Јас колострум добив после неколку дена. Кренав тт и ми станаа тешки градите, како балони надувани и болни.
Прати дали мочка и мерење, само така ќе знаеш дали е најаден. Други знаци може да те излажат. И ад да дадеш ќе го држи сито подолго, што е нормално па може да мислиш дека немаш млеко. Исто слушај дали голта.
Јас се породив во вторникот еве денес прв пат да прокиснам и на стискање излегуваат капки..Немав некое посебно чуство само градиве ми се како балони и тврди на допир незнам дали е тоа нормално и ме болат на допир...
Најверојатно неспиењето било од стомачето оти цицаше неколку пати и на два пати му дадов ад по 10мл испи а не беше ждригнат...еве сега го кренав на мене потпрен и го тапкав по грпчето па еве го си спие машала...Го чекам да стани за капење...И така се распишав колекција бекутан користам и оваа маст од рибино масло дали можи за газето да мачкам...или да мачкам газе со другиов крем за пеленска регија пишува на него..досега само пудра му ставав немам намачкано ништо ама како да му е црвено местото
@Veki4kaa одма,во 1 по полноќ се роди,сабајлето ја доев.На почеток ми беа само тешки градите,и топли,а сега ме пецка и знам дека ке тече.Не знам дали е кај сите исто,јас имам многу млеко,утоп ми се маиците. Ставај ја на града често,кога ке отвори муце цела брадавица пикни ја внате,некој нека помогне да потурне држејќи го главчето позади,нема да и биде ништо. Внимавај и долната усна да не и е прегризана,да е нанадвор. Сега е мала не е свестена уште,ке заспива често ама буди ја,штипкај нежно или подигни ја да отвори очиња. Масажи на градите помагаат за надоаѓање на млеко,и чај за доилки има во DM(Mama Stilltee)
3 ден и со двете. Кога надоаѓа млеко само се полнат градите, на почетокот се тврди , болни, тешки, ако не те доцицува и имаш грутки ќе треба да се одмолзиш за пушти притисокот малце, оти ако ѓи оставиш долго време со грутки може мастит да фанеш не дај боже. А кога цица, млекото кога надоаѓа се осеќа струење и пецкање на градите. Млекото иде во млазеви, за бебето тоа е пребрзо, и може да се засркнува. Со тек на време ќе научи. За 3 недели лактацијата се средува,градите стануваат меки и дојката произведува онолку колку што бебе цица.
4 ден, поручекта очајна дека немам млеко, плачев оти бев само рани, а морав да се молзам, вечерта ајде реков пак да вежбам со пумпата и маж ми ми рече само ееј види нешто жолто тече (а тој нон стоп посматраше како се пумпам и гледаше во шишенцето) јас оро заиграв хахах
Od kade kupuvate obleka za bebinjata? Od koga zatvoria waikiki neam od kade. Struzanka mi e izbor samo i skopjanka. Druga prodavnica ne sum sretnala
После 3 дена ми дојде млеко-колострум. Прво од едната града некоја капка,а другиот ден другата беше преполна и ми тежеше како камен да имав врзано на неа,па масирав,туширав,ставав листови зелка и се смири. Колострумот траеше 5-7 дена после си протече бело млекце. Градите ми беа топли,тешки и надувани а осеќав и пецкање како струја.
Феминки, вие што сте се справиле со кандида во уста на бебуѓ, кажете ми додека средувавте во устето како ги третиравте градите? Јас сега за сега поске секој подој мијам со вода превриена+сода и луфтирам често. А за бебе ми дадоа нешто лилјаково-сино и со тоа треба да пребришувам 3 пати и капки вит Ц да ставам.
За градите тоа е пред и после секој подој да ги миеш со сода/вода раствор. За устата ти дале метиленско плаво треба со газата да потстругнуваш за да го вадиш слојот. Нас тоа ни помогна повеќе од Нистатин капки.
Само некои моменти кај бебево Дали веќе пд втор месец бебето почнува да си игра со градата? Неколку дена го имам заприметено цица па ја пушта градата па пак ја фаќа, па ме лиже(не знам дали е нормално ова хахах). Сакам уште нешто да прашам во однос на лактацијата. Дали значи меки гради дека се воспоставила лактацијата? Многу ми се омекнати градите како памук меки ми се и сега потешко ми е доењето треба цело време да ја држиш градата затоа што му излегува од устето, а до пред некое време таа што ќе беше пополна(потешка) немаше потреба да ја држам хахаха. И уште нешто, кај мене бебето само си се мести на самата града не мора јас да му ја ставам, изгледа знае како треба да ја фати ареолата па немам мака со тоа, изгчеда тоа е на само на почеток додека се научи и привикне
@Panovic Чим ја лиже само си игра ( или вежба зошто се што прават е со причина ) Кога еднаш ќе научи како да ја фаќа тоа е тоа..после сам ќе си знае како. Тоа е на почетокот само. И плус на почетокот мало им е муцето,цела ареола нема шанси да им е во устето, меѓутоа треба да опфаќа од неа. Како ќе расте, така повеќе ќе ја опфаќа.