За стерилизирање шишиња од вода, чај и млеко. Се измолзував и синко пиеше од шише. Тањирчиња, лажици и чашки со клун. Плус за пумпата, имав многу млеко и се измолзував.
Дека рече само си доела. За шишиња за млеко и за пумпа навистина ја олеснува работата ако постојано се користат. Јас користев периодично пумпа и само ја вриев во тенџере. Но за шишиња од вода, чај, цуцли и слично на став сум дека апсолутно нема потреба, бебето треба да се навикнува на обичните бактерии. Доволно е да се измијат со жешка вода или во машина.
Најдобро е сп хидроген 3 % . Капнуваш неколку капки во папоче да запени и тапкаш со стерилна газа да исуши. За првото дете после ставав цителиум, за второто ништо, само со хидроген.
Ја соблеков !!! Не биваше ..дома 26 степена, кенкава, нервозна, цица се препотува,фани ја на тилот, на градињата топла претопла, само на боди на долги е, надоле голка, после отварам сезона на куси. И двете ѓи расоблеков за секунда се смирија.Ич нејќам лето..т.е сакам ама до 30 степена најмногу
Мајки како успевате да останите смирени кога бебе е нервозно плаче не сака да цица не заспива цврсто и за 10 мин се буди пак плаче...незнам што му е жешко му е ладно му е...гладен е или го боли нешто тој плаче јас нервозна сеќава и уште толку се улипува...стварно ме фаќа паника на секое затемнување...нека биде само ден
Апсолутно не е неопходен стерилизатор, посебно не ако доиш, ама ако имаш пари не е лошо да го купиш. Ептен ја олеснува работата со вриење, еве јас се молзев секој ден. Од шише пиеше млеко само кога сум излезена. Од друга страна, мислам дека е неопходен ако бебето е на АД. Некако сум сигурна дека после секое пиење млеко шишето треба да се стерилизира, таков впечаток добив сега кога спремам ад за каши.
Тука некаде сме породени мислам и кај нас до завчера беше истото,овие 2 дена да не го урочам многу е мирен. Мислам дека од грчеви се такви. Од сабајле или на пладне го носам на тераса 5 мин да го фати воздух. Кога цица јас сум гола нагоре и он е само на боди на кратки и чорапчиња доле. Ако е тт под 24 во соба го покривам само со една тетра да не му е ладно и така си цица 1 саат сигурно. Ако гледам дека се мачи да се искака го исправам или малку легнат врз мене на меше и го тапкам по газе или го легнувам на грб и нозете свиткани во колената му ги кревам накај мешето. Така многу лесно ги празни цревата. И секогаш кога е кенкав го ставам на града, ако се друго му е погодено.
Капче само зимно време и после бањање некое време и тргам за кога спие да нема капче ама пошо дојде топло веќе не и клавам. Дома боди по долги без пантолончиња,уште малце по кратки боди и тоа е тоа. За излегување тенко блузиче и пантолчиња памучни тенки.
Женски, последниве 2 дена после подој ми блуцка бебушот (месец ипол сме). Вие како правите после подој, го ставате на нозе малку како под агол надолу или одма го ждригате? На перницата за доење исто гледм да правам малку агол надолу, полесно да му легнува храната во меше, ама ете дали е период во прашање што може да е што толку блуцка.
Држи го бар 20 мин испраено и покушај така да го заспиваш, купи од перницата под агол што е и стави ја под душекот. Ја имав многу проблем со повраќање, таман заспи ја ете нагон за да поврати и пак наново се...
Дали повраќа обилно или малку? Ако е малку го повраќа вишокот, а ако е како водоскокче и повеќе, најдобро е да не го подигнуваш да ждригне .
Мајки од кога почнаа кај вас бебињата скроз да ги отвараат очињата надвор на денска светлина? Уште ги мижи моево кога го вадам надвор, пробува некогаш полуотворени ги држи, или заспива.
Кога како, сега баш последните денови пообилно. Последново, јас мислам се што изеде поврати. А претходно, на пример вака, цица на една града на перницата, и само перницата ја вртам и оп ќе му истече од устата да речеме 4-5 лажички млеко. Или додека ми лежи на колена, исто ќе пушти низ устата. Да не има веза и таа кандида на јазичето? Ја чистиме, уште се нема повлечено
Затоа и ти напишав под душечето оти се малечки за перница, не ни се осеќа така, а сепак помала шанса е да се загрцне.
Мора оти мојава ептен во млаж повраќаше па ако не ја држев уште поголем проблем, ќе заспиеше и тоа ја будеше, повраќаше нон стоп, па почвеше и да се дави.. хаос. Ми рекоја да ја држам по 20-30 мин исправена и така да ми спие за да и слегне млекцето.