Сето тоа ми го пишува во извештајот од последната контрола, никогаш не ја оставам сама таман работа, кај сама да седи без подпора амаи во трАнспортер го подига главчето.
И син ми го крева.. Е малце на меше не сака да седи, ама сега почна повеќе да се лаже. Со играче го следи со поглед и се врти на грб. Твоето се превртува?
Мојата не се врти уште, деновиве почна да се одбива со газот и ноџињата и да оди лево десно и наназад додека е на грб валда ке почне и да се врти скоро
Па и синко така со гзот се вози нагоре ама за вртење абер нема. Кога ќе легне на грб не мрда лево десно. Мрзлак на мајка
Мојата е сама во креветче и спие по боди на прерамки и шпикозни тенки на долги мислам дека е добро за сега. Претпочитам за спиење шпикозни без стапалка и ја покривам со кебе едно.... Ама мислам дека за брзо ке треба фротирка да и се земе
Да, таман си е така ама вечерва 26. 3 степени ми беше кога го легнав во соба. Чорапчињата му ги соблеков само
Ne se opteretuajte so prirodni raboti, Neka se zdravi i zivi dali na 5 6 se digalo ili na 12 lazelo -site ke proodat,zdravje! Sekoe dete e razlicno. Moite primer ne lazea,odma proodija. Kolku poveke lazele pobavno ke proodele... taka vikale starite. Nema vrska,neka si rastat decata.
Не сакаше и малава да лежи на меше одма нервоза ама сега почна да сваќа дека и така забава има, посебно денес беше циркуз. На грбче прета ли прета, крева нозете, сега само до кај коленото ги фаќа иначе од на грбче се врти лево/десно, тоа знаење и го представи и на педијатарот додека и менував пелени хаха бреј вика види ја немирно мало. Кога ќе се разбуди среде ноќ исто си ги фаќа нозете и се врти повеќе накај десна страна, не плаче воопшто сама си игра. А од на меше на грпче првртена ми е ама не знам дали намерно или губење рамнотеза беше тоа хаха.
Од каде ги купи? Јас барав се ми беа дебели и со ракави, сакам тенко и на дебели рамки вреќата, мојава се одкрива ама сега и жешко ќе биде секако планирам да и тргнам ќебенце.
Тогаш во ред, мислев дека загреваш, затоа. Јас сепак би го прекрила бебуш со теенко кебе, барем на половина. И синко лази од 6 и пол. Ама седи сам од 7 и пол месеци, можеби и 8. Ти пишала членката, бебе не се става да седи под 90 степени агол додека само не седи. Да, ја подига главата ама не е спремно за седење. Да му ги допреш нозете до тврда подлога ке сака да оди, ама спремно ли е да оди?
Во wenice во бисер во тој дукан,многу е убава и мека и баш за ова време,без ракави е. Сега брзо бев сигурно има уште (мислам и онлајн можеш да порачаш)
Колкава беше твојата? Мојов е 2 месеци полни утре. И ко шо пиша дека се одбива од површина, така прави и ова, кога лежи со ноџињата се поткрева нагоре, ги одбива баш од кревет. Во ред е така? Да не е напорно за грпчето, ама па сам така прави, јас не го силам.
И да ве прашам, до кога да внимаваме како да го креваме/држиме бебе? Маж ми виде на интернет дека не се држело исправено во раце, се оптеретувал 'рбетот, а и за кревање, да го креваме и спуштаме странично. Ама тоа поради главчето повеќе.
Ние не сме пазеле како го креваме. А за држењето, мое бебе од коа напраи месец чинам вриштеше кога го држевме легнат, само исправен сакаше, нормално со главчето си лежеше на рамо кај тој што го држи. Прашав и педијатар и ортопедот коа бевме на 2 месеци, не ми рекоа дека држење така е нешто лошо. И јас прашував тука, и други така држат бебе