепена зошто ќе се разбуди и ќе рика. Све е фаза, само добрите фази се поретки изглеа
Не, не мислев членката да треба да му каже, туку муабетот ми беше во смисла кога мажот и е дома, повеќе со него да е малото. Никаде не пиша она дека мажот не и’ е поддршка, туку дека и тој го чува, па сакав да и’ речам што повеќе да е со него кога е слободен, кога веќе свекрвата е таква каква што е. Пишав дека сама ги гледа(в)м и двете зошто мм работи, а јас сум на породилно, не дека и тој не ги гледа. Секако дека да, не чека да му кажам, колку се мои, толку се и негови деца, нели Јас не можам да се пожалам од мојов, секој слободен момент е со децата
Марами многу убави јас гледав на инста кај elodesign... Од нив имам земено кебенце и прекривка и мн сум задоволна.... Ама марама очити нема да земам. Беба е 7 кг на задње мерење касно ми текна и мене.... А кенгурот можда деновиве ке пробам пак да го активирам
Јас знаеш како и правам, ја ставам на спална и легнувам до неа и ја дојам и она така заспива и штом зацврсти полека ја вадам градата оти она така ако не се тргнам и 2 саата со градата може да си ја цуца и да спие и бегам. Понекогаш си птодолжува, а понекогаш се буди после 5 мин и одам и пак и давам да цица, заспива и така. Преку ден така правам веќе оти ако ја држам во мене и ја дојам она ако заспие после кога ја ставам во креветче се буди одма, а си заспива многу убаво додека ја дојам и си викам лелее сеа да ја ставам ќе се разбуди, вака да ти е грев да ја носиш до креветче. Ние ноќеска и заедно спиеме и кога почне да мрда јас и давам да цица ни да ја крњвам ни ништо и одма си продолжува или и заспиена цица многу пати...
Маж ми многу ми помага кога е дома, освен кога стварно не знае што да му прави на бебе. Инаку ако јас сум со бебе готви пере садови стварно не е готован. Ама за спиењево не може никој да го опраи бебуш, а со тоа имаме најголем проблем моментално.
Ние сме така на вечер, кун 3-4 ќе ми размрда и до мене ја зеам до кај 8:30-9 спиеме топ, не ни покушавам да ја вратам пошо вака бар сум одморена. А денски се буди чим осети дека ме нема, опасни се маливе.
Да, исто и јас. Не можам да ја земам и да ја враќам ноќеска поготово оти она некогаш и на 2 часа ми се буди и сака да цица и заспива пак, оти со второто така правев и половината и вратот не можам од тогаш да ги оправам Вака со третово од старт си реков со мене ќе си спие и ноќеска кога и колку пати и да се буди и давам одма да цица и ни да станувам ни да ја префрлувам па да не ми заспие после...
Фала за објаснувањето.Ја не сум баш упатена околу капките за грчеви и такви работи. Знам само Био Гаја и Ваја хахахахаха А кога давате капки за грчеви како давате ? На пример ја кога давам Био Гаја, ставам 5 на лажиче и директно во уста. Така правев со првото. Да да ,знам те разбирам потполно, меѓутоа има такви мажи што уво не ѓи боли, мислат оти жените се за тоа и не им е гајле. Имам жив пример..другарка ми, со две..мажот и иде пола саат ѓи задева и оди игри на комјутер да си игра Тоа ми беше зборот мене, оти него ако му речеш му е обврска, а не ќеиф. Среќа и кај мене помага,ѓи чува , ѓи игра ,мие садеви, ручек знае да готви и се останато.
Отварам устичето и директ ама сега е во фаза на отварање на уста на се што ќе види така да само капам