Јас на буци никогаш не му воспоставив ред, сам си го фати ако ми верувате. Само што му се смирија грчевите некаде од 3ти месец, една ноќ го легнав стандард во 11-12 и цела вечер си спиеше до кај 8 некаде, наредната исто и така си продолжи. Сега пред една недела ми смени, заспива во 8.30 најкасно 9 и спие до 6. Пак ќе кажам, самото дете престана да се буди преку ноќ. Преку ден спие 3 пати по 45 мин.
Јас го бањам секој ден околу 8 саат, пола саат плус минус. До кај 9 и нешто е заспан. Спие до кај 1 во просек, па станува накај 4, па 6 и спие до кај 8 најчесто, а знае да се ококори 7. После жалењето од регресијата, пак се врати колку толку. Е за преку ден мака мачиме со спиењето. Мора да е во раце зошто се буди за 10 минути и после 1 саат пак е кенкав зошто не е доспан.. Па гледам една подолга дремка во раце да ја отспие за сечие добро
Да му направиш некоја рутина може ќе помогне. Кај нас малиот се научи на нозе кога го ставаме, после подој, да кака, и сега а го ставиш ги дуе образите и кака мн е смешен Исто, масирај му го мешето со кружни движење во правец на стрелките на саатот. Само претставувам дека е тешко да го начекаш мирен и незаспан.
Леле исто како кај нас, точно вака и ние поминуваме. На нас за дневни дремки ни се најде количката, она за спиење гондола ли како го викаат. Го ставаме таму и со ногата нишкаме кога ќе се подразбуди. На цице кога ќе заспие, после подој, и 3 саати врзува. Најубаво ми е така, паѓа во длабок сон. А со цуцла само како да се замајува, и стално треба да се нишка
Јас гледам да спие на 2,3 часа претежно, некогаш ми успева тоа некогаш не. Знае да дреме пола саат,саат. Одамна нема сврзано 2,3часа денски. Се бањаме секој ден, не во исто време, некогаш во 3, некогаш и во 7,ни се случувало и во 9. Кога одиме некаде на спиење тој ден го скокнува е со бањање. Не паѓа на таа фора да се избања и да заспие, тоа нема шанси. Како да го разбира саатот и заспива во 23, 23:30 и до сабајле спие, еве десет е скоро, уште спие, се нема воопшто разбудено. Навечер престанав да станувам за да и дадам да јаде, бидејќи не сака воопшто. Почнува да плаче. Ја оставам и продолжува со спиење. Сакам да ја одвикнам од нишкање во раце. Некогаш ни успева на спална само да ја легнам и така да заспие, ама ретко. Татко и кога ќе дојде од работа е повеќе печен за таа работа. Он ја успива, само што ќе ја земе во прегратка заспива, јас можам со саати да нишкам нема толку лесно да заспие.
Јас ја бањам секој ден и секој ден во исто време Секој си има сопствен став мојот е дека на беба и ѕреба рутина, и дека мн поубаво и полесно се спие после бањање Ја бањам во 19 и 30 поске имаме ритуали на облакање гушкање и цицање и во 20 и 30 се спие
И јас пробав да го бањам во исто време ама не упали тоа воведување на рутина. Се случуваше после бањање да се разбуди а мислиш заспан и нема да претне. Сега веќе има рутина, го бањаме околу 9, 10, 11 најдоцна е буден. Сабајле 8 најдоцна 9 е на нозе. Инаку 9+ е синко. Периодот на нишкање ке пројде. Едно време заспиваше само со нишкање и пеење, а сега исклучиво на цицка. Јас сакав на месец дена ама немаше термин, се фати некаде на 43 45 дена. Ова за ортопед. На педијатар прво за 3 4 откако излеговме од болница, па за две недели, месец, 2 месеци итн.
Да, да, си треба рутина. И јас се гледам во исто време да правам од давање витамин д до капење. Ако нешто ми се успал за капење или нешто непредвидно, тогаш оставам за нареден ден. Најважно ми е во 9 да биде веќе заспан.
Женски дали вашите бебиња послабо цицаат на жешково? Не можам да го натерам да цица, тешко оди многу. А страв ми е да не дехидрира, жива вода е цело време. Вода му давам малку со лажиче, почнав вкусови ко божем, нит голта нит јаде. Од сабајле се изнарика 10 пати до зајдување веќе попуштив со нервите само ми ѕвони во глава, сака само во раце а во раце го потам и жешко му е и пак вика.
Кај мене од кога се стопли последниве денови е такво...Тек од кога зајде сонцето вчера убаво се нацица, и тоа до прозорецот седев и го отворив за да му дуфка...Се си мислам жива гладна е...
Моето така правеше до 4 и пол месеци, после 4 и пол па еве до сега 17 месеци на 1 на 2часа станува, до 14 цицаше и од ко го одбив и полошо бидна...
Јас го бањам преку еден ден, газе секогаш кога е какано. После бањање никако не заспива веднаш тогаш е највесел за игра го бањам обично околу 20 часот
Уште јас не сум стасала за до оваа тема, ама ве читкам цело време за да знаам што ме чека за месец и пол Ме интересира како ги капите во првите денови кога не му е сеуште паднато тоа кај папочето
Со домашни мила, купечки само на излегување. А и за излегување можеш.од дома да си спремиш. Едит:На почетокот слабо јадат, само ќе фрлаш каши. Поефтино е од дома.И онака ни пола јаболко нема да ти касне дур се навикне.