Секое е различно но мислам дека во просек од 20 до 50 гр дневно е добро што би било од 150 до 350 гр неделно или од 450 до 1200 гр месечно
Ako ste kombinirano ili samo na AD se dava samo D3 ili D3 so omega zaedno kapsuli...K1 vitaminot veke go ima vo AD.
Ама не го станав само да седи, кај сила 4 месечно бебе само да седи, кога ја држам ја кога сум се 20-29г. на ден било совршено,околу 800г до кг. месечно. Мојата беше кг на месец, последниов само 400г крена ама никако ми рече немој со АД да почнуваш, терај така, среќно бебе е.
Од 3 месеци доколку му е зацврстено главчето, повеќе се интересираат што се дешава околу нив и уживаат.
Да така е правилно, кога ја држите да и направите како столче со рацете, газето да "пропадне", со бутчињата да се подпира на рацете. Колку добро објаснав појма немам хаха ама ете видете на нет, за преслекување и за спуштање/кревање само странично.
Какво ад и син ми по повеќе од кило качуваше до 3 месеци и дуплира родилна тежина. Сега последниве 2 месеци по пола кило качи, па ако качуваат по кило секој месец на година прваче ќе имаш..
Да прашам нешто за какањево...бебево не е покакано денес веќе 4ти ден, ќе чекам до утре ако не се покакати ќе му стам чепче. Прашањето ми е дали ова ситуација значи дека бебево нон стоп вака ќе прави со какањево или и ова е ново за него...да напоменам дека дојам и ништо плус не давам
Не мора да значи.. Моево бебе се дешаваше на трет ден да се искака едно време, сега почна по два пати дневно да кака. Бебињата мењаат цело време, ништо не мора да значи дека е така. А инаку немам искуство со чепче до сега.
Пробај компот од суви сливи да се напиеш. Чепче треба последна опција да е. Може да се навикне така па да треба цело време со чепчиња после.
Јадам суви сливи а пред тоа сји правам компот и тоа го пијам, во денот по 2литри пијам, супи јадам, јогурт пијам...Јас ке се покакам(извинете на изразот)ама бебево не сака... Да напоменам мешето му е меко и има постојано гасови,знае да покекенка ама многу брзо му поминува
Нормално е да не какат по недела дена, напи се чај од ким тоа исто многу помага. Мене искрено чепче ми дадоја за против грчеви со зборовите ,, пази да ме ја побредиш само" и ги џитнав одма в канта. Некако ептен страв ме фати..
Истиот проблем денес 4 ден кај што не е искакано гасови има ама ништо од какање Компот од суви сливи го препив џабе Не знам искрено дали е добро 10 дена да не е искаксно