И од силиконските се извлекуваат. Мене ми покажаа со декстроза во шприц. Значи ја ставаш силиконската, четири прста ставаш под градата да ја кренеш убаво, палецот на горната страна од градата, ќе го погалиш со показалецот по муцето да ја отвори устата и тогаш убаво му ја ставаш ареолата во уста. Ќе гледаш и од доле убаво да фати. Со шприцот му капнуваш малку во уста и кога ќе ја осети течноста почнува да шмука. Така му се развива рефлексот. Дома, наместо декстроза можело чајче во шприц. Баш убаво ми рече сестрата: Новороденче има една работа - да цица и мора да го научиме. И моево плачеше, прета, се бори, рацете во уста ги става ама си реков нема жалење веќе, мора да научи. Пробај ако сакаш со силиконска и чајче, може ќе успееш.
Алал да ти е на живци жено !!! Алал ! Викни патронажна, отвори видеа на YouTube, и на двете одма цуцла им дадов па сепак цицаа. Пробај секако
Така и правилно се мести за да цица. И наместо со шприц да капнеш има и полесен начин, стисни ја градата нека истече млеко, допри му до муцето и ќе фане
Немав мила ништо. Ништо. Пред еден саат дојде една преупорна сестра, кога ме стисна господ го видов. Една капка само искочи проѕирна така да, на пат е млекото. Ама јас нема шанса така да се стиснам, бездушник е таа
Баш за во лудница и јас Вришти секој нецел час и мора да го ставам на цице. Тоа му е утеха најверојатно. Еве го и денес буден од 7, дремна 2пати по 20 минути и толку. Нема грчеви, зошто не се грчи, не стенка, не кенка како кој ги има грчевите. Имавме голем проблем со нив, ама еве веќе се смируваат, кога престанав да давам капки. Со исхраната не дека пазам туку не сум воопшто јадачка од мала. Можам на прст да набројам што јадам а ништо од тоа ме придонесува за грчеви.
Леле и мене исто Се кладам дека истата сестра беше, преупорн, зошто и на девојчето што лежеше до мене истото и го направи откако 3 дена немаше ништо.
Знам, боли ,и мене ме здоболе кога ме стиснаа за прв пат, пробај сама на тој начин стисни се. Таа капка е колострумот, тоа би било убаво да го исцица. Од неќна си породена , кај и да е треба да дојде. Земи ставај го, задевај го за нозе, раце, брада,штипкај го, чепкај го. Нека ти биде наместено во поза за цицање, шом отвори уста одма ставај во натре цице. Ќе биде, уште е мало, за некој ден се ќе се среди
Доаѓааа и мене пред да си одам од болница ме стисна една сестра и капна малку инаку ќе се демотивирав. После коа почнав да молзам и почна колострум да искача, реков ќе дојам јас. Немој да се демотивираш. Со силиконски им е полесно зошто мора да зинат со нив. А вака на пупка оди отвори му ја толку устата освен кога вришти
Баш така и мене во ремедика ми кажаа бебето незнае кај му е ресторанот ние треба да го упатиме Нема жал мора да сме упорни,за нивно добро. Сестра Дани е срцка,она ме стана на нозе и баш ме охрабри. Убаво искуство во секој случај. Уживајте и гушкајте се
Кога сме на тема учење за доење,јас цели 5 дена ги поминав во плачење, како што плачеше бебето дека не знаеше да цица така јас плачев ама бев решена дека ќе дојам. Секоја сестра што ќе дојдеше во соба ја молев да ми покажи како треба да се намести бебето. Мене ми требаше околу една недела дур бебето се научи како треба, а до тогаш многу трпение ми требаше. Девојки,жени,мајки, никогаш да не се откажувате и деморализорате од доењето, барајте помош од секој...Многу е полесно кога бебето плаче ти одма на цице ставиго и ке се смири, за разлика од адаптираното кога си ограничен во неговото давање.Да во почеток ќе се помирни бебињата што се на адаптирано ама како што расте бебето ќе е се поплачливо и нема да знаеме што да му направиме. Јас сум за доење и за упорност и не веривам дека некој мајка нема млеко, тоа само ради неупорноста.
Прекраснотии сте жени. Каде треба да се стиснам? Не ја видов сестрата каде ме фати. На ареолата или градата? Страв ми е да прашам ќе ме стисне пак
На ареолата, подобро викни ја, истрпи ја болката, ама барем ќе знаеш како треба, ќе ти покаже. Или отвори види на ју туб видео.
Јас бев природно ама матката ми се грчеше многу една недела. Следнава положба ми олесна во доењето. И б6 пијам повремено. Кога како. Не би требало да има проблем од панцефот, провенот е пробиотик, ќе те заштити во дигестијата.
Кај мене беше потечена целата рана и црвена. Црвена е и по веќе три месеци ама отокот се повлече. Над раната не осеќам ништо, како да немам нерви таму ама се е во ред, вчера бев на контрола. Докторот рече така ќе биде уште долго време.
Колку е старо бебе? На тие со царски знае да им надојде млекото покасно, иначе јас немав воопшто пупки, крв течеше од мене 3 дена, како пумпав со мозилката така солзи капеа од очи, а млеко нигде. Кога ме видоја на доктор со цуцлата одма ми рекоја да ја фрлам ако сакам бебе да цица. Упорна бев, ми рекоја да јадам ориз,јогурт многу и по една чаша пиво ( пивото го мразам ама..) со тек на време бебе само ќе си ги извлече брадавиците.
Мене млеко ми дојде незнам колку е и дали му е доволно на бебе да се наручка...два пати денес ми прокиснува преку прслук кога стегам има во капки тече ама малиов ми озгледа како ненајаден не спие по многу се буди и плачи го клавам на цице си заспива ако го пставам пак за кратко се буди...
Не мора да значи дека е гладен. Цицање бараат и за утеха, да се смират. Ако е гладен нема да заспива и да отпушта, ќе трга дури не се најаде.