Какви долги, греота е. Јас би облекла кратки одма. Син ми вака како ти што ја облакаш беше во сред зима. Жешко е сега и се пожешко ќе станува.
нели е претопло на боди на долги ако добро разбрав и плус шпикозни ние сме 4 + сме само на боди на кратки и тенки тренерчинња долен дел без чорапи преку ден а навечер и тенка блузучка облекувам
Јас лани во најжешкото не облеков кратки. Скоро се породи, така? Клима на 26 пуштав, најтенки шпихозни без боди, или боди со долги и панталончиња. Капа не, ракавици исто не, ама толку мало бебе не би облекла по кратки. Надвор не го изнесував затоа што не се дишеше, навечер само, иако беше жешко и тогаш. Во ниту еден момент не му беше топло, мерев температура постојано и го проверував кај вратчето.
Обавезно , на слабо пуштено да биде пријатно. Ние толкав пат гер - мк нема шанси безбклима. До хрватска не ни треба ама оддтаму надолу нема шанси без. Ве читам за облекување на бебињата. Кај вас у мк било топло. Кај нас у гер моментално е 15-16 степена. Од некни насабајле беше по 4-5. Сега си е облечена со боди на прерамки и шпикозни или панталончиња и блузиче или хеланчиња. Спие у вреќа. Еден период спиеше без вреќе покриена со јорганче оти и нејзе и е жешко. Вода почесто нудам оти фајќа жешко, ќе бидат жедни и тие, плус долг пат. Сака да пие од лажичка, од шише нејќе, се дави.
На боди со кратки само е моево овие 2 дена. Навечет спие у шпихозни само без да биде покриен. Мислам дека е уште рано за клима, што ќе правиме 40 кога ќе биде.
Векичка зависи од просторијата каде престојувате. Не може да се водите само од надворешната температура,бебе не е надвор. Куќата на моите е ко ладилник буквално,возрасен ке помодри не па бебе. Па и нашиот стан сега е баш ладен,на приземје и со јака изолација. Кратки -долги е некој сантим разлика,попресудна е дебелината и слоевитоста на облеката. За сите сезони важи дека не смее да е преоблечено и да се користат природни материјали кои “дишат”. @ddevojce какво искуство имаш со на долга релација патување со бебе,и кога првпат сте патувале? Ние имаме испланирано во Август кога беба ке биде 4+ мес,ама ми се крева коса од помислата на пат со кола,а шубе ми е да преноќувам по хотели,евентуално Словенија ми е прифатлива. Јас би со авион,ама ке видиме,неизвесно е и дали воопшто ке си одиме.
И кај мене овие 2 дена е понервозно. Не знам дали почнале грчеви, 14 дена сме....Од вчера го оставам само по боди оо долги и долу оижами затворени кај нозете ама носи и нараквичиња за да не се драсја. Ние ставаме и широк повој со две тетри, дали мајки вие ставате? Мн сакам да му ги узвадан, жал ми е на жешково. Дома е 28 степени, не знам дали да пуштам клима и на колку....Во вратчето се направија црвени точкички, мислам ид жешково е и ставам една маст за потпарено. Некои совети плис???
Еве јас послушав климата мо е на 26 и најслабо да дува. Ок сме сега, мачкам кокосово еве како што ми пиша едно девојче тука за црвенилцето, па ќе видиме. Ако ги витка ножињата накај стомаче и плаче тогаш се грчеви. Ако е само вознемирено тогаш може да му е жешко
Да ве прашам оние што користите стерилизатори за шишиња. Прво се мијат шишињата нормално со сјај и четка па откога се чисти се ставаат во стерилизаторот?
Pocni si veke po kratki Nie sme 3ipol meseci veke edna nedela sme na kratko bodi a po doma e bez pantaloni samo corapcinja ne trpi bebe toplo odma e nervozna
Јас со бебе сум патувала со авион. Пред патувањето се консултирав со педијатарот и ми напомена при полетување обавезно да биде на цице или со цуцла. Кога подголтнуваат им се одзатнуваат ушињата инаку плачат...
Беба беше 2 месеци кога прв пат со авион патовавме.. хаоос, цел лет плачеше, стујардесите ме предупредуваја да не ја дојам, да е врзано убаво, беба збесна. Чекам да отворат границите и имам пак лет, како ќе не биде не знам.
И ние чекаме да ја исчистиме климата, јас и бебе жива нервоза вчера. Неа ја држам сега по боди на кратки, и вадам памперс да се ослободи малце, радости е. Иначе, погоре некој пиша за новороденче.. не би и редела боди по долги и шприкозни, беба јануар ми се роди па така ја облекував. Е сега, на најјакото сонце нормално нема да ја изнесувам, обично кај 5 и пол до 7 сме во парк. Беба ми е премногу бела, завчера беше едно бебче од 6 месеци кај нас на гости, поцрнело хаха ни кремче не му редат ама и темничко е на тен ( сепак кожата му е тенка). Јас и земав на мустела со 50фактор на препорака од педијатар ама страв ми е да ја носам по кратки ракави, ептен ми е нежна, а сум против наоблекување.. и тенка блузичка за мене е премногу.
Кога ќе полета авионот мислев И има логика некако зошто и мене ми се затнуваат ушите па подголтнувам да ми се отворат хахха. Тоа ги плаши и непријатно им е така рече педијататот. Ние така тогаш одлично поминавме. Е сега оваа година ако патуваме со бебе и плус мало дете, не знам како ќе биде
Мајки едно прашање..вие со машки бебиња дали ги повивате широко..нас на болница ни рекоа да користиме две пелени мене ми изгледаше како многу и одма почнав со една ама сега како што затоплува и тоа ми изгледа многу си мислам му смета неможи ножиња да свитка сакам да му ги извадам и да е само со памперс..Совет ?
Ние сме 11 дена и јас му облекувам боди по кратки па и без ракавчиња плус шпикозни или дводелни потанки...ако се со стапалка не носиме чорапчиња иначе носи...капа клавам само после капење саат два и ја вадам..нараквици не
Многу доктори низ светот веќе отфрлаат широк повој. Значи ни тесен да го стегаш, ни широк да не може да мрда, само го пратиш како што си стои природно, јас така би правела, а имам и другарки што не користеле широк повој и бебињата израснале супер.