Мајки, од кога почнавте со капки за грчеви и пробиотик Биогаја? Знам некои даваат биогаја ама мислам ако цица нема потреба?И дали пиете витамин ц?
Ако нема проблем, да го боли меше, да тутка ножиња гасовите се во ред, и без тоа и редовно да кака бебињата и онака си прткаат се ослободуваат од воздухот што го голтаат дур цицаат. До една недела почекај ако нема мака, после пробај со топломер, ама многу внимателно за да не го повредиш. И јас мислам дека 10 дена е многу.
Немам јас до сега ставено од страв дека можам нешто погрешно да напраам.. мало газе на самата помисла се ежам ама знаѓ дека ми препишаа кога немаше ни месец дена, против грчеви беа.
Нема врска тоа што цица, секое бебе има грчеви, некои појаки, некој имал среќа и не толку силни. Некогаш храна има големо влијание, некогаш и со пазење на храна не помага, цревата на сите бебиња се шират, а тоа е болно. Јас почнав со капки против грчеви уште првата недела, кога дојдов во Мк ми рече докторкат дека тие ја тераат само на какање ама не и помагаат при болка па ми препиша биогаја да и давам до година дена.
За бебиња кои се само на доење не е воопшто премногу. Млекото е така создадено за бебето и цело се искористува. Според мене 4 дена не се ништо. Ако е констипација во прашање, кога ќе кака ќе плаче, стомачето ќе му е цврсто, каките ќе му се цврсти, може апетитот да му е намален. Ако мислиш дека има констипација пробај да му го помасираш стомачето, да му правиш вежби со ножињата и можеш да му наполниш кадичка со топла вода. Сепак консултирај се со педијатар доколку сметаш дека има проблем.
Имам прашање околу алергија на полен. Кога се породив одма ме прашаја дали некој од фамилијата има алергија, јас имам и им кажав ама ништо не ми рекоја да пазам за малечково. Овие дена кога одиме во парк гледам дека окцето и се прави црвено и и почнува ептен да солзи, кива, носе црвено.. малце чудно ми падна и одма се сетив на тој муабет од болница ама не сум баш упатена. Мене ми се појави алергија на 2-3 години..
Бебето има меко мешенце и од кога е роденомуе правам вежби за стомачето. Не е многу кенкаво има во денот едгнаш онака да напнива како за какање ама тоа кратко трае... Иначе да само на доење сме.
Ги ставив цуцлите во топла превриена вода и овие од Авент вака се направија. Може уште да се користат или?
На доење до 10 дена е границА. Препорака од педијатар ми е, малава или се ресорбира или мрзливи црева има. Меко и е вака стомачето ретко има гасови.
Мајчиното млеко целосно се искористува до последна капка во телото, и не останува скоро ништо за исфрлање. Затоа се толерира до десет дена да не кака ако е на ексклузивно доење, што подразбира да не се дава ни вода, ни чај.
Зошто не чајче? Мене ми рекоја дека може малку чај. 30-40мл е ок. Кога не може да кака, му давам чајче од Бекутан/Хипп и му е подобро на стомачето и кака.
Женски не знаев кај да прашам па гледам тука е активна групата.Сакам да ве прашам да ми кажете како стерилизирате шишенца и цуцли со вриење на вода во тенџере се уште немам купено стерилизатор
Јас не стерилизирам, попарувам само со топла бода и толку. До душа на доење сме сега, почетокот првите денови користев само шише додека ми дојде млеко, го попарував само и тоа е тоа
Денеска му падна папчето. Дали можам од вечерва да го бањам на меше, да го мокриме или да почекам уште некој ден? Му ставам прашоче од денеска. Со страв го бањам свртено со стомачето надоле, сакам да почнам легнато на грбче.