не ти ни треба, колку глупости имам изнакупено ништо неискористено, највеќе ми е криво за тоа за топлење млекце ама ајде сега за кашички валда ќе го искористам. Вриј ги само или попари ги.
Јас имам стерилизатор и ептен ми се најде а синко цица. Скап е, 3000 е тој на чико ама ако имаш пари нема да е лошо да го купиш. Ке ти штеди многу време. Мене педијатар ми рече дека првин треба да се исуши убаво местото и тогаш може цело да се бања. Кај синко падна брзо ама му требаа 5 6 дена да се исуши. По совет на педијатар ставав само алкохол, ама 4 дена имаше сукрвица. Решив да ставам бивацин (банеоцин) и се исуши за ден два. Купи шеширче, жешко е за класична памучна капа. Освен ако излегуваш ептен рано, 8 на пример, тогаш сеуште е ладно.
Ja na pocetokot gi vriev vo tendzere ama koa ke gi izvadev bea celi beli so bigor kako nemieni. Sea gi poparuvam so vrela voda. Ke zovrijam i gi poparuvam ili so mn zeska voda od boljer
Хелоу мами. Хелп. Јас воведов цврста исхрана по препорака на педијатар веќе една недела. Се обидувам да се држам до препораките овде по лажичка две, двапати дневно. Но, денес почна да ми се буни, гладен само уста отвара, си јаде и ми бара уште. Пет месеци ќе полни во петок. Млеко почна да ми бара на 2 часа. Вчера наместо кашичка од морков, му исцедив сок од морков со вода, мислев две три голтки ко за прв пат. Се тепаше со мене за шишето и цело го испи (20 мл сок со 40 мл вода). Не знам дали да му воведам оброк уште сега од тоа што треба да јаде, или да сменам ад зошто очигледно ова веќе не го заситува. И ако сменам ад според вас кое е најдобро? На хип комбиотик 1 е сега. Се обидов пред млеко да му воведам вкусови, ама многу ми плачеше зошто гладен, а не знаеше што да прави со лажичката, па сега прво пие млеко па после 2 часа јаде кашичка, па после според тоа како ќе се разбуди пак млеко (гледам од млеко до млеко да има 3 саати поминато, не зависно дали јадел каша во тие 3 часа) Благодарам.
Зошто да не го вкажниш? И на школа за бебињата и при двете породувања кога одев на визита дури ги капеја, сите педијатри што се погодија на смена по 100 пати напоменаа папочето да го топам слободно и да не го штедам. Алкохол на крварење одамна не се препорачува, така да, ако има крв уште малку, чисти со 3% хидроген и стерилна газа.
И мене не ми 'забранија' да го влажнам додека го имаше уште само ми рекоа убаво да го исушам ама јас го пазев за побрзо да падне. Денеска ми кажа докторката после бањање со алкохол да го бришам, а на секое менување пелена само прашок ама заборавив за бањањето да прашам.
Дали ви преткаат бебињата додека цицаат? Кај мене почна многу немирно да цица, да се тегне со нозе,раце,глава...фаќа па пушта брадавица... Месец и пол сме.
Вие што имате машки бебиња, нели курето им го кревате нагоре. Прашањето ми е што правите навечер дали ги пресоблекувате, бебево мое два дена по ред го наоѓам мокро, а користам еден број поголеми пелени намерно за да не се водени? Имам заприметено дека и преку ден морам многу начесто да му ја менувам пелената. Некој совет, дали можда грешам во пелената
Јас не го кревам, баш на тие часови што одев во бременоста ни рекоа кога ставаме пелени надоле да си биде. А знам дека на времето дома на братучеди им ги местеа нагоре.
2 месеци. Му давав кога имаше потреба ради грчевите. Се консултирав со двајца педијатри, ми рекоја дека може.
Капче после бањање и кога шетаме надвор. Сега не знам дали веќе е за капче. По дома со боди по кратки и шпихозни или потенки трењерчиња.
Вчера до 2 сабајле беше будна...Никако да заспие, очите како филџани отворени, само се пули лево, десно... Си викам како е можно да не се умори до сега.