@Enci200 @Bubish26 мојата повраќаше кога ќе ја исправев, во млазови. Некаде до 6м. Ја легнував на перничка под агол само оти кога ја исправав да ждригне беше полошо. Ама доколку напредуваат нема никаков проблем, тоа е дека не му е развиено капачето на желудникот.
Мене ми кажаа дека кога ќе почнеме со цврста храна подобро ќе и е ама сега не ми повраќа во спиење. Кај и да е почнувам со кашички.
https://instagram.com/lovely.babycouture?igshid=bf4n8ozjvzkg Мамички дали некоја има нарачуванп од овде? И ако да како сте задоволни?
Како менувате какана пелена ? Се помочкала пропуштил памперсот и ја пресоблеков само шо ставив нов се покака малку ајде друг, и тој прдна и пак малку е какана и сега ми заспа нз дали да го сменам, а цел ден нее спиена неќам да ја будам. Колку време смее да стои покакана пелена? Дали ставате нараквички?
И една цуфка да има,менувам одма, не знаеш какво може да стане газето ако ја оставиш така,има црвеници.да и стане. Само мочкана е друго. Како мислиш не спиена ? Не спиела 5 саати по ред ? Или спиела по 20 мин на саат време? Ако ти спие по 20 мин , тука ќе морам да те разочарам, не само тебе туку и сите пресни мајки, дека бенињата после одреден период спијат само по 20 -30 мин, не го рачунајте тоа за неспиење, него навикнете се дека ќе терате така уште долго. Ретки се тие бебиња спанковци. Какви нараквички ?
Какана пелена менувај одма. Макар и прдната да е. Подобро нека се подрасони, отколку газето да и бидне партал. Кај женски бебиња е уште позезнато. Ракавици или белезгија? Ни едното ни другото. Со рацете го осознаваат светот, рефлексите им се отапуваат со ракавици. Ке се гребе ама брзо поминува.
Мајки да ве прашам дали и вашите бебенца се нервозни од жешково. Се е супер, нема грчеви ама овие 2 дена многу нервозно, надразнето е некако. Не знам дали да уклучувам ладење? Тенко облечено, ама многу се поти што не беше обичај. И црвенило на грбчето малку. Мачкам судокрем? Ве молам за искуства
Јас вклучував клима на 26. Прежешко беше и две недели се мачеше синко. Откако вклучив ладење се препороди.
И моево ич не трпи топло, плус е буцко и без ладење е жива вода. Имам пробано онакво мало вентилаторче рачно да дувка во него додека го држам, џабе, грбот и косата утоп. И не спие убаво ако му е топло, штом почне да мрцка и да се буди два три пати во саат два, го разоткривам да го разладам малку зашто нозете му горат. А по кратки спие.
Sudokrem немој, полн е со штетни хемикалии. Ставај природно за бебе, на пример кокосово масло, смирува црвенило.
Па зависи како ти е облечено. Јас од вчера пуштив клима , слабо да дува, да биде пријатно. Ја облеков на боди на кратки, и кратки панталончиња. И покрај климата фома ни е 26 степена.
Вчера 29 степени ни дојде во соба, бебе збесна. Клима да ја исчистиме ќе пуштиме. Го рассоблеков по боди само седеше, главата му остава трага од пот каде и да го легнам
Кога сме веќе кај муабетот за топлото..да ве прашам како патувате летниот период? Дали пуштате клима во колата? Пред два дена се вративме од малку подолг пат и беше претопло внатре, правевме пауза на секои 45мин. за да ја проветриме колата и да ја извадам од транспортерот.
Да, пуштам клима и во кола, ако сум без деца би ја ставилана 3 да лади, кога сум со нив на 1 Колку толку брка работа.
Дали да почнам со боди на кратки да ја облекувам? Се си мислам да не и е ладно и рано . Сега на долги е сеуште и шпикозни.