Betty аптеки, е сега не знам сите дали имаат, јас прв пат кога купував ми порачуваа, ама утредента ми стигнаа одма
Му давам да цица ама не секогаш престанува да ика ☺ два месеца веќе наполнивме ама често знае да ика и тоа по доста долго
Ви благодарам женски. А навечер кога цица, бидејќи сум со царски не можам засега убаво да го кревам па лежи на една страна и така си цица- дали го кревате да подждригне или го оставате да продилжии си спиење?
Женски, од кога по правило се ставаат бебињата на под на мека подлога да лежат? И какви подлоги ставате од шо материјал или ќебе со апликации? Кај да најдам нешто интересно да е и безбедно? Да не е со некои токсични елементи, од тоа ми е Со шо може да се анимира двомесечно бебе?
Ептен е мало само да се заигрува, тек за месец ќе почне да се интересира за се околу него, ако ти седи само да претка тогаш топ, мојава беше само в раце, тек сега нешто гледам ќе се внесе во нешто ама пак не е долго. Јас барам од оние подлоги со ограда ама никаде не можам да најдам.
Најдобро сунѓерести коцки или теписонче . Моментално е мало за да фаќа со рачиња. Добро е да му мрдаш со тропкалка лево-десно-горе-долу за да се вежба. Лежење на меше доволно е 10мин ама не верувам дека ќе сака толку.
Нека и живо и здраво ние уште икаме 4 месец скоро. Давај да цицне малце, обично само од себе поминува и не е ништо страшно, само мене ми рекоја да не ја нишкам кога ика.
Му вртам со играчина, со тропалки да ги следи и ги следи реагира, па му пеам му гугам, има контакт со очи, му играм хаахх, го шеткам по соби, му покажувам работи, го ставам на меше, седи кратко и ја поткрева главата. Да, уште е мало за да фати играчка, иако веќе со прстината си ги фаќа очите, ги трие за спиење, ама сѐ уште не ги проучува рачињата. Откако тоа ќе го научи, ќе почне и да фаќа предмети, така? И друго не знам како да се поставам едукативно.
Најпрво ќе ги отвори рачињата од тупаница, па ќе си ги гледа чудно, рефлексно ќе се удара по лице со нив, и после ќе почне да ги држи. Тоа е сега за сега со едукацијата, ммогу е мало. И пробај да не го држиш во раце,што повеќе да е легнато да ја ојачува мускулатурата.
Или цице,или ја оставам сама ќе престане, од коа ќе се нацица ако е будна крени за да ждригне, ако не е немора, коа ќе се разбуди тогаш
Како што кажа мајка во предходниот коментар, прво ќе почне само да се запознава, да си ги гледа рачињата, ноџињата, ќе си ги фаќа, ако му дадеш играчка ќе ја држи на кратко, кај мене на 3 почна да ја држи тропалката,покуша да ја стави в уста и тресне хаха, сега пружи рачиња ама пак нема сила толку многу да ги држи, ќе претне и и паѓа па одма пиши не знам кога почнуваат право да си ги држат играчките без несвесно да ги испуштат. Иначе да таква подлога само со ограда барам.. а такви има во Бебе Хоум и Андреј компани
Јас навечер не ја кревам да подригне, а за икање некогаш и давам да цица некогаш ништо... Не се тревожи често икаат и сами се смируваат, мојата некогаш и со цицање не се смирува туку после извесно време само од себе и проага Да ти е живо и здфаво бебчето
Ние сега со два месеца најмногу ги разгледува играчките над креветче оние што се вртат и свират, ем ја врти главата по нив ем со ножиња и рачиња лудува
Ние вакво земавме, не ми е заинтересиран бебе. Ама големка е стварно подлогата и далеку му се тропцата. Имаме ние како меко теписонче за на земја, планирам да почнам да го ставам деновиве, не ми е некако заинтересиран за на меше, го превртев од меше на грб со играчки неколку пати, ги следи со поглед и така ама сам уште не почнал. И тоа само после спиење 5 минути е расположен за игра, после у раце бара урла. Ако сакаш за помало да ти игра земи помала подлога (baby gym) , да може тропцата да му се блиску, да ги гледа. За со рачиња фаќање, ние имаме 4 полни месеци, фаќаше од помало кога ќе му ставиш нешто во рака, држеше, ама сега почнува сам да подава раце и да фаќа работи, ама све става директ во уста, играње некое тешко.
Има на страната и во Бебе Хоум ама сега како што немале достава тоа што има по страните не им е достапно, јас едвај релаксатор најдов пред 2 месеци..