Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Ќерка ми е декемвриско бебе, и право да ви кажам, ниеднаш не ја наоблеков толку како ова што го наброивте за во мај. Истото и јас го имав да речам спремано, и сестрата што ја облекуваше во болница гледа: бенкица, панталончиња (ова се плишано, инаку!), боди на долги, хулахопки, чорапчиња (термо секако), капиште едно дебело, и плик ќебе. Ми вика сестрава, ова бре жено за во Норвешка да не ти е??? Ја облече само со чорапчиња, лом ме направи за плишаните тренерчиња, хулахопките во канта ми ги фрли, капче памучно и во кебенцето. Така и си остана ќерка ми, со тенки, претенки шпилхозни и тренерчиња цела зима, со едно теееееееенко плик кебенце покриена, да не речам дека повеќе време е откриена. Такво си е бебето, с'клет. А вака да ја повијам па како овие на клипот, има да ме тресне од земја да може! :D Единствено што е чудно кај неа, несака да слушне да биде боса! Ноџињата под газе ги пика, грч ладни. Цела топла - врие, стапалцата ладни! Доктор вика, нормално е, терај. Тоа и правам, терам! ;)
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    И мм вели ти кога планираш да го соблечеш тоа дете, тука во Германија никогаш нема да стигнат температурите како во Мк. Изминативе денови беше многу топло а Германските бебиња расоблечени и боси, ќерка ми на тенко боди по долги и блузиче. Па после кога дувна ветер моето си беше таман облечено а нивните голи. И ајде покривање. Од причина што многу е променливо времето овде не знам. Вчера сабајле дожд се истури, а поручек жешко. Таман ни се одзатна носето, беше топло дента не ја пуштив печката да дува ни се затна пак носето. Од пусти страв да не настине. Сега си е таман облечена, и на кратки и боса во шпикозни, а и не се плашам толку веќе, не е од шеќер, бебе е.
     
  3. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Ние сме веќе 5 дена, на почеток си плачеше само за цице, за менување на пелена и за во раце, и се беше супер. Синоќа наеднаш почна да плаче, не се сопира, вришти, па се смирувавме цела ноќ, око не склопи. Сабајлето едвај заспа некаде во 7 и да не ја разбудев во 11 ќе спиеше уште. Сменивме пелена, се нацицавме и пак заспа. Кога плаче се грчи и поцрвенува дури. Се уплашив синоќа, сакам да ве прашам дали е нормално да плачат така или што проблем може да има? Се пресоблековме 10 пати, да не му е ладно, топло, но цела ноќ ја поминавме во плачење, и во раце се грчеше и вриштеше. Дали ви плачат така бебушките едноставно да речам не и бил денот, оти мислам дека за грчеви уште и е рано, секој совет или искуство би ми олеснило. И сакам да прашам ако продолжи вака да плаче постојано каде треба да се однесат, на педијатар или во детската клиника?
     
  4. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    1.131
    Не е рано. Ќерка ми уште во болница се грчеше целата, кога дојдоцме дома веднаш почна хоророт.
     
  5. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Џени, грчевите обично во третата недела почнуваат но тоа не беше случај ниту со моето бебенце.
    Мислам само што стигнавме дома почна хоророт. :(
    Јас би те советувала да го ставаш што почесто на цице како би ја исклучила можноста дека бебенцето ти е гладно. Менувај често пеленки и регулирај ја температурата во собата каде ти престојува бебушка бидејќи бебињата плачат и се жалат и ако им е топло.
    Ако повторно ти плаче и ги собира ноџињата тогаш дефинитивно се грчеви.
    Однеси го на педијатар и во консултација со докторката почни да му даваш капки (јас му давав на моето еспумисан)
    Требаше да му ги давам 3 пати на ден по 25 капки, јас се додека му давав така капки немаше ефект. Почнав да му давам 5 пати на ден по 15 и малку од малку како да се смири.
    Термофорче на пупето, масажички на стомачето и кревање на ноџињата како да вози велосипед ги ублажи грчевите.
    Многу, ама стварно многу ни помогнаа и апликациите за смирување на грчеви (фен, ќеса што шушка, правосмукалка, телевизор без програма, чешма како тече, шмукање шпагети и сл.)
    Со фенот и правосмукалката веднаш престануваше да плаче. :lol:
     
  6. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Јаготке фала ти многу, почесто е на цице и немаме проблем со доењето. На цице малку се смирува но пак почнува да плаче гласно и ги собира ноџињата, како целата да се грчи. Значи тие капки за против грчеви мора педијатар да ги препише, ние нити педијатар уште имаме нити знаеме каде да се обратиме, утре ќе вадиме извод за малата, многу ми е чудно толку рано да ја фатат грчеви, едвај 5 дена имаме.
     
