Можеш бепантен на стапче за уши да не го користиш топломерот. И ние користиме бепантен (го донесоа конечно и тука) и таа финта делува
Не живеам со свекрва ама кога се породив она беше 2 недели со мене, буквално си го посвој бебево, ми го земаше од раце, на сред доење дај ми го викаше, таа намали ТВ ја пушти глас праевме, збор не и кажав, одев во Вц и плачев ( маж ми не беше тука ) мајка ми зарад мене не се бунеше, а и жената дојдена на гости (странство) па како да се искараш, не е Мк па да си оди и никому ништо. Не планирав да му кажам на маж ми малце не беше со нас тој уште да му велам мајка ти вака, кога бев бремена као на помош да ми дојде дома, со маж ми излезени таа во спалнста да ти отварала шкафој за алиштата да ги наместела, ја полудев, мајка ми додека живеев кај нив не ми отвори фиока, сега она.. приватна работа е тоа ама ајде. Ја за се поќутено додека не ми пукна филмот ама на маж ми му кажав со убаво, разговор нормален се што ми смета. Знам дека е своеглава ми рече, не сум знаел некој работи ти само уживај. Со негова поддршка приказната е сменета. Те разбирам подполно, не се карај со никого. Разговарај со маж ти, нека те разбере, нека стисне заби ( на фин начин ) ти, тој и тоа бебе сте сега фамилија најтесен круг, ма колку и да жувеете во иста куќа, мирот ваш е најбитен, бракот т.е. Вие како фамилија на прво место. Работите поставете ги сега дур не е касно, иначе нема полошо да мораш да зафаќаш страна.
Мајки малава овие два дена ако не и дадеш прст да стиска со сета сила кај запчињата вриска на цел глас.. денеска посебно се бориме со неа. На доктор уште пред месец дена ни кажаa дека запчињата се во почетна фаза на растење па ти препишаја гел од Фрезидерм да и мачкам по 3 пати на ден ( скоро 4 месеци сме )10 лигавчиња на ден и менувам, балончиња нон стоп прави од лиги. Страшно нервозна стана, пред 2 дена бевме на контрола ми зголеми на 6 пати на ден да ја мачкам ама ова денес е лудило.. колку време знаат да траат овие драми со растење на запче? Освен гел друго некое помагало да и ја намали болката? Ги држи глодалките, се мачи да гризне, и помагам јас ама сепак е малечка.
Колку време е нормално да спие новороденче...денеска не пуштија од болница немам млеко сеуште му дадов ад испи 30мл и 4 скоро 5 саати спие не е разбуден да го разбудам или да го чекам сам да стани
Ако ептен плаче и е растревожена пола доза сируп далерон. Така сите заби ги поминавме со сируп. Консултирај се со педијатар за дозата. Буди го преку ден на 3ч, навечер нека спие. Битно следи да полне пелени и да нема физиолошка жолтица.
Кога имам време ги гледам на јутуб емисиите кои порано одеа на телма 0м+ се вика емисијата, гостуваат педијатри и зборуваат на најразлични теми поврзани со новороденчиња, има доста корисни совети. Цела емисија има баш на оваа тема
Ми имат кажувано дека тоа можеш да го правиш но не секој пат и често, бидејќи бебето може лесно да се навикне на такво олеснување и после се ќе чека помош
Мењај пелена на 2, 3ч треба да не е скроз сува. Штом ве пуштиле од болница без таква дијагноза значи нема, детето ќе има лимонест тен. Незнам како точно да доловам.
Ми треба ваше мислење. Бебе е 2 месеци. 2 дена како бебе не спие преку ден. Ако стане во 6, не заспива до 9 вечер. Ако заспие тоа е 10 минутки. Се буди и почнува да се корне од плачење, дури знае и да зајде. Одма го ставам да цица. Не поминало ни саат он пак го прави истото, пак морам да го ставам да цица бидејќи никако не се смирува. Се исцрпев овие два дена. Само кај мене седи и сака да цица на секој 40-50 мин. Нема грчеви. Рацете цело време му се во уста. Не знам веќе што да му правам. Од редовно какање, почна да кака преку еден ден ама не верувам дека е тоа.
На 8ма недела има скок во развој, баш на неколку дена пред 8ма недела започнува, трае до 9ипол недели.
На колку дена ве пуштија? После 2-3 дена качуваат обично. И мереја билирубин на болница? Мора нешто да кажале. За пелената ќе знаеш по индикаторот, ако е плав, мочкано е. Сува пелена не смее да се дозволи. Ако е на ад ќе даваш да јаде на 3 саати, ако цица ќе нудиш често, а максимум на 2 саати, повеќе од 2 не. Без разлика како се храни, барем до прва контрола, мора да даваш и ноќен оброк, ако не се буди само, ќе будиш ти. Уште ова, млекото не иди ако не го стимулираш, ако даваш ад без бебето да цица или да молзиш, млеко нема да имаш. Ако сакаш да доиш, мора да го ставаш на града и да не користиш шише.
И очињата знаат да им бидат малце жолти ( поточно белките) ,успани се, и тешко се будат. Ќе мораш да го будиш за да помине побрзо жолтицата, ако ја има нели. Без паника, не е страшна, сите ја минат.
Станува од сон исплашено целото и вришти ? Кај мене правеше така ако јадев нешто што и смета. Грав, леќа, види што си јадела. Тргни го од исхрана, друго не знам што да ти кажам. Повеќето деца после 2 медеца менуваат и спијат по 10 -15 мин, најмногу пола саат. После одреден период се враќаат во нормала. Друго не знам што би ти кажала.
Не пуштија по 3 дена рекоја нема жолтица можи да си одите 2 пати е какан во 7-8саати од кп сме дома и два пати по 30мл ад пиеше и го ставам на града да цица иако немам млеко
Пред да наполни 5м неколку дена по ред мирисаше кисело каката. Бидејќи тоа беше сега во вонреднава ситуација и пишав на педијатарот не кажа од што е само рече давај пробиотик ( а давав Ваја) после некој ден почна да јаде цврста храна и се изгуби мирисот на кисело. Златно жолта боја,сенф боја тррба да е каката на новороденче.
Жени со царски рез, над резот како да ми се појави црвенило,ко потечено. Ко тврдо тоа место е. Искуство??
Мене четвртиот ден ми дојде млеко, реди го само на града и влечи со пумпа, 5 мин на една града,5 мин да друга така пола саат. За какање, мојата ден денес си кака лабаво по 4-5 пати.
Кај мене не ги фаќамубаво брадавиците...мн се нервира кутриот...како да ги тегнам? Со шприц и молзачкс правам...На колку сати менувате пелени?