  7. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.464
    Допаѓања:
    150.379
    Пол:
    Женски
    честитки :party: :party:
    да е жива и здрава , само радости да ви носи.
    не се грижи за плаченјето.нормално е и ке трае еден период додека бебушот се навикне на новата средина и дури воспоставите дневно нокен ритам.повеке гушканје и цицанје оти твојот мирис и близина најдобро ке ја смири.мачен е тој период ама брзо минува.
    позз
     
    На Jeny му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.093
    Пол:
    Женски
    i moeto taka placese 1 den i sestrata mi dodade aptamil malata go ispi i se smiri .. sigurno mu je malce mlekce gladnicko e.. stavajgo pocesto na cice ako ne se smiruva probaj dodajmu mlekce da ne se maltretiras ni ti ni bebusko da nebidi gladno
    izvinete od mobilen pisuvam
     
  9. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    фала ви за одговорите, ме потсмиривте малку :* знам дека има посебна тема за ова што ќе прашам ама не е активна, од болница на картончето ни пишале дека треба да се земе алкохол 70% и газички за папочето ама патронажна сестра уште нема дојдено, сакам да прашам како вие го третиравте папочето,дали тоа алкохолот и газите се ставаат откако папочето ќе падне? Јас уште не сум му ставила ништо, уште е на штипката.
     
  10. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    305
    Честитки Џени за бебушот најпрво, големи шанси има да се грчеви. Грчевите се јавуваат кај сите бебушки можеш да пробаш со масажа на мешко благо, со ставање на меше, топла пеленка на мешко, кај нас доста ни помогна фен кога така плачеше, белиот звук ги смирува бебињата. Сега ке имаш и скок во развој кој се јавува веднаш по пристигнување на дома. Тогаш ке ти бара повеќе да цица. Едно да знаеш бебињата некогаш плачат затоа што им се плаче едноставно мамо бебе сум и ке плачам :) .
    За папочето јас користев само алхохол 70%.
     
  11. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    1.131
    И додатен совет од мене не ја чекај патронажната зошто кај мене помина дури после две недели. Плус ми рече папочето и е супер, а она имаше грануломче.

    И друго да не се грижиш, додека направите извод и книшка може бебушот со твојата книшка да го носиш на педијатар. Законски до 2 месеци имаш право. Зошто на нас изводот дури после 10 работни дена ни излезе.

    Гушкајте се и опушти се. :)
     
    На Jeny му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    773
    а кај мене не стапна патроназна воопшто нит ми рече дека некој ке дојде
    и се чудам понекогаш кога пишите дека дошла патроназна и ви давала совети :^)
     
  13. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Мораш да ставаш нешто, инаку како ќе се исуши и падне?
    Јас од првиот ден земав алкохол 70%,прашок и чепкалки за уши...
    Сабајлето прво ставав алкохол на стапчето ,ќе го поминев папчето од околу(не внатре) и ќе му ставев прашаче секаде,тоа го практикував и навечер
    Е кога падна по 7-10 дена ,земав хидроген 3% и му ставав во папчето до 3-от месец,зошто уште знаеше да капне крвче...
    Мој совет е што поскоро да се снабдиш со овие производи и да почнеш да го средуваш папчето
     
    На Jeny му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Џени педијатар мене не ми ги препиша еспумисанот, само ми даде зелено светло.
    За да не ти биде шубе да ги земеш на своја глава затоа ти пишав консултирај си се со педијатар.
    Нас првата посета ни беше пред да ја извадиме книшката и не ми направија никаков проблем.
    За советот во врска со дохранувањето и тоа дека малку му е твоето млекце јас би ти рекла да си го ставаш што е можно почесто на града, понекогаш ќе ти се чини дека и на 10 минути бара цице ама биди упорна.
    Не почнувај со дохранување барем додека не ја измерат колку тежи и како напредува.
    Секое плачење на бебенцето не значи дека е гладно!
    Градите не се само храна за бебињата, тие се многу повеќе.. Утеха, спокојство, безгрижност, мир..
    Во врска со доењето топло ти препорачувам да станеш член во групата "Соба за доење" на фејсбук, докторката дава навистина прекрасни совети.
    Колку почесто ти е на града, толку повеќе млекце ќе имаш. Имај си во предвид дека потребни се 6 недели за млечните жлезди комплетно да се развијат, потребна е само упорност.
    Папочето и јас и го мачкав со 70% алкохол (околу, не внатре да шприцаш) и како што ти пишала Симона, кога ќе падне ќе продолжиш со мачкање. Не смееш да оставиш крв да има, тоа е опасна подлога за размножување на бактерии и можни инфекции.
     
    На Jeny му/ѝ се допаѓа ова.
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Деновиве бебуш нешто не ми е расположено,се нешто плаче,спие околу 10 минутки и се разбудува како склет да има или ја боли нешто?...
    Незнам дали е и ова еден скок во развој или времево ладно топло па не и идговара :^)
    Се мислам да не се запчиња ама рано е за тоа,се лигави многу,плаче,па во соне многу пати пушта звуци како да се плаше нешто...
    Девојки за забчиња освен плачење и нерва,ја гледам малава во непцето ко да има на горнето вилица како бело топче сосем мало е,мислам онака ли се почнува забче или?... :?: целата сум со ????? Незнам што ја мачи :?:
     
  16. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Mozno e da se zapcinja jas sum izvadila na cetiri meseci znam slucai i na tri ipol. Ubavo izmij si racete i so prst protrij gi nezno nepcata vidi kako reagira. Mozebi i.ke.osetis dali ke te bocne nekoe zapce.
     
  17. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.464
    Допаѓања:
    150.379
    Пол:
    Женски
    можно е да е запче ,ама обично прво долни никнуваат.најдобро ке провериш со метално лажиче,ке чукне :D ако е запче.нас горните единици не мачат 2 месеци.точно толку време кенкав,плачлив,нерозен и нерасположен.а неспиенје и денје и ноке.
     
  18. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Не бре не остава да и го добра устата не непцата :D или лиже или плаче :^)
    Исто така кога спие и ја држам за раче спие барем сат време а јас тргнисе од кај нејзе и етеа гуга :^) незнам дали е исплашена или што :^) ама кога е во раце си ужива баш тоа забележав денес,може не сака да е сама :D
     
  19. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Значи не сум била само јас со истите прашања во глава имало и други барем ми помогнавте, :) Ама мене да ви кажам искрено ме фака одвреме навреме постпородилна депресија или тага ако така се нарекува. И да ве прашам на секое станување во зависност од 2 часа или час ипол понекогаш и три кај нас е три и ноќе јас го пресоблекувам. Секогаш е какан по еднаш барем а и мочан е секогаш. Дали и колку често вие му н=менувате памперс? Дали е исто ноќе и дење или ноќе ги оставате да не ги преладувате?? Така кажа педијатарот на државна на предавањата. :!: :!:
     
  20. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    305
    Ке споделам лично искуство. Синко мој се роди во јануари ладно нели, ама примавме двајацата антибиотици во болница и тој кога стигнавме дома доби кандида. Значи секое менување на пелена го миев под чешма, дали било ноќе дење. Знам дека педијатарот рече да не менуаме ноќе пелени ама заради инфекцијата морав да менувам почесто пелени за да заздрави газето. Сега е друго, значи го капам на кај 19:30 ставам пелена, и таа е до сабајле до кај 7. Затоа ако имаш потреба да ја смениш пелената менувај ја, мислам ако ти се буни ако е многу мочкано , какано. Ако не почекај до сабајле.

    А за нервозата на бебиња да не правам муабет, неделава како да имам друго бебе :rofl: ,се надевам дека се заби